Национализам...позитивен или негативен?

  • Креатор на темата Креатор на темата Wade
  • Време на започнување Време на започнување
пошто ме немаше неколку дена, и со тоа динамиката на дискусијата се (ми се) поремети, нема логика да продолжам па, ...... I rest my case:cautious:
 
пошто ме немаше неколку дена, и со тоа динамиката на дискусијата се (ми се) поремети, нема логика да продолжам па, ...... I rest my case:cautious:


Е богами се изгубивме малце... (малце поише додуше.. ) :D
 
Држава во некоја форма е неопходна или барем ќе остане уште некое време. Да си државјанин на некоја држава во основа е бизнис договор ти плаќаш а таа ти дава нешто...понекогаш е добар понекогаш е штетен договор во зависност од личноста неговите можности и желби. Сум живеел во разни држави и плаќал данок...но ако се најде некоја подобра држава од таа што сум и најдам подобри услови веднаш се селам. Инаку се е егоизам и помагањето на послабите и сиромашните и партиотизмот е егоизам. Дури и Мајка Тереза била голем егоист и нарцис...Зошто? Во основа се работи за задовлување на лични емоции. Луѓето им помагаат на други зошто така се чуствуваат подобро задоволуваат лични емотивни потреби.Ај ова баш и не е тема овде но има врска. И ќе речат ХХХ револутионер се жртвувал за народот...жими газот се жртвувал зошто така му налагале емоциите и карактерот и се чустувал поисполнето и позадоволно...во основа се работи за доста емотивни луѓе со малку повеќе храброст/лудост и биле во бурни и нестабилни времиња и станале Историски личности и тоа е тоа нема ништо магично и мистично кај нив.
Ај кога сме кај Гоце и Рацин во основа и тие биле во тој филм се чуствувале среќно дека работат на некое нивно дело со други луѓе. Дали Гоце е херој или нешто што треба да се величи? За мене Не... онака нешто ко божем пукал во основа залудна борба без резултати и повеќе штета направил од корист на народот ама играл на нивните емоции и затоа го сакаат. Кај Рацин највеќе ми се допаѓа поезијата добра му е...И тоа е тоа бил од некое посиромашно семејство и мислел дека комунизмот ќе му го направи животот подобар се маткал со КПЈ/М тие биле повеќе за Македонски јазик и нација па пишувал на Македонски и така и после го утепале најверојатно зошто како не е баш јасно. Ги гледам бистите и тоа биле ликови од тоа време производ на условите и нивните карактери...интересно е да се знеа зошто го мислеле тоа и зошто се бореле и како ама сега да се величат или да се поистоветувам со нив или незнам што НЕ... “Гоцевата Раса„ е малку патетично...Ок не спомнувам спорт веќе :).
Инаку ова ме потсетува на еден муабет со еден бугар во Пловдив...
Се шетам во Пловдив со еден Бугар и гледам една статуа со онакава голема ограда како да е во затвор (сред Пловдив).
И прашувам што е ова. И ми вика тоа е статуа на Филип 2-ри ама не ја сакаат и пробаа да ја рушат некои индивидуи па турија ограда како заштита. И ја прашувам зошто сакаат да ја рушат?. И ми вика „Што направил тој (Филип 2) за народот?“. И јас му викам „Никој ништо не прави за народот сите прават се за самите себе.“ И ме гледа онака бледо и збунето...
Значи според тебе најдобро е човек да си седи на сигурно и ич да не се замара и да тони во апатија и кукавичлук. Зарем не е и тоа егоизам?
 
Јас си го сакам својот имот повеќе од државата затоа несакам да плаќам данок...А денес е Македонија утре некоја друга држава се менува се а животот е краток за да се врзеш за некое арбитрарно парче земја. Не ја сакам државата не ја ни мразам туку е нешто со кое во овој век човеков или календарски мора да се живее. Државата е како досаден комшија ама тоа е комшија ти е мора да го трпиш ама немора да го сакаш. Така и со државата си се родил некаде на некој идиот мора да му плаќаш данок тој ќе ти даде нешто како возврат...ти треба не ти треба тоа...ги сака одредени луѓе мрази други...некогаш оправдано некогаш не...и така. Знамиња химни симболи ова она има во основа е иконографија баш како во црква или некој фудбалски клуб...читам некој запалил Албанско знаме во Струга вчера...па сега они ќе заплата Македонско па ќе се степаат на некоја утакмица...Дај бе жити се досадни сте ко хемороиди. Сум бил и на други форуми кај што се караат МК со грци бугари албанци ова она...пцуење вреѓање вадење цитати колку големи биле тие пред 3000 години колку направиле. Мислам фак оф ко да е твое лично достигување владење на некој нарцисоиден и мегаломански цар од пред неколку века...покажи се ти што можеш што знеа колку ти сече колку си креативен...апсолутно нема ништо посебно за гордење што си се родил во ХХХ држава и некоја будала ти дала државјанство ради лепе очи.
Гордење со државајанство е како да се гордееш што татко ти е владика и поради тоа си подобар од некого што не е...тие сите ги сметаат за сељаци и снобови...а тие што се горееле со државата и нејзниотот минато биле патриоти и тоа бил добро...кое лицемерие и глупост и мизерија.


Може и вака да се разложат работите и изгледа дека има голема логика. Логика има ако сме роботи без никакви чуства.
Многу работи што човекот ги прави и ги постига е благодарение на своите чуства. Значи ти тоа што го опишуваш со раѓањето и плаќањето даноци и државата да ти дава за возврат нешто, просто објаснето точно е, но не ги објаснува појавите во општеството кои се постигнати благодарение на потезите што ги прави колективата во државата. Човекот е нешто покомплицирано, тој направил досега големи нешта благодарение на мотивацијата кои не потекнува чисто од формалистичка форма туку потекнува од мешани чуства кои не може да се опишат на начин кој ти го опишуваш.
Не можеш да порекнуваш идеологии со твоите чисто формалистички и позитивистички објаснувања, а сите големи промени во историјата се случите поради идеологии.

Оддамна не сум пишувал на форумов и не сум баш уклопен во темата, но морам од некаде да почнам чисто да не замре темата :)
 
глупаво е да се зборува за позитивен или негативен национализам.
луѓето се групираат на некој начин за како група маме да им ебаваат на другите кои не се во групата. Чисто варварски. И тоа е нешто природно како резултат на еволуцијата. Али за да сето тоа изгледа елегантно се измислуваат идеологии, изми, теории, и им се придодаваат некакви латински термини. Па сеа видете вие.
 
1958029_10152106484852687_6003518782489140979_n.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom