Винд, можеш ли да ми кажеш колку е бучна внатрешната единица на ЛГ?
Баш никакви проблеми немаше со одржување на температурата во најладните денови на минатава зима? Постигнуваше иста температура внатре?
Прилично зачудувачки е тоа што со 3.5 киловатна единица успешно загреваш 40 квадрати. Мене ме убедуваат дека за 32 квадрати ми треба 5 киловатна клима.
Бучна е колку еден вентилатор отприлика, на почетокот малку ми пречеше тоа, но потоа се навикнав и со неа дури и спијав без проблем.
Од луѓе што влегуваа на кафе никој не се поплачи дека му пречи бучавата, така што можам да заклучам дека не би требало да ти преставува тоа проблем, освен ако не си некој ептен осетлив на таа работа.
Исто и мене ме убедуваа дека ќе биде проблем, всушност планирано беше да се земат две клими од по 12.000 БТУ за затоплување на собата, и дури имам оставено и два штекери за таа намена.
Прво размислував да одам со една клима од 18.000, но потоа заклучив дека нема толку поларни денови во годината и вториот инвертер ќе го приклучувам само по потреба од причина што потрошувачката на 18.000 ка клима е многу поголема за разлика од 12.000, а цената е колку две такви клими и се одлучив да поставам една од 12.000, видам како е годинава и за наредната ќе поставам уште една.
Во меѓувреме имам конвектор кој би го пуштал по потреба. Како што поминав зимава мислам дека немам потреба да инсталирам уште една клима и ќе терам со оваа.
Неколку работи што би сакал да ги напоменам, живеам во стан кој е добро изолиран и горе и долу имаат фамилии кој живеат.
Не сум човек кој сака да седи во соба од 25 степени, мене климата ми беше наместена на 21-22 степен цела зима, ја проверив дали може и повеќе и без проблем достигна 24 степени и потоа ја намалив.
Во најладните денови достигнуваше без проблем 21-22 степени во собата со тоа што ја оставав да работи и навечер, но ја намалував на 18 степени.
За твоите 32 квадрати еве ти еден линк на кои можеш да видеш колкава клима би ти била неопходна.
http://www.calculator.net/btu-calculator.html
Кај мене пишуваше исто да земам 18.000, ама се одлучив за 12.000 и си бркам работа.
Мој совет е ако имаш можност да поставиш две клими од по 12.000 на различни локации во собата.
Пример една во дневната за да те лади-грее директно, и една во трпезаријата.
Би те чинело исто пари колку да би купил една од 18.000, а би можел да манипулираш со нив и пушташ по потреба.