Фан клуб - РК Металург

Некој да не има видеа од ова со Станич, со провокациите во прво полувреме:) , за жал не можев да го гледам натпреварот.
 
Некој да не има видеа од ова со Станич, со провокациите во прво полувреме:) , за жал не можев да го гледам натпреварот.
Нема видеа,стандард пееа Станиќ наркоманот..........го разбранија матер им еба. :D
 
Секогаш кога е најпотребно Металург го победува Вардар :) сеа и вторпат сред кале да го папате и некој потпис ќе мења :D

Можно е и името да си го сменат, ако имаат корист од некоја екипа од Миравци или Стојаково :D
 
МЕТАЛУРГ ПОБЕДИ ВО БИТОЛА, НО ПЛАТИ СКАПА ЦЕНА. КРАЈ НА СЕЗОНАТА ЗА ГОЦЕ ГЕОРГИЕВСКИ

24.05.2013 19:00
AND_8427_resize21-610x405.jpg

Металург го совлада Пелистер во Битола со резултат 34:20 (20:10).
Најдобри поединци беа Вугринец со 9 и Алушовски со 6 постигнати гола.
За жал, победата ја загорчи тешката повреда на нашето десно крило, Гоце Георгиевски, кој се здоби со фрактура на левата шака и за кого сезоната е завршена. Гоце е прегледан во битолската болница и ставен му е гипс. Продолжува неверојатната серија на повреди, кај нашите најдобри ракометари. :(
 
Значи истата грешка цела сезона, упорно истите 7 играчи и кога треба и кога не треба. Па со пелистер бе човече мене да ме клаеја да играм пак ќе победеа. Наместо сега да му се дај шанса малку да земат здив тие упорно и упорно ги играат истите, Вугринец 9 гола , како да нема кој друг да игра. Сега да се молиме престапот да изигра барем една добра утакмица во животот.

П.С. Лично му посакав среќа на Станич за натпреварот со Вардар, очекувајте 20 -30 одбрани ;)
 
ШАМПИОНОТ НА МАКЕДОНИЈА ДИРЕКТНО ЌЕ НАСТАПИ ВО ГРУПНАТА ФАЗА НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

30.05.2013 22:51
Champions_League-logo_resize-610x218.jpg

za-tekst14.png

Успесите на Металург во последните две сезони во Лигата на шампионите се наградени со директен пласман на идниот македонски шампион во групната фаза на ЛШ. По седум сезони играње квалификации, идниот македонски шампион ќе го скокне квалификацискиот турнир и ќе настапи директно во групната фаза на најквалитетното ракометно натпреварување во светот. Со тоа неделното дерби добива дополнителна стимулација за двете екипи.
Во новиот ранкинг Македонија, како држава, е рангирана на десетото место, по Шпанија, Германија, Данска, Унгарија, Полска, Русија, Хрватска, Франција и Словенија. Како екипа, македонскиот шампион ќе биде 12-то рангиран, бидејки пред него ќе бидат и второпласираните од првенствата на Шпанија и на Германија.
Добрите настапи на Металург идниот шампион го сместија во третиот барабан, што е втората придобивка во следната сезона.
Барабан 1: Барселона, Кил, Алборг и Веспрем.
Барабан 2: Киелце, Чеховски Медведи, Загреб и Пари Сен Жермен.
Барабан 3: Атлетико Мадрид, Р.Н.Ловен (или Фленсбург), Горење Велење и Македонија 1
Барабан 4: Киф Колдинг (Данска 2), Вакер Тун (Швајцарија 1), Натурхаус Ла Риоха (Шпанија 3) и Р.Н.Ловен (или Фленсбург)
Барабан 5: Ст.Петербург (Русија 2), Франција 2, квалификант 1 (Шведска 1, Белорусија 1, Босна 1 и Романија 1) и квалификант 2 ( Србија 1, Словачка 1, Португал 1 и Израел 1)
Барабан 6: ПЛ Цеље, победник на квалификацискиот турнир со вајлд-карта, квалификант 3 (Австрија 1, Норвешка 1, Турција 1 и Украина 1) и квалификант 4 (Грција 1, Италија 1, Холандија 1 и Луксембург 1).
Во случај на откажување може да дојде до промена на учесниците и на составите на квалификациските групи.
Фото: Ранкингот на ЕХФ
Capture2122.jpg


извор: http://www.rkmetalurg.mk/shampionot...pi-vo-grupnata-faza-na-ligata-na-shampionite/
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom