Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Дадо Том, не мора да си за СДСМ или против ВМРО, за да ти биде повеќе од очигледно дека некој сака да млати пари од граѓаните, а не да воведе ред. Казните во Македонија, не се во функција на корегирање на неправилностите и средување на состојбата, туку се резон д'етр' - самите себе си си се причина за постоење. Односно за молзење на пари од обичниот граѓанин.
А јас би го прашал дели знае дека општинските лешинири веќе прават пазар кој ќе биде директор, кој ќе биде советник, кој ќе биде член на управен одбор и тн.
Тие нас не третираат како стока. Затоа ни ставаат рампи и огради
Само што можеме да правиме. Во Русија, Путин, едноставно забрани наплата на паркирање во цела Русија и готово.... А ние ќе се молиме и ќе се надеваме....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Охрид, Општинската Власт ги одстрани рампите - јавува Локално мк
http://lokalno.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=19856:2013-04-25-13-21-59&catid=136:eek:hrid&Itemid=141&lang=mk
Да се надеваме дека истото ќе се случи и во другите градови
Еве пример како одговорната Власт, реагира. Споредете го ова со скопските општински лешинари кои упорно „ стопанисуваат и поштено заработуваат“. Затоа нив ги нареков Општинската Власт со големи букви, а во Скопје се „општински лешинари“ и крвопии.
Синојќа имаше дефект на водоводна цевка позади зградата во која живеам. Екипата од Водовод со тешки маки пријде до местото. Разговара со нив и ми рекоа дека ова често им се случува и дека и тие се огорчени од срамните, гнасните и омразените рампи, зони и огради
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во МКД е објавен интервју со ексградоначалникот на Центар, Тодоровиќ, во кое тој жали за зонско. Еве што вели:
„Жалите за некоја одлука што сте ја донеле во текот на својот мандат?
-Урбанистите секогаш се под силен притисок на политиката, за секоја таква одлука постои процедура, постои Совет, а јас како градоначалник се разбира дека сум дел од таа процедура и дел од донесувањето на тие одлуки. И јас сум учесник во тоа. Грешка е направена можеби со одлуките за паркингот за граѓаните во Центар и нашата лоша процена за последиците по барањето на граѓаните да се воспостави некаков режим и ред во паркирањето во овој дел од градот. “
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/ne-me-biva-za-politika
.........
Да се надеваме дека ова ќе биде поука за сегашните градоначалници и да го укинат зонско.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Во МКД е објавен интервју со ексградоначалникот на Центар, Тодоровиќ, во кое тој жали за зонско. Еве што вели:
„Жалите за некоја одлука што сте ја донеле во текот на својот мандат?
-Урбанистите секогаш се под силен притисок на политиката, за секоја таква одлука постои процедура, постои Совет, а јас како градоначалник се разбира дека сум дел од таа процедура и дел од донесувањето на тие одлуки. И јас сум учесник во тоа. Грешка е направена можеби со одлуките за паркингот за граѓаните во Центар и нашата лоша процена за последиците по барањето на граѓаните да се воспостави некаков режим и ред во паркирањето во овој дел од градот. “
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/ne-me-biva-za-politika
.........
Да се надеваме дека ова ќе биде поука за сегашните градоначалници и да го укинат зонско.
Па нормално ќе жали, една од главните причини за изгубен втор мандат. Ама акоооооооо, може така и треба али кога сме кај поуката не верувам дека нешто голема ќе биде.
Јас би го решил со поефтина карта на катните гаражи и така сега ги има на претек а тек уште повеќе се градат, исто и постоечките паркинзи а таму кај што е зонско да се скине и знак забрането паркирање па тек ова ако не се почитува пајаците да играат и ќе се воведе ред и со паркинзи и со метеж на фрекфентни места и сообраќајници.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Дневник е објавен напис - Центарци се уште чекаат бесплатно паркирање
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=110324A8C2B6E6479CB30426889EBC2C
Во написот е пренесена изјава на новиот Градоначалник кој вели дека стои ветувањето но ќе направел реорганизација на ЈП.
Во Охрид њуз е објавен напис - Пајакот повторно во акција
http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=55150
Во кој пишува дека платените паркинзи се сеуште постојат и се празни, а пајаците се повторно во акција
Барам од сите учесници ова да го забележат
И во Центар и во Охрид дојде до промена на политичката партија која е на власт.
Во двата случаја, во текот на предизборната кампања победниците нудеа укинување на зонско и победија со тоа ветување. Еве сега кога дојдоа на власт избегнуваат тоа да го направат.
Речиси сите учесниците во тема бевме против зонско и пајаци, но имаше поединци кои беа за зонско, мислејќи дека зад зонското стои нивната партија и мислејќи дека на тој начин се борат за својата партија или, како што велеа нивната „ политичка опција “
Овие два примери се очигледен доказ дека зад зонско не стои било каква политичка партија, туку желбата на општинските лешинари да вработуваат свои роднини и швалерки,
Затоа сега, кога ова стана очигледно, ве молам да дадете предлози што да направиме за да се спротивставиме на зонско.
Очигледно е дека треба да се обединиме под паролата:
Смрт за зони и пајак возила - Слобода за Македонија
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Се уште нема бесплатен паркинг во Охрид јавува Радио Слободна Европа
http://www.makdenes.org/content/article/24984600.html
Општинска власт и понатаму се бори
За случувањата во Охрид, според мое мислење. виновен е пред се Уставниот суд. Јас минатата година поднесов иницијатива за Охрид, дека паркинзите се добро во општа употреба и дека не можат да се даваат под концесија.
Но Уставниот суд ја одби.
Истото го направи и за Скопје, Прилеп, Куманово и затоа сега зонашите ни го прават ова низ Македонија
Мислам дека со ова Уставниот суд трајно се изрезили
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Слушнав дека и на Пазарот под Кале ( Вошка пазар или Бувљи пазар ) Ставиле рампи
Дали некој знае што тамо се случува?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ситуацијата со зонско драстично се влошува. Еве ги најновите вести а вие проценете какви се изгледите да се спасиме од зонско.
Во Општина Центар ЈП доби нов директор, тоа е некој си Саша Богдановиќ
Се разбира не му паѓа напамет да го укине зонско, туку и тој ќе давал повластици. ( да ве подсетам: Неговата претходничка исто сакаше да дава повластици ). Очигледно помило му е илјада евра плата од било што.
Еве како за тоа извести Утрински:
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=013BFA96C93E65458CF58F48CB09F3E6
А во Курир најдов за минатото на Саша Богдановиќ
http://kurir.mk/makedonija/vesti/116406-FOTO-Covek-blizok-do-Komandant-Koki-e-nov-direktor-na-JP-Parkinzi-Centar
Тоа се вклопува во мојата представа за зонашите - кој чесен човек би ставал лисици и би дигал коли со пајаци?
Во Охрид иста ситуација, Општинската власт никако да ги укине зонашите
Таму паркинзите ги даде под закуп бившиот градоначалник и тие договори се ништавни. Сега е доволно да ги избркаат зонашите. но тие не го прават тоа туку ќе „ ставале сигнализација “
Еве што има во Охрид њуз
http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=55519
Третата лоша вест е дека и во Штип ќе наплатувале за паркирање.
Ако некој ја знае ситуацијата во Штип, нека објасни
Еве што најдов:
http://www.plusinfo.mk/vest/92536/I-vo-Shtip-kje-se-plakja-za-parkiranje-vo-centarot
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Кратко и јасно е, нема спас. Мора да се направи нешто масовно за да има некој промени.
Тука и лежи главниот проблем, македончето е научено уште од дамнина да ќути и ништо да не презема со исклучок на ретките од калибарот на Гоце, Јане, Кузман, Питу итн итн............
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
кога ке видам на некоја двосмерна улица едвај 4 метра широка нацртани од страна места за паркинг ми се вришти! - и онака нема место да се разминат две коли уште згора на се на државен имот си нашле луѓето да ќаруваат пари! - па пичка ли ви материна ваша ако сакате да зимате пари барем дадете осигурање за колите и гаранција дека нема ништо да им фали и дека нема да бидат оштетени! - ова не е зонско пракирање - ова е грабеж! остај ја колата и плати си а ако нешто и се деси ти си сам крив што си ја оставил тука... глупости невидени!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Либертас има напис дека директорот на градски паркинг му дал привилегии на Латас
http://libertas.mk/џипот-на-латас-привилегиран-директор/
Написот завршува со следнава реченица:
Инаку весникот Вечер кој е под негова контрола редовно објавуваше фотографии на непрописно паркирани возила со критика дека тука не е место за паркинг.“
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Во Либертас има напис дека директорот на градски паркинг му дал привилегии на Латас
http://libertas.mk/џипот-на-латас-привилегиран-директор/
Написот завршува со следнава реченица:
Инаку весникот Вечер кој е под негова контрола редовно објавуваше фотографии на непрописно паркирани возила со критика дека тука не е место за паркинг.“
Ova se odnesuva na noviot direktor na parkinzi?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Зонашите победуваат на сите страни:
Во Битола ќе се воведува зонско
http://tvorbis.com.mk/index.php/vesti/lokalni/item/686-gradonacalnikot-moze-da-go-potpise-dogovorot-za-zonsko-parkiranje-vo-bitola
Но еве и нешто смешно:
Извесен Никола Нешковски во Утрински тврди
г. Жерновски, изјави дека ќе воведе бесплатен паркинг за жителите на Центар и нивните гости. Ваков потег ќе има негативен ефект во поглед на намалувањето на аерозагадувањето и сообраќајниот метеж“
Од „Екологик“ апелираат градоначалниците да размислат и за сите смртни случаи кои се настанати од аерозагадувањето.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=120148BC6CEFAE4F9320F34D72677640
Истиот на фејсбук упатил апел до Жерновски

https://en-gb.facebook.com/EcoLogic.mk?ref=stream
Апел до Г-дин Жерновски: СО ВОВЕДУВАЊЕ НА БЕСПЛАТЕН ПАРКИНГ МОЖЕБИ ЌЕ ДОБИЕТЕ ПОВЕЌЕ ГЛАСОВИ, НО ИСТО ТАКА ЌЕ ДОБИЕТЕ И ПОВЕЌЕ БОЛНИ ОД РЕСПИРАТОРНИ БОЛЕСТИ.........читајте меѓу редови!

Ако некој знае нешто повеќе за овој љубител на зонско, нека извести
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Повторно најдов вести за ситуацијата во Охрид. Зоните се шират. Убаво би било некој од Охрид да објасни што се случува во Охрид
Јас слушнав две верзии и незнам што е точно:
Првата е дека новата опшинска власт сака да ги избрка зонашите кои ги поставила страта власт, за да стави свои зонаши.
А втората верзија е дека новата власт сака ама не успева да ги раскине старите штетни договори и да ги избрка зонашите од Охрид за секогаш.
http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=DB10B8DD4E5C0F479167BAEB7626DB94

Паркинг просторот секојдневно се проширува, а расте и збунетоста кај граѓаните. Од денеска наплата се вршеше и на неколку други кои прилично се подалеку од центарот на градот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom