leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Која проста раја владее кај нас чудо едно плус на тоа додај Миленковци, Јанковци и Латаси и донеси заклучок. Дојде време неписмените да владеат. И со таква поддршка автоматски си го гледаш сопствениот народ.
Некаде прочитав едно девојче кое се фалеше колку успеала во животот, завршила факултет и мастер и се вработила во едно од Министерствата. Секако партиски активист е. Таа работа ја смета за свој личен успех. Колку се само критериумите за успех изместени во земјава може да видите. Драги мои успех не е ако треба да убедуваш луѓе да гласаат за партија и на тој начин да стекнеш работно место на државна цицка. Успех е да се образоваш и потоа да создаваш во свое име и индиректно да ја помагаш и државата. Успех е да измислиш нешто ново со кое ќе се промовираш себе си и својата земја, успех е да бидеш најдобар во својата струка, да станеш најдобар играч и да промовираш, итн. Не е успех партиски да влезеш и буџет да те рани.
Си ја гледам мојата генерација, оние кој навистина заслужија и се трудеа сега работат во приватен сектор и на високи позиции. Голем дел се иселија, а убедливо најпростите, оние што факултет завршуваа по 8 години со сила, дрва неизделкани, оние кој неможеа да сфатат што е пазар и еквилибриум, они на кои со ноќи им објаснувавме со примери од типот имаш кило компири, работат во државна администрација. Особено е потресно што во медицината се има начукано вакво неписмено створење, а паметните деца си заминаа. Затоа сега во болница е лотарија, кога ќе заминат старите кадри крстете се кај кого ќе паднете под нож.