Иако решив некое време да олабавам од се, сосема случајно или не ја сретнав темава додека манијачев нелогиран на форумов И сакал нејќел се одлучив да изнесам еден личен став околу оваа проблематика.
Неверство, или првата претстава која ја добивам е предавство. Успеав некако да ги спојам овие две дефиниции во една, бидејќи она што си го градел со сродната душа во еден момент решаваш ти или таа да го скршите за банална работа. Зошто е банална и не мора да се дискутира бидејќи сиот труд и љубов паѓа во вода и повеќе не е ништо исто како што сме мислеле или фантазирале дека е.
Неверството ти го прекинува сонот и спокојот кој си го живеел и чувствувал за сметка на една ноќ/момент со трета воопшто небитна особа, која може да влезе во твојот живот само за да ти ги расипе сметките, да проба да те освои, да те заокружи на списокот од желби итн...
Се останато е историја, со предзнак хорор.
Најтрагичното од се е што мислиш дека имаш доверба во партнерот и тој во тебе, па и покрај направеното ти се одлучуваш да го "заштитиш" партнерот (си правиш слика дека тоа е правиот чекор) а уствари запаѓаш во уште поголеми гомна со тоа што ја криеш вистината, не се соочуваш со истата и дозволуваш партнерот да дознае од други и тоа комплетно да ја урне сликата за тебе, па макар она те сакала до гроба. Жените ова ги убива повеќе, но затоа ги прави посилни и поумешни во иднина да дуваат и на ладно млеко од фрижидер.
Досега не сум простил неверство, бидејќи никогаш и не сме стигнале до тој момент - се се завршувало порано со тешки повреди и навреди. Она што мене ми сметало од секогаш е моето неверство кон другите, бидејќи кога јас сум бил изневерен реално и јас сум бил крив што не сум се потрудил повеќе, па нормално дошло и до тој неспоразум.
Но кога се ти е подмачкано, кога живееш во сон и одеднаш го отфрлаш за миг зошто не си способен да се соочиш и избориш, туку покажеш слабост макар и 1 секунда, мислам дека е далеку поболно од сите можни сценарија кои може да ти се случат во животот.
Свесно отфрлаш се, повредуваш многу повеќе луѓе отколку што мислиш дека си повредил, си ја рушиш самодовербата која си ја градел толку време а грижата на совест си ја носиш на грб притоа не можејќи повеќе да ги погледнеш во лице тие кои до вчера ти биле се, а ти си решил дека светот ќе се врти и без нив.
Драг пријателе или пријателке што го читаш овој пост, размисли 2 пати пред било што во животот, размисли на кого му правиш добро и дали заслужува, бидејќи повеќе од често сме слепи пред оние кои живеат за нас. Неверството е слабост, кукавичлук и не би го оправдал во никој случај, бидејќи за се постои муабет кој никогаш не го правиме, туку ги земаме работите во свои раце како да сме сами и на крај тоа и го добиваме.