Тоа е тоа Ио. Мур сите знаеме каков тренер и каков човек е, он сака да доминира, да јаде слатки, да биде во центарот на вниманието и да се препуцава со новинарите, да си ги бира играчите сам, да си го составува тимот сам. Во Реал ништо од ова не му беше дозволено, добро познато е дека Перез сака супер ѕвезди да купува и да си го составува тимот по негово, па оттаму произлегоа сите фрки и недоразбирања. Да го праша некој Мур гарант ќе му каже дека пола од играчите што се донесени во Реал не се донесени на негово инсистирање, нешто што не беше случај во Интер, каде Морати го купуваше она што му одговараше на Мурињо.