Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Слушам многу луѓе се жалат од Веројатност и статистика, како тие 10.00 едвај положиле, како колковиумите биле многу тешки итн, со еден збор го претставуваат како еден од најтешките предмети на ФИНКИ. Некој да сподели искуства ? :D
Едно другарче се посра од решавање и учење теорија, за 6-ка ...
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.684
Поени од реакции
52.561
Ако може некој да каже нешто за тој тестот ДМ2. Кога се прави, што има, дали е услов за потпис...
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.985
Поени од реакции
12.545
^^Не е услов за потпис туку екстра поени,ако ги имаш сите 10 поени тогаш вкупно за положување од колоквиуми ќе ти требаат 90 а не 100.
Online учење по АОК ви дава можност да се тестирате?
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
843
Поени од реакции
444
^^Не е услов за потпис туку екстра поени,ако ги имаш сите 10 поени тогаш вкупно за положување од колоквиуми ќе ти требаат 90 а не 100.
Online учење по АОК ви дава можност да се тестирате?
Па не се баш екстра поени, ако освоиш 0 поени од тој практичен дел, ке имаш вкупно 90 поени.
Инаку за положување ти требаат или барем 40 поени од секој колоквиум, вкупно повеќе од 100 и минимум 4 поени од тој тест или по 60 поени од двата колоквиуми без практичен тест.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.985
Поени од реакции
12.545
Па не се баш екстра поени, ако освоиш 0 поени од тој практичен дел, ке имаш вкупно 90 поени.
Инаку за положување ти требаат или барем 40 поени од секој колоквиум, вкупно повеќе од 100 и минимум 4 поени од тој тест или по 60 поени од двата колоквиуми без практичен тест.
Мислиш по 50 од колоквиум,пошо вкупно поени за положување се 100,независно од тоа дали си го полагал практичниот или не. Јас вака го разбирам.
А што ако освоиш помалце од 4 поени на практичниот а веќе си го паднал прв колоквиум?
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.183
Поени од реакции
1.174
Мислиш по 50 од колоквиум,пошо вкупно поени за положување се 100,независно од тоа дали си го полагал практичниот или не. Јас вака го разбирам.
А што ако освоиш помалце од 4 поени на практичниот а веќе си го паднал прв колоквиум?
Како што кажа колегата погоре, ако имаш 0 поени на практичниот, тогаш мора да имаш минимум 120 поени од колоквиуми за да положиш. Практичниот дел учевствува со 10 % во отценката, не претставува бонус. Ако освоиш помалце од 4 а веќе си паднал на прв, тоа значи дека на испит ќе треба да имаш над 60% за да положиш.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.985
Поени од реакции
12.545
Во право сте,јас инаку сум разбрала.
Иначе распоред за колоквиумска и испитна слабо а?
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.985
Поени од реакции
12.545
АОК третата задача од прилика како е? :D
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
843
Поени од реакции
444
АОК третата задача од прилика како е? :D
Може да го направиш табела со влезови x, y; Q1, Q2, Q3, Q1+, Q2+, Q3+, и излези да ти бидат Q1,Q2,Q3 напиши ја целата табела и види што следува разлгедај и како бројат тие бројачи.
Можеби има и пократко решение, но на овој начин сигурно може да се реши.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.985
Поени од реакции
12.545
Може да го направиш табела со влезови x, y; Q1, Q2, Q3, Q1+, Q2+, Q3+, и излези да ти бидат Q1,Q2,Q3 напиши ја целата табела и види што следува разлгедај и како бројат тие бројачи.
Можеби има и пократко решение, но на овој начин сигурно може да се реши.
Абе не од проектот, за колоквиум прашвам :D
 
СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Значи не се нормални со проективе у четврт семестар. Лабораториски за дома, домашни вештачка до ден пред колоквиумска, визуелно семинарска, криптографија семинарска, графика ужасно преголеми лабораториски, бази цела апликација.

Луѓево немаат време да ги завршат проективе, не па да почнат да учат за колоквиумска, а не па за испитна шо почиње два дена после колоквиумска. Значи не се претешки предметиве, ама роковиве за домашниве на кој му текињаат така близу колоквиумска да се сите, да си ебат матер.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Системски Софтвер второ усно знаете какви прашања може да се паднат ? (Кај Мишковски)?
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.684
Поени од реакции
52.561
АОК каков е вториот колоквиум? Пак и теорија и задачи на етест? И дали се знае точно колку и какви задачи ќе има?

Да се дизајнира бројач кој во зависност од влезот y брои:
 за y = 0 поминува низ состојбите 0, 6, 3, 2, 1, 0…
 за y = 1 поминува низ состојбите 0, 5, 4, 7, 2, 1, 0...,
а во зависност од влезот x брои нагоре или надолу:
 нагоре за x = 0
 надолу за x = 1
Мрежата да се реализира со ЈК ff и логички порти по потреба. Излезот треба да се поврзе на HEX display.

Ако може некој да ми каже што треба да правам :D
 
Г

Грејвдигер

Гостин

3 задачи се. Првата имаш дадено функција или мултиплексер и слично, треба да нацрташ или да дадеш функцијата, соодветно. Втората е како таа што ја сподели, со фф, а третата е нешто покомплицирана... треба малку да размислиш како да ја решиш.

Инаку за оваа си имаш два влез, x и y... во зависност од нивната комбинација броиш 0-6-3-2-1-0 или обратно, исто и за y.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom