Никој не спори за авторитетот нормално е да го нема. Потребно е играчко или тренерско искуство и успеси за да имаш авторитет. За играта, и со други тренери сме играле турни-ме-да-кинисам. Игра ќе имаме ако го постават Ковачиќ за главен организатор и се да се организира преку него и за него. Ние во недостаток на организатори, со по 15 дефанзивци и деструктивци во кадарот одамна си имаме оформено уникатен и пропознатлив стил, кој никој не ни го копира.
Било како било, Мацари е тренер од типот на Гасперини, човек што има една формација со неколку модификации, апсолутно не може да им се спротистави на силни екипи и да наоѓа различни решенија. Негова огромна среќа е што имаше претседател како Де Лаурентис кој му донесе ѕверови во екипата и ги задржа долго време, за разлика од Морати кој во прва прилика продава се што може да се продаде. Наполи победуваше затоа што екипа со Хамшик, Кавани, Лавеци предходно а сега Пандев, со добри крила и генерално играчи кои одговараат на формацијата која ја игра, е пресилна за Италија. Наполи го задржа костурот на екипата додека екипи како Лацио, Удинезе, Рома... па и ние и Милан тука, постојано менуваме. Во Европа беше траги-комично како испаднаа од Челзи од единствена причина што Мацари немаше друга тактика за да задржи предност на реваншот. Си излегоа како да е 0-0, со горе долу истата тактика, и примија 5 комада. Натпревар кој било која Италијанска екипа во ЛШ би го одиграла строго дефанзивно и на контри.
Во Интер Мацари ќе си најде клуб кој играчки е многу послаб. Најсилните имиња се веќе во години (Занети, Милито, Камбијасо, Самуел, Касано...) и далеку од формата што некогаш ја имале. Одбраната е млада и неискусна со Ранокиа и Хуан, без никакви изгледи да се доведе играч од типот на Лусио кој дојде во вистински момент и со вистинска форма и мотивација. Од средниот ред само малиот е на ниво, со некакви изгледи Гуарин да го биде, како што кажа ти предходно, со добар тренер. Од Алварез нема да биде ништо затоа што Рики е од оној тим на играчи кои се на црн список на публиката на Меаца, потребни се 3-4 лоши натпревари во серија пред да го исвиркаат и да ја фати вратата. Крила немаме. Бекови немаме. Центарфор немаме.
Покрај ова, Мацари брзо ќе научи дека во Интер не е тренерот тој кој одредува кој ќе игра, кој нема да игра, кој ќе биде продаден или купен.
Да сумирам: Мацари во однос на Страма има искуство и некаков авторитет кој го изгради со Наполи. Во однос на сфаќањето на фудбалот Страма е модерен тренер кој има иднина додека Мацари е типичен старомоден Италијански тренер кој е далеку од Интер кој го посакуваме.
Јасно е дека ни е потребен нов тренер како што ни е потребно ново раководство, нови играчи и нов лекарски тим. Потребни ни се промени. Мацари е груба грешка, но прашање е кој нормален веќе сака да дојде во Интер...