Измама на прозводителите

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Како се открива измамата на прозводителите

Лажниот црн леб потопен во вода станува бел!:pos::pos:

На пазарот има се повеќе "специјални лебови" кои на луѓето им прават сериозни проблеми, па така некои граѓани завршиле во болница - велат од здруженијата за заштита на потрошувачите

7BF7A36E1936D24BA185933BA9FF55B8.jpg
Дека интегралниот црн леб честопати нема врска со она што пишува на неговата амбалажа, не е ништо ново, но потрошувачите и натаму не се севесни дека бојосаниот бел леб може да биде опасен по здравјето на човекот.
Новинарите на весникот "Прес" направиле експреимент со еден од "интегралните" лебови што се продаваат во Белград. Исекле едно парче од црниот" леб и го потопиле во сад со вода, а за само две минути црниот леб станал бел!!! Ова е најдобар начин веднаш да ја откриете измамата, а во Здружението за заштита на потрошувачите велат дека прав црн или интегрален леб ретко се наоѓа.
Вистински црни лебови не се многу присутни на пазарот, бидејќи и самите мелници имаат ограничени капацитети за производство на такво брашно... Без оглед на тоа на пазарот има се повеќе "специјални лебови" кои на луѓето им прават сериозни проблеми, па така некои граѓани завршиле во болница" - вели претседателот на здружението, Петар Богосавлевиќ.
Една читателка на весникот се јавила со поплака дека секогаш кога ќе јаде црн леб,шеќерот и се зголемува. Затоа таа смета дека на декларацијата на лебот мора да пишува дека е во него има вештачка боја, бидејќи има луѓе кои се алергични на неа.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3CA478656A60A74D8A30FD761A30869F
 
Ја јадев пред некој ден таков 'црн леб' ќе купам утре пак да видам во вода дали ќе стане бел :)
 
Ја јадев пред некој ден таков 'црн леб' ќе купам утре пак да видам во вода дали ќе стане бел :)
ај баш провери и кажи (y)
но, измамата не застанува само кај лебот- којзнае што све јаде овој напатен народ , а не е ни свесен за тоа- појди од соковите кои се рекламираат како 100% овошје - чисти,природни, демек без додатоци....хаа
и македонскиот потрошуваш никогаш нема да дознае што содржи тој сок- затоа што овде непостои лабораторија која може тоа да го провери- освен ако не се крене некој со сокот во Германија или Австрија....па макар чисто и од инат
 
Секој ден јадам таков црн леб, и искрејно се плашам од составот на лебот иначе од Ваташа купувам ( ако некој слушнал)....
 
Јас не знам колку се сеќавате на едно испитување кое го направија Србите во однос на овошните сокови. Имено, околу една третина од производителите на сокови во Србија не ги исполнуваа основните стандарди за производство, покажаа тогаш резултатите од анализата на 55 примероци од осумте најголеми производители.
Еве и табеларно:

F8D5890B53D9244183C0636DF5A2FD55.jpg
 
интересно е што пишуваат србите за сирењето- наводно производителите ставале измеѓу секој слој хартиени марамици- за да добие во маса... иди сеа па јади :mad:
A ono za sir, kako prave sir?
Stavljaju slojeve papirnih maramica preko sira i kad se slepi, dobije se ne masi a razlika se ne primeti jer je papir onako vlazan vec deo sira...
 
А дали знаете дека сите пекари за произвотство на бел леб користат повеќе црно брашно а помалку бело..пример, ставаат 2 вреќи црно брашно тип 500 и 1 бело тип 400.. црното брашно е поевтино,многу јасно..колку само малверзации има не сте свесни
 
такви нешта,воопшто не ме чуди штом ќе се појави некакви болести како што се дијабетес,алергии од храна,покачен холестерол и други. и причината е лажните
прехранбени производи па дури и лажни лекови и секогаш се појавува вакви проблеми,а доктори таканаречени специјалисти само ни држи лекции така-треба,вака- треба и што е дозволено,а што не е,а бе за ништо не ги бива докториве.
 
А дали знаете дека сите пекари за произвотство на бел леб користат повеќе црно брашно а помалку бело..пример, ставаат 2 вреќи црно брашно тип 500 и 1 бело тип 400.. црното брашно е поевтино,многу јасно..колку само малверзации има не сте свесни

Или црното го белат со ниско квалитетен ориз.
 
лебот од жито скопје е 100% црн, го пробав експериментот со водата и 15 мин потоа лебот си остана црн :)
 
Поточно тој црн леб се вика 'ржан леб,и кога го кршиш на половина сосема поинаку изгледа.
 
Има црн и црн.
Има боен и вистински црн.
Првиот тежи 500 грама векна, вториот 500 грама половинка.
А двата иста цена. (30+ денари)
 
Не знам зашто ве чуди ова. Црниот леб ако е вистински црн треба да биде поскап од белиот, а кај нас се исти по цена 1ден. до 2ден. се разлика и очеглидно е штом нема разлика во цена дека црниот леб и не е толку црн.
 
ТЕТОВСКИ ГРАВ........... збор два и за оваа превара
секаде по пазариве на тезгите ќе прочитате ТЕТОВСКИ ГРАВ-да си го прашам Стојко,
од каде толку грав од Тетово кога таму насеано грав и не можеш да видиш од патон освен бензиски станици и оросписки локали.
Еве ја вистината. Сите тезгари грав купуваат на големо од кванташки пазар.
Тој грав најчесто е од Блискиот исток ( Турција, Пакистан,Иран) пакуван во помали вреќи од 10 - 20 кила. Потоа нашите трговци го ставаат во оние големи вреќи од 50 кгр.
што се и за ориз. И некои така и го продаваат од вреќа по пазарите и вие си читате на картончето: ТЕТОВСКИ ГРАВ. Па кркај народе и удри на прдење од Азиски грав,
а за Тетовски нека ти кажуваат прикаски,нема повеќе копачи и сеачи,се е шверц.
И тие што произведуват и малку од овој познат грав - прават малверзации,дополнувајќи со оној од кванташки бидеиќи им се бара како Тетовски.
 
За леб јас едино му верувам на Жито Лукс (y)
 
Back
На врв Bottom