Internazionali BNL d'Italia | 13-19 мај, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување

Победник на Internazionali BNL d'Italia?


  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Рафа имал шанси против Ноле,кога ке излезе утре Ноле има да го брише централниот терен со него,мотивацијата против Рафа и Роџер му е на 120%,има да го нема Рафа утре. :D
 
што вака одма го отпиша новак против рафа ? баш новак има добри шанси да победи игра променливо надал периодов иако и понатаму е најголем фаворит за титула сепак во никој случај нема да биде лесно со новак шансите се 50-50, за федерер едноставно мора да искористи ваква шанса да игра финале на мастерс кој му недостасува, па во финале со кој и да игра од овие 2ца господ нека му е на помош
Ќе видиме денес како ќе се постави Новак против Бердих, па ќе може да збориме за финале, сега за сега, ако дојде до дуел на Надал и Новак, повеќе шанси му давам на Надал, и сигурно нема да го глеаме тоа што го гледавме на финалето во МК и толку убедлива игра на Новак, едноставно не смее да си дозволи Надал такво нешто, е ако е спротивното, тогаш бааѓи ќе ме демантира Новак, а и Надал. Новак немаше по сериозен противник тука на турнирот, вчера против Долгополов изигра толку колку што беше потребно, а и многу грешки имаше Долгополов, така да не е веродостојно колку е тоа Новак спремен за титула во Рим и дали се темпира формата за Гарос.

Гледајте да не го снема денеска со Бердих како што го снема со Димитров.
Признај ти се стресија гаќите на вчерашниот меч против Гулбис, па упорно го потенцираш ова за Новак, уште од поразот во Монте Карло, боли, ама тоа е.
 
Ептен ми се стресија.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 13:10 ---
Пер 6-1 6-0 Гранољерс. Рејп моуд. :cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Stefan-kobe, мислиме, мислиме...:)

Денес очекувам Рафа да изгуби сет против Ферер, сепак, Ферер не играше вчера, и е доста одморен, а Рафа играше скоро 3 саата...
 
Јас ќе бидам искрен и ќе кажам дека ич не се посомневав во победата на Надал, знаев дека кад тад Гулбис мора да падне, едноставно невозможно беше два сета константно да гаѓа линии и да не греши.
 
Новак го имаше мечот во свои раце... Сега, уште еден сет...
 
Колку лоша игра на Ноле, неможам да поверувам, ај шо ги враќа само, него само по средина враќа, па уште и спори топки, многу го деконцентрираше типот од публика...од тој момент се сруши све за него.
--- надополнето: 17 мај 2013 во 16:34 ---
Едит: Честито титула Надал.
 
Ма браво за Бердих. Си ја заслужи победата апсолутно. Одличен втор сет, преубави поени видов. Ја мислам сите сакаме да гледаме финале Рафа-Роџер. Како во старите добри времиња.:cool:
 
Не знам што да кажам, дали Бердих да го фалам или да зборам лошо за играта на Новак...
 
RocknRolaa Да ти кажам право не, доста ми е да го гледам Фед како се мачи, до 2008 имаа колку толку некоја поента дуелите, од тогаш навака Федерер е тотално немоќен вс Надал, победникот во Рим е веќе познат.

Не знам што да кажам, дали Бердих да го фалам или да зборам лошо за играта на Новак...
Новак катастрофален....а од друга страна Бердих согледувајќи го тоа, како и ветерот кој се појави доби мотив, и ментална сила да победи.
 
RocknRolaa Да ти кажам право не, доста ми е да го гледам Фед како се мачи, до 2008 имаа колку толку некоја поента дуелите, од тогаш навака Федерер е тотално немоќен вс Надал, победникот во Рим е веќе познат.

Што викаш вечерва како ќе одигра против Јержи? Чудно човече е Јанович, мајке ми, непредвидлив.

Јас сепак сакам да ги видам Рафа и Роџер еден спроти друг. Не се сеќавам лани Роџер што направи на турниров? Ако стигне до финале, ќе си ќари поени.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom