Сонови, толкување на сонови

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Сонував еден чуден сон.
Бев тргната на пат со некакво друштво со кола. Јас ја возев колата. Дојдовме до едни мостови без ограда. Мостовите беа многу тесни. Возев со мала брзина и друштвото почна да ми вика: Што правиш? Вози побрзо, не гледаш ли дека е автопат? Кога ја убрзав колата, изгубив контрола и паднавме во водата. Среќа водата не беше длабока, па успеавме да ја извлечеме колата и продолживме. Возејќи, повторно се случи несреќа. Овој пат паднавме во некаков океан. Бев на дното. Водата беше бистра. Слушнав глас кој почна да ме бодри да пливам накај површината. Испливав, друштвото ме чекаше горе, повторно со кола. Требаше да продолжиме. Одеднаш во сонот ми дојде мисла: Тргнавме некаде и никако да стигнеме, секогаш нешто се случува...

Фројд гомна да јаде со дразбите! :icon_lol:
 
Денеска сонував чуден сон не се сеќавам како беше целиот но ќе пробам да напишам колку толку па некој кој се искусни да ми го кажат значењето на сонот....

Сонував како умира еден познаник(човек кој го познавам и на некој начин ми е пријател) потоа после неговота смрт го чуваме сите дома и јас излегувам некаде(не се сеќавам на ова) потоа се враќам дома и кога гледам сите скоро не се арни, дома беа мајка ми и баба ми. Ја прашувам мајка ми каде е баба ми и таа ми кажа дека умрела од мака за тој човек што умрел(познаник) кај нас дома. Исто така и мајка ми беше на работ на смрта во сонот не и беше арно.
Значи пред да умре тој човек кој што го познавам во животот со него се забавувавме и излегувавме некаде(не се сеќавам точно каде во сонот) но кога дојдовме дома тој умре.

Значи ова е тоа на тоа што се сеќавав го напишав и фала однапред на тие што ќе ми го кажат толкувањето на сонот.
 
знам само дека да сонуваш мртовец не е добро, но да умре некој што е жив, значи смртта е далеку за него ќе живее уште многу. Сонување на мртов човек демек значело болест...ама што знам,сепак се само соништа,
 
Сонував како возам автобус. То автобусот беше паркиран сред центар и сега јас требаше нешто да го исчистам (не се сеќавам) и наеднаш тргна, јас го управував, до мене седеше братучет ми, друг никој немаше. И така кружам низ градот незнам како да застанам и наеднаш се наоѓаме у сред шума, возиме по тесна патека со страшни кривини и тоа возиме 100ка т.е летаме, а патот ниту обележен ниту пак има заштитна ограда. Возиме и конечно успеав да застанам, и ооп пред нас еден куп земја и се разбудив.
Шо значи ова?
 
Што правиме во случајот кога сонот ќе стане реалност??? Пред 1 месец сонував еден сон нема да кажам што , но за жал пред некој ден ми се случи и за време на настанот се присетив на сонот и сватив дека ништо не можев да сторам да го изменам тоа што се случуваше. Исто така ме интересира значењето на овие 2 сонови. Во првиот сон ме брка куче пит бул но никако да ме стигне и само што ми се доближува се будам, додека во вториот сон ноќно време бегам од лилјак и влагам низ една стаклена врата и ја затворам и лилјакот удира во неа и се распрснува крв на сите страни... Болно
 
Пак јас со сонување значи сонував како мојата фамилија(татко ми) го прдаваат станот демек да купам нешто подобро и потоа остануваат од нешто без ништо е потоа значи куваме куќа но после извесен периот и куќата ја продаваме и остануваме без нушто така сосеема без дом на жиеење и така сите се каеме(особено јас) ми доваѓа во главата да се самоубијам затоа што си мислам дкеа не вреде живот без покрив над глава, сите спиеме каде што ни текне како бездомници нормално(кој на некоја улица, кој во кола и слично) положбата станува тешка но потоа одеме да пристојуваме кај еден пријател на мојот татко, таму татко ми нешто имаше многу голем телефон ја почнав да се шегувам поради тоа(само детал може ќе потреба во толкување на сонот)
Е значи потоа така се снаоѓаме едно 4-5 дена можеби и повеќе. Но во еден момент мене ми доваѓа неизвесна понуда за работа со месечна плата од 1000 евра, е потоа готово си го средувам животот и одам купувам кола, куќа и слични работи, исто така и ја водам баба ми на лекар да се прегледа и тоа со колата пошто била во многу тешка состојба за време на кризата.
И за крај заборавив да кажам дека за време на кризата сме имале тестирање по Матетика мислам дека беше(но јас не сум имал услови каде да учам)
И ете така се будам од сонот и тој завршува доста долго време го сонував и раскажав тоа што можам(направив најдобро што можам) поздрав до сите и чекам некој што ќе ми го протолкува сонот, и тај што ќе ми го протолкува благодарност однапред.
 
Има некој тука толкувач експерт што може да протолкува сон.
Имам еден многу страшен и чуден сон што никако не можам да разберам какво значење има.
 
Има некој тука толкувач експерт што може да протолкува сон.
Имам еден многу страшен и чуден сон што никако не можам да разберам какво значење има.

Напиши го тука, ќе видиме.
 
Напиши го тука, ќе видиме.
Знаеш ти зошто сум пробувал преку овие страниве по зборчиња што толкуваат и нема ништо значење. за тоа барам некој што знае за цел да го протолкува.
 
Знаеш ти зошто сум пробувал преку овие страниве по зборчиња што толкуваат и нема ништо значење. за тоа барам некој што знае за цел да го протолкува.

Затоа ти викам, напиши го тука целиот сон и ќе се потрудиме да ти помогнеме.

Пингам... babambitola metatron

...Да го видат ова бидејќи гледам се разбираат во сонови.
 
Сонов не е мој туку од жена која вели вака;
Гледам жена одам накај неа и ми вели бегај не ти давам ништо си се омажила за убиец.Оденаш се најдов во мојата родна куќа мојот син се симна/спушти од највисокиот прозорец го прашав кај одиш татко ми се опијанил не можам да го трпам.ми одговори.
И оденаш се најдов внатре во куќата држев бебе во рацете имаше два кревета во кој измеѓу лежеше мојот татко.Кој инаку е мртов.И ми се развика Бегај од тука губи се беше многу лут на мене а во рацете држеше метро и ме гледаше накриво/попоречки. и толку.
многу чуден сон ако знае некој да го протумачи нека пишува.
 
Сонував како ми гледале на кафе и сум стиснала желба и на желбата од страните имало четири прстени и во нив во секој прстен по едно машко.. што значи сонот? :)
 
Сонував дека се наоѓам некаде далеку...огромно морско или океанско пространство пред мене, a се плашам во водата да завршам зошто има водни змии, алги или такво нешто. Има гребен како на сликава, а мал дел не е гребен туку е мојата зграда во која живеам. Знам дека ќе почне да се руши и брзам да си ги соберам најважните нешта (ранец, светилка итн. од таму) и бегам со сестра ми. Бегаат и моите со бабите и дедовците, ама не се со нас. Ама го знам тоа, дека бегаат некако. Се криеме надвор од зградата во друга градба ил гребените. Не ја ни гледам дека се руши или само дел. Ама имам чувство ко сто постотно да сум го видела нејзиното уривање. Потоа излегуваме од местото каде се криеме и ете ја пак зградата цела. И почнува пак истото по истиот редослед и се врти неколку пати. ВТФ???????
Castle-by-the-Sea.jpg
 
никогаш во живот не сум сонувал, 33 години имам и ниту еднаш не се секавам дека сум сонувал, и ми се случи конечно, последниве 2-3 дена секоја вечер сонувам, до душа не бог знае шо, туку она, случки од денот што ми поминал или филмот што сум го гледал пред да заспијам, нормално, малку модифициран и то. значи нешто? :)
 
Значи моќта на потсвеста пренапнат си најверојатно пријателе
:) .
и на мене истот ми се случува
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom