Прашање за Христијанството III

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Според логиката на видеото: Водата,научно е докажано дека е H2О,независно од формата.

Додека за тројството,човекот со библиски цитати ти докажува дека не може да биде едно те исто,како со водата.
Значи не остатокот кокодакање туку библиски цитати.
Мене ми е стварно многу жал што разумот е исклучен на оваа тема и кај овие луѓе.
Тоа е така едноставно,си поставуваш 2-3 рационални,логични прашања..си одговараш на нив и ја прифаќаш вистината.
Пример за такви прашања:
Дали Бог може да умре? Ако Може,тогаш не е Бог туку обичен смртник,ако Не може тогаш Исус не е Бог,бидејќи библијата сведочи дека Исус умрел на крстот па воскреснал.

Дали Бог може да се види? Ако Може тогаш тој не е Бог,бидејќи библијата ти вели дека Бог нема да биде виден од луѓето,Ако Не може.. тогаш Исус не е Бог,бидејќи е виден,допиран од неговите другари/апостоли и тие луѓе што живееле во времето на Исус.

Ептен едноставно за луѓе со здрав разум.
За луѓе со здрав разум е јасно дека постојат различни концепти за Бог, вие тој прв чекор не сте способни да го направите, затоа и верглате како заглавена грамофонска плоча!
Примерите кој ги даваш овде повторно може да се применат со водата. Ако H2O некој ја искусил само како течност, тогаш може да го каже следново: "Дали пареата може да тече - не! Дали мразот може да тече - не! "Дали пареата може да се допре - не!" Тогаш како може да биде вода?"

Значи поимот "Бог" како што го разбира муслиманот, не е ист со оној што го разбира христијанин, будист, хиндуист...итн.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да не те покрстија тебе ?

:D
Јас зборував за тројството како концепт воопшто. Христијанството не е единствена религија каде божественото се манифестира во повеќе форми. Иако и во самото христијанство имаш различни концепти на истото.:)
 
Член од
26 мај 2013
Мислења
8
Поени од реакции
2
Тројството тешко може да се нарече христијанско учење, затоа што потекнува многу одамна, прет христијанството да се појави, се појавува скоро во сите дрвни пагански религии
--- надополнето: 27 мај 2013 во 01:41 ---
Вавилонците уште пред 3 000 год обожавале тријади како што се

Ishtar бог на месечината
Sin бог на сонцето
и Shamash бог на Венера
кои сите заедно формирале врховен бог кој го обожавале Месоптамците

Но зошто тројството се појавува и во христијанството тоа е друга тема.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Според логиката на видеото: Водата,научно е докажано дека е H2О,независно од формата.

Додека за тројството,човекот со библиски цитати ти докажува дека не може да биде едно те исто,како со водата.
Значи не остатокот кокодакање туку библиски цитати.
Мене ми е стварно многу жал што разумот е исклучен на оваа тема и кај овие луѓе.
Тоа е така едноставно,си поставуваш 2-3 рационални,логични прашања..си одговараш на нив и ја прифаќаш вистината.
Пример за такви прашања:
Дали Бог може да умре? Ако Може,тогаш не е Бог туку обичен смртник,ако Не може тогаш Исус не е Бог,бидејќи библијата сведочи дека Исус умрел на крстот па воскреснал.

Дали Бог може да се види? Ако Може тогаш тој не е Бог,бидејќи библијата ти вели дека Бог нема да биде виден од луѓето,Ако Не може.. тогаш Исус не е Бог,бидејќи е виден,допиран од неговите другари/апостоли и тие луѓе што живееле во времето на Исус.

Ептен едноставно за луѓе со здрав разум.
Toa sto Isus go smetate za Bog toa e za vas problem. Jas veruvam vo EDEN BOG na kogo NIKOJ ne mu e raven.

Tie sto razmisluvaat so svoja glava matematikata im e ednostavna i nikoj ne moze da im podmetne vo nivnata glava deka 1+1+1 = 1 E ova tokmu na papagal moze da mu se sluci da go povtoruva ona sto stopanot ke mu go kaze.
Na papagal ako mu kazes deka patkata e krastavica,toj ke si povtoruva. Koj e toj sto so svoja glava razmisliva i veruva deka bog spie(L) ? Deka Bog place(L) ? Deka Bog ne e se' znaen ? Deka Bog ne e se' moken ?

.
Еве одговор и на двајцата, како 1+1+1=1
Овој закон на универзумот го нарекувам Законот на 3, или во христијанството наречен Свето Тројство.Само со помош на овој закон постои еволуција во природата и во универзумот.

Ипси ви го кажа примерот со водата, јас можам да ви набројам 1 000 такви примери во природата , опипливи и сватливи и за мали деца.

Еве ви друг пример со Законот на 3:
Маж + жена +дете = фамилија.
Погледни колку е едноставно..... 1+1+1=1
Ако не е запазен овој закон нема да има напредок, а добро знаете дека во природата па и во универзумот се е во движење и во некој напредок, нема ништо статус скво. Ако не е запазен овој закон нема никаков напредок. Ако се маж и маж, или жена и жена, нема да има деца ниту фамилија, значи нема никаков напредок. Незапазување на овој закон доведува до стагнација и изумирање на видот со тек на времето.
И сега ако не ви е јасно, тогаш алах нека ви е на помош.
Мислам дека и алах ќе дигне раце од вас ако само слепо повтарате без да разберете што Мохамед кажувал.
На крај, Мохамед никаде не го негира Исус, значи дека тоа што кажувал Исус било точно, а таквите како вас не разбираат што сакал да каже. Проблемот е во тоа што вие не ни покушавате да разберете, ниту Мохамет ниту Исус, него пропагирате нешто што ни сами не сте го разбрале и негирате се друго.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Дали Бог може да умре? Ако Може,тогаш не е Бог туку обичен смртник,ако Не може тогаш Исус не е Бог,бидејќи библијата сведочи дека Исус умрел на крстот па воскреснал.

Дали Бог може да се види? Ако Може тогаш тој не е Бог,бидејќи библијата ти вели дека Бог нема да биде виден од луѓето,Ако Не може.. тогаш Исус не е Бог,бидејќи е виден,допиран од неговите другари/апостоли и тие луѓе што живееле во времето на Исус.

Ептен едноставно за луѓе со здрав разум.
Hattab1,

за да добиеш одговори на Твоите прашања и за да можеш тие одговори да ги прифатиш, Ти требаат две работи:
1. Или заборави ги своите предзнаења за Твојата вера, што е невозможно,
2. Или барем привремено тргни своите предзнаења за Твојата вера, додека ги читаш одговорите, што е можно.

Ако продолжиш да мудруваш, тоа значи дека веќе имаш одговор на своите прашања, така да чиста денгубација е ако некој се обиде да Ти даде одговор.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
За да не тресеш од секташките глупости понатаму:

)
Грешка си брат...ме помеша со ипси, јас не сум секташ. напротив, најголем борец сум против секташите и атеистите.

Проблемот кај тебе и кај најголем број на муслиманите е што сакате да негирате се што не разбирате.

Погледни во мојот потпис, тамо стои и законот за 7 кој е добро објаснет во Коранот. Седумте неба кои ги објаснил Мохамед, а кои на тебе не ти се јасни.

Гледаш, ти дадов практични примери за Светото Тројсто, кое и мало дете ке ги разбере, а ти не можеш. Примери кои се научно докажани, а се буните дека само во Коранот има научно учење.
 
Член од
26 мај 2013
Мислења
8
Поени од реакции
2
Тројството во христијанството се појавува во 4 век поточно 325 година на еден Концил во Никеја, кога Константин ги собрал сите бискупи во Никеја. Константин предложил формула која ќе требало да се прифати во христијанството, дека Христос и Бог се всушност едно исто. Од страв пред царот сите бискупи, освен двајца го потпишале ова верување, наречено Никејско верување. Повеќето од бискупите потпишале против своја воља, од страв од Константин. Овој документ се чува во тајните архиви на Ватикан.
Но факт е дека првите христијани оние што го ширеле христијанство после смрта на Исус како Палве и др. не прифаќале ниту ширеле вакво нешто
 
Ти си Лед...баниран си и си отворил нов профил.
Не е битно од кога се појавува Тројството, битно е дека тоа е еден од основните закони на универзумот.
Постои сега, ќе постои и во иднина, постоел и пред Исус.
Исус само објаснил да го разберат и обичните луѓе како тебе.
 
Член од
26 февруари 2013
Мислења
116
Поени од реакции
31
1. Ние христијаните викаме дека Исус е Бог, затоа што тоа го веруваме за Него.

2. Е ако де, нека си постои Иса и кај вас. Секој човек (освен оние што се родени во муслимански семејства и кои немаат право на избор на вера) може самостојно да си одлучи на кој извор на вистина ќе верува, дали ќе му верува на арапот Мухамед кој живеел во Арабија 6 века после Исус или на извештаите на учениците на Исус или оние кои биле блиски со нив (и географски и временски).

3. Според христијанските, а и нехристијанските историски извештаи од 1-2 век Исус, по наредба на римскиот управител Понтиј Пилат, бил распнат на крст, на кој што умрел. Потоа бил погребан, а по три дена, според христијанските извештаи, Исус воскреснал од мртвите, во рок од 40 дена им се објавувал на учениците, а потоа воздигнал на небо.
А кажими кој го распнал исус? некој од тие кои биле под наредба на Понтиј Пилат така? Нели исус е бог? Сакаш да кажеш обичните стражари на Понтиј Пилат се посилни од вашиот бог?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
trojstvoto e sveta tajna ytoa ne vie nego ni sveti neznamkojsi ne go razbira i toa od samata crkva e prifateno kako svet TAJNA znaci ni oni ne go razbiraaat nego go prifakaat kako SVETA TAJNA posle Bogorodica kako moze ona da rodi bog koga BOG E SUVERENO BITIE po definicija i se nastanuva od Nego znaci se misli na sinot no bidejki lugjevo ne se interesiraat rado fudbal kosarka gledaat pa istite bi sakale da imaat svoe mislenje nema prvo daj premisi pa nie sami ke izvleceme zaklucok.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
nihilista,

од кај испадна дека Троичноста Божја е Света Тајна? Во Црквата постојат 7 Свети Тајни, а ниту една од нив не се однесува на Троичниот Бог.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А кажими кој го распнал исус? некој од тие кои биле под наредба на Понтиј Пилат така? Нели исус е бог? Сакаш да кажеш обичните стражари на Понтиј Пилат се посилни од вашиот бог?

1. Римјаните.
2. Да, тие под наредба на Понтиј Пилат.
3. Да, Исус е Бог.
4. Не, не сакам тоа да го кажам. Исус бил и е посилен од обични стражари. Ноќта кога Го апселе, апостол Патер го извадил мечот и се обидел да го одбрани Исус, но Исус му рекол:

„Тогаш Исус му рече: „Врати го твојот нож на неговото место; зашто сите, кои се фаќаат за нож - од нож ќе загинат. Или мислиш дека не можам да Го помолам Мојот Татко, и ќе Ми испрати веднаш повеќе од дванаесет легии ангели? Но, како би се исполниле Писмата, дека така треба да биде?”“ (ев. Матеј 26:52-54, Библијата)

Значи Исус можел да се одбрани и да ги совлада оние кои го уапсиле. Но Исус доброволно го дал своето тело да биде распнато, а тоа го направил како жртвен принос за гревовите на луѓето.

„Таткото Ме љуби затоа, што Јас го давам Својот живот, за да го земам пак. Никој не Ми го одзема, туку Јас го давам Сам од Себе. Имам власт да го дадам, и имам власт да го земам пак. Оваа заповед ја примив од Мојот Татко.”“ (Исус Христос, ев. Јован 10:17, Библијата)

Се надевам сега е појасно. Поздрав!
 
Жртвен принос за гревовите на луѓето??
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Жртвен принос за гревовите на луѓето??

Да. Според Библијата казната за гревот е смрт и Исус, за да ги спаси луѓето, го принел своето тело како застапничка жртва за гревовите на луѓето (на некој начин Курбан да).

Гревот е сериозна работа. Бог е свет и не трпи грев. Ние од нашите родители и прародители наследуваме грешни тела, тела склони кон грев и затоа грешиме уште од мали нозе.

„Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија.“ (Римјаните 5:12, Библијата)
„Нема никој праведен, нема ниту еден; нема разумен, нема кој да Го бара Бога; сите застранија, сите заедно станаа неполезни, нема кој да прави добро, нема ниту еден... зашто сите згрешија и лишени се од Божјата слава“ (Римјаните 3:10-13,23, Библијата)

Платата за гревот, според Светото Писмо е смрт - прво телесна, а потоа и духовна.

„Зашто заслуженото за гревот е смрт“ (Римјаните 6:23, Библијата)
„оној кој ќе згреши, тој ќе умре.“ (Езекиел 18:4, Библијата)
„направениот грев раѓа смрт.“ (Јаков 1:15, Библијата)
„Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија. “ (Римјаните 5:12, Библијата)

Но Бог, како вистински Татко (небесен) не го оставил човекот на цедило, да тоне во канџите на гревот, туку му испрати Спасител (сопствениот Син - Исус Хрситос) да се жртвува за гревовите на човештвото. Тој ја платил, наместо човекот, казната за гревот. Еве неколку цитати од Светото Писмо што го покажуваат тоа:

„Тој се појави за да ги отстрани гревовите, а во Него нема грев.“ (1 Јованово 3:5, Библијата)
„Но Бог ја покажа Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.“ (Римјаните 5:8, Библијата)
„Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели.“ (Исус, ев. Јован 15:13, Библијата)
„По тоа ја познавме љубовта, што Тој (Исус) го положи Својот живот за нас“ (1 Јованово 3:16, Библијата)
„Христос умре за нашите гревови“ (1 Коринтјаните 15:3, Библијата)
„Јас Сум Добриот Пастир. Добриот пастир го дава својот живот за овците.“ (Исус, ев. Јован 10:11, Библијата)
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (ев. Јован 3:16, Библијата)
„ Зашто и Христос, нашето пасхално јагне, беше жртвувано за нас.“ (1 Коринтјаните 5:7, Библијата)

И еве еден подолг цитат, но исто така убаво објаснува за Христовата жртва, само малку е потребно предзнаење за да се сфати во целост:
„А Христос откако се појави како Првосвештеник на идните добра и влезе низ поголем и посовршен Шатор, што не е направен со рака, односно која не е од оваа создавање, влезе еднаш засекогаш во Светината над светините, и тоа не со крвта на јарци и јунци, туку преку Својата крв, и ни прибави вечен откуп. Зашто, ако крвта на јарците и биковите и пепелта од јуница, со која се попрскуваат осквернетите, осветува за чистење на телото, колку ли повеќе крвта на Христа, Кој преку вечниот Дух Му се принесе Сам Себеси на Бога без недостаток, ќе ја очисти нашата совест од мртвите дела, за да Му служиме на живиот Бог. Затоа Тој е Посредник на Новиот завет: за повиканите да го примат ветувањето за вечното наследство, откако смртта зеде место за откуп на престапите направени во првиот завет. Зашто, каде што има завет потребно е да се докаже и смртта на заветувачот. Имено, заветот станува полноважен по смртта, а никогаш не важи додека живее заветувачот.“ (Евреите 9:11-17, Библијата)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom