Национализам...позитивен или негативен?

  • Креатор на темата Креатор на темата Wade
  • Време на започнување Време на започнување
Jas mislam deka poentata na kooperativa bese sosema nesto drugo, jasno kazana i totalno razlicno od kontekstot vo koj mu go izvrtevte muabetot :)
 
до сега не се замарав и карав, но ти реков, тие што се караат, тие газат. и не се 2-3 инцидента, или една изјава која го навредува целиот македонски народ. така да, ова твоето “најбанални ситници“ ....... ќе се промени (а и треба во најскоро време) затоа што до кога ќе бидеме незаинтересиранни за нас, нашите деца и нашата идина. море како што иде време ќе почнам и да верувам во национализмот ко во религија. ;) а богами и хитлер да го повикувам на спиритуалистичките сеанси
Ако веруваш толку оди таму и ти тепај се во автобус сигурен сум дека ќе најдеш лица волни да се тепаат со тебе...:) Или на утакмица. Зошто гледам навивачите се во главно машки ултранационалисти спремни за тепање секогаш. Поради такви фаци не ми оди ич во сала или на стадион. А не беа тие може и повеќе ќе навивав за МК тимови (не дека сега не навивам) ама...
 
Jas mislam deka poentata na kooperativa bese sosema nesto drugo, jasno kazana i totalno razlicno od kontekstot vo koj mu go izvrtevte muabetot :)
фала, се гледа дека само ТИ ја долови поентата, ......... така да ако еден разбрал, значи било доволно разбирливо за да и другите сфатат. затоа и нема да ги реплицирам тие што не разбраа. нека се замислат.:confused:
Ако веруваш толку оди таму и ти тепај се во автобус сигурен сум дека ќе најдеш лица волни да се тепаат со тебе...:) Или на утакмица. Зошто гледам навивачите се во главно машки ултранационалисти спремни за тепање секогаш. Поради такви фаци не ми оди ич во сала или на стадион. А не беа тие може и повеќе ќе навивав за МК тимови (не дека сега не навивам) ама...
навивачки групи со национализам споредуваш? :rolleyes:тоа е срање. и јас идам на мечеви, но таму се иде за да навиваш, дадеш подршка на својот тим/поединец, а не да се тресат глупости кои немаат врска со спортот
 
Што тоа? Дека клинот со клин се вади?
па ДА, затоа што еве кажи ми ти искрено што доби/добива македонија од пацифистичкото однесување?
или пак од друга страна националистичкото движење на нашите соседи вродува со плод?
и еве, да речеме дека треба да продолжиме така, да бидеме гандиевисти, ...... до кога според тебе би требало така да биде? уште 10год? или 25? или пак 50? а со тоа се наметнува прашањето, што ќе се случи со нас додека ние глумиме лудило? ќе постоиме? или некоја друга формула за нас има? и јас сум за мир и НЕнационалистичко однесување, али се повеќе ми се гази по жуљ.
 
Јас сум апсолутно против таквото мазохистичко однесување, не е нормално и не е здраво. Но ако го возвратиш ударот со национализам, не си направил ништо добро, еден си уништил, друг се родил. Проблемот може да се реши и без омраза кон нации. Едноставно, тоа што треба да го имаш на ум е дека се спртивставуваш на некој кој се обидува да ти ја ограничи слободата.
 
Проблемот може да се реши и без омраза кон нации. Едноставно, тоа што треба да го имаш на ум е дека се спртивставуваш на некој кој се обидува да ти ја ограничи слободата.
Апсолутно. Така истиов проблем кој постоел во Втора светска го решавале во СФРЈ. И го решиле, ко што можеме да видиме.
 
А гледам и вашиов начин е доста ефикасен.
Нашиот начин е имплементиран најверодостојно во Грција, а помалку веродостојно во Бугарија. Во Грција ги истерале или испоубиле најголем дел од Македонците таму и денес немаат ама баш никаков проблем со малцинствата. Бугарите направиле слично, но во помал обем со Турците. И таму денес проблемите што ги создаваат Турците се минимални. Нашиот начин докажано функционира на Балкан. Каде функционира твојот?
 
Мојот... И во Грција и во Бугарија... А тоа е доказ дека „функционалноста“ на вашиот начин пропаднала во вода.
 
Каде успеале аргесивни сепаратисти да смират со цвеќиња и љубов, а не каде има луѓе што си живеат во нивниот замислен свет? Чиапас, Грција и Бугарија. Одлично се проширува листата. Малу Златна Зора и Атака расипуваат просек, али шо е битно, замислениот паралелен свет е недопрен од нив. :D
 
Така, акцентот се става на Златна Зора и остали, а при тоа се занемаруваат резултатите од другата страна.
Meanwhile in Neverland:
398705_557102640986449_213424556_n.jpg

Ама ок, секој гледа она што сака да види. За среќа јас сум приземјена, па за разлика од тебе можам да го видам она што ти го гледаш. ;)
 
Бреејј, сите ќе речат ок е што имаат такви организации во соседство ( бугарија, грција, албанија, србија ) па и пошироко, а кога се работи за нас ( иако нема ) тогаш сме први на удар !:facepalm:
 
Така, акцентот се става на Златна Зора и остали, а при тоа се занемаруваат резултатите од другата страна.

Ама ок, секој гледа она што сака да види. За среќа јас сум приземјена, па за разлика од тебе можам да го видам она што ти го гледаш. ;)
Супер тогаш. Сега онака приземјено одговори, не се овие од сликиве наследници на тие што ја изгубија граѓанската војна во Грција? Не успејаа победниците комлетно да ја изменат етничката слика на Грција и да направат од Грција етнички чиста држава? Овие на сликава се историски поразени во Грција за навек, па макар се собрале и милијарда. Денес, нивните лидери или луѓето што излегле од нивните организации, ко Ципрас на пример, ги бранат нивните фашистички црвени линии за спорот со нас. Истите тие се плашат да кажат дека Македонија постои. Немој сега да се оградиш од Ципрас и СИРИЗА, тоа е се сем приземјено.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom