Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Сите се нафатија на исхраната, а никој не ни го спомна тренингот, кој и беше поентата на постот. Тренингот е најбитен, а храната е споредна.
Подорбро да ги туркаат формулите на стаза, отколу да им стават безнин и да ги возат. Ист успех ке имаат.

Тоа е мое мислење и преку експерименти и консултации сум заклучил дека не ти требаат толку белковини. Не реков дека белковините од животинско потекло нема да направат разлика. Ќе направат ама не толку значителна,...
Незнам како ти си го правел експериментот, но кога обликување на тело и изградба на мускули се во прашање, од 1983 година експериментирам и нема жив човек кој ќе ме убеди дека без доволен внес на беловини, соодветен на чистата мускулна маса, се постигнува исти резултати. Ни приближно слични.

Ќе качуваш мускулна маса во зависност од напредокот, односно зголемувањето на тежина кај 5те вежби(Squat, Deadlift, Bench Press, Military Press и Pull-ups). Или ти сакаш сало да качуваш? Не разбирам...
Јас пак не разбирам, каква врска имаат вежбите со качување мускулна маса или сало?!

Фантазија? Можеби само делот со исхраната за овошје и зеленчук, али веќе кажав дека има разлика исхраната, али не толку голема. Ако останатиот дел од постот е фантазија, тогаш е фантазија и Марк Рипетое - бивш професионален powerlifter, и еден од најдбрите тренери во свет, па Глен Пендли е фантазија(олимписки тренер), Мартин Беркан итн...
Ова се вика, јадел не јадел, три и пол. Кога би ја познавал основата на градење на мускулна маса, не би го пишувал ова вака лесно. И навистина незнам што народ бевме, постојано се мафта со некои си јаки странски стручњаци и екперти, а она што ни е пред очи незнаме да го цениме. Конкретно, за две недели во МК се донесоа три златни медали во бенч прес со европски сјај. Барем еден од нив разговарал со мене, а јас сигурно не му кажав да јаде зелка, ниту риба, за да легне на бенч и победи. Минатата година во МК како гостин го имавме Светскиот рекордер во бенч. Што мислиш како тој вежба и се храни?!

Ако е детерминиран и посветен на тренингот за пола година би требало да крева доста големи тежини(релативни за неговата килажа). А тоа максимум 2 години беше извадок од Strength Goals од Мартин Беркан.
Со таков начин на вежбање и исхрана, само на тешка хемија треба да си за да имаш успех. Природно овој систем на вежбање битолчани го нарекуваат "да си ја почешам крастата".

Мускулите растат како што стануваш посилен...ова е јак аргумент.
Не е аргумент - Факт е.
А, како е ако си на стероиди?! И, што мислиш ти, дали 20% повеќе од сопствената ТТ за 2 години е бројка која те прави силен, а со тоа и со колку повеќе мускули?
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
Подорбро да ги туркаат формулите на стаза, отколу да им стават безнин и да ги возат. Ист успех ке имаат.
Многу лоша споредба ти е ова. Зашто? Затоа што тоа што го јадат луѓето моментално, е како да ставаш бензин во кола која работи на дизел... Луѓето не треба да јадат млечни производи, животинско месо и процесирана храна...

Незнам како ти си го правел експериментот, но кога обликување на тело и изградба на мускули се во прашање, од 1983 година експериментирам и нема жив човек кој ќе ме убеди дека без доволен внес на беловини, соодветен на чистата мускулна маса, се постигнува исти резултати. Ни приближно слични.
Прво, јас никогаш немам внесувано оние бројки протеини кои ги кажуваат - 2г на 1кг тежина- никогаш, дури и кога првпат се сретнав и врска немав ништо. Сум видел на мене напредок и кога сум поминувал по неколку дена на растителна храна. А и со некои други вежбачи сум се консултирал на интернет...

Јас пак не разбирам, каква врска имаат вежбите со качување мускулна маса или сало?!
Вежбите со качување на мускулна маса имаат секаква врска, а со качување на сало никаква.
Сало се качува со внесување на животинска храна(посебно млечни производи), процесирана храна, и хибридни растенија како пченицата на пример.
Со таков начин на вежбање и исхрана, само на тешка хемија треба да си за да имаш успех. Природно овој систем на вежбање битолчани го нарекуваат "да си ја почешам крастата".
Тој начин на вежбање е најдобар за beginner и novice вежбачи. Најголем напредок во зголемување на сила ќе видат преку тој 3x5 метод со најголемо внимание посветено на чучњеви.
А, како е ако си на стероиди?! И, што мислиш ти, дали 20% повеќе од сопствената ТТ за 2 години е бројка која те прави силен, а со тоа и со колку повеќе мускули?
Да ти кажам право не знам зашто и како Мартин го формулирал тоа 1.2 од сопствена тежина, а и не сум му обрнал големо внимание. Тоа за 2 години, беше максимумот, иако според мене за некои 6-7 месеци би требало да стигне до таа килажа секој почетник. А бенч пресот што го спомнуваш не е голем индикатор за upper body strength, поцелосно движење кое вклучува повеќе мускулни групи е Standing Military Press.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.065
Поени од реакции
10.771
Заебете се што ке прочитате на нет, што ке начуете у теретана :) секој ти кажува различни муабети, сите стручњаци.
јас така прашував едно друго и на крајот бев само збунет, зашто еден вака еден онака и оди ти најди го крајот :)
лично јас без дополнителен внес на протеини си стоев исто, се издефинирав али не мрдав..
си земав whey и за 2 месеци имаше веќе мн подобри резултати а со тоа ми се крена и мотивацијата.
барем кај мене ова успеа
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Како да го напреднам бенџот? Си варирам на иста тежина веќе подолго време,речиси е изедначено со косиот бенџ.

На коса можам да дигнам 65кила 8 пати,а на правата дигам само 70-75.

Сегде напредувам со тежини ама бенџот ми е проблем. Мртво ги правам околу 120 кила макс,чучањ слабо правам со тежини големи пошто имам проблем со едното колено. Правам и вратило со сопствена тежина.

Значи сегде дигам повеќе од порано само на бенџот заглавив.Уште малце рамото ќе го израмнам со бенџот,а за грб муабет да не праиме.

Иначе идам 5 месеци у теретана интезивно 180цм висок со 80 кила.

Дајте некој типс за бенџот.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Едноставно се стаписав што уште не прочитав и сега и да сакам нешто да пишам џабе време и калории потрошени ќе бидат.
 
Член од
3 април 2013
Мислења
175
Поени од реакции
75
TheEagleeye

Интересен пост и морам да ти кажам дека истиот мораш да го поткрепиш со аргументи односно да кажеш некои бројки за себе и визуелизација односно фотка (не мора фаца да има).
Бидејќи доколку не аргументираш дека твоето напишано го практикуваш и имаш резултати ќе влезеш во редот на гугл фитнес гуруата кои постојат на форумов, а и низ светов. Иако се сомневам би сакал да не е така. Што се однесува до Мартин според линковите кои ги видов човекот можно е да е чист во моментов, но не бил секогаш гарантирам со десна рака.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.844
Поени од реакции
11.056
Што мислите добра е понудава ?
http://www.bidifit.com.mk/index.asp?tn=fit_productview&pid=1720267&c=7937

Сакам да си земам сет тегови за отприлика 3000 до 3500денари.Ај ако имате нешто да препорачате кажете
Ќе ги користиш неколку месеци и ќе ти смачи кога ќе видиш дека теретаната може да ти понуди многу повеќе, знам зашто и јас купував тегови и плочки по дома, после ги продадов :)
Сетов за парите ми делува исплатливо, но каков е квалитетот незнам, треба да се види во живо колку се тенки/дебели шипките и сл.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214

па повеќе ми се исплати да си земам тегови да си вежбам по дома него во теретана пошто најблиската теретана ми малце скапа 1500 за 3тренинза неделно.Вака ке си бидам снабден и ке можам кога сакам да си вежбам
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Што мислите добра е понудава ?
http://www.bidifit.com.mk/index.asp?tn=fit_productview&pid=1720267&c=7937

Сакам да си земам сет тегови за отприлика 3000 до 3500денари.Ај ако имате нешто да препорачате кажете
Лани беше на попуст истиов сет и бев да ги земам, гумирани се и изгледаат многу гломазно односно 5ките се како 15ките во теретаната и 2 плочки на шипката се пополнува цела. Мене ме изнервираа лани ко отидов демек попустов бил само ако пазариш преку нет и не ги зедов.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.201
Поени од реакции
20.866
Ќе ги користиш неколку месеци и ќе ти смачи кога ќе видиш дека теретаната може да ти понуди многу повеќе, знам зашто и јас купував тегови и плочки по дома, после ги продадов :)
Сетов за парите ми делува исплатливо, но каков е квалитетот незнам, треба да се види во живо колку се тенки/дебели шипките и сл.
Зависи колку плаќаш за теретана. Ако плаќаш по 500-600 месечно, се исплаќа да одиш. Но ако е цената околу 1500, не се исплаќа! Една рамна клупа бенч (по можност со опција да се прави и коса), шипка и два еднорачни тегови - тоа е се' што ти е потребно. Е сега за грб ќе се снаоѓаш некако, или ќе си земеш вратило од тие на врата што се местат.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Зависи колку плаќаш за теретана. Ако плаќаш по 500-600 месечно, се исплаќа да одиш. Но ако е цената околу 1500, не се исплаќа! Една рамна клупа бенч (по можност со опција да се прави и коса), шипка и два еднорачни тегови - тоа е се' што ти е потребно. Е сега за грб ќе се снаоѓаш некако, или ќе си земеш вратило од тие на врата што се местат.
За неколку месеци веќе ќе му треба поголеми тежини од овие во сетов (за грб, чучањ, веројатно и бенч)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom