Абе самиот оглас ви говори многу, вели лица кои 10 години немаат работа. 10 години човече!
Срамота и мизерија!
Еве и НБРМ се приклучи кон акцијата да ги вработиме неписмените оти вееја знамиња доследно со години:
Оглас за вработување во Народна банка на Република Македонија
Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, а согласно со член 14 став 1, член 22 став 1 точка 1 и член 23 став 1 од Законот за работните односи и член 9, 10 и 12 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија распишува
ОГЛAС
за вработување на 1 извршител на работното место „помлад организатор" во Отсекот за изработка и промет на вредносници во Дирекцијата
за трезорско работење во Народната банка на Република Македонија, на неопределено време
1. Покрај општите услови предвидени со Законот, кандидатите треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:
- завршено високо образование од областа на економските науки;
- со или без работно искуство;!
- познавање на англиски јазик и работа со компјутер.
2. Кандидатите потребно е да достават: пријава, кратка биографија, диплома или уверение за завршено високо образование од областа на економските науки, доказ за познавање на англиски јазик и работа со компјутер,
доказ за работно искуство (доколку го имаат) од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.
3. Работното време, во работната недела, започнува помеѓу 8,00 и 8,30 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 16,30 часот.
4.
Висината на основната (бруто) плата за работното место изнесува 56.338,00 денари.
5.
Рокот за доставување на документите изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.
6. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
7. Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.
8. Пријавите со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Македонија, Бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр.1Скопје.
Народна банка на Република Македонија
56000 денари бруто за без работно искуство во НБРМ абе алоооо!!!!