“Мекдоналдс“ ги затвори рестораните во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата DadoTom
  • Време на започнување Време на започнување
Aбе до кога со тие муабети `боље шо го затворија, јас не плаќам таму толку ќе јадам таму и таму за толку`! Се работи за право на избор бе луѓе! И ај пак нападнете ме зошто сакам Старбакс да се донесе во Македонија! :)
 
Само еднаш сум бил фамилијарно одаааааааааааааамна што едвај памтам и никогаш веќе не сум влегол. Ем скупо, ем глупо, сендвичиња колку за три гриза и мраз со кока кола... :facepalm: (n) ...збогум! :pipi:
 
Најлошо е што се губат работни места и што ете немаме бренд како Мекдоналдс кој што го има насекаде. И сето тоа немаше да биде толку жалосно, ова се однесува на брендот, доколку имавме некој наш бренд или нешто наше.

Наместо сите тие пари да се одливаат во странство, доволно сме паметни да направиме сендвичи како во Мекдоналдс и пола вода пола кока кола. Само ете, на никој не му текнува да ги закупи(доколку е можно) локациите на мегдоналдс и да проба нешто слично. He who dares, wins...

Само кај нас немаат идеја за ширење, иновации, промени, подобрувања, никој не ни е крив. Да ја имам седмица вака разработена со толкава клиентела, и да останам на два дуќани во цело Скопје треба да си ...
 
Идеи имаме, пари немаме… Па уште ако се закачиш со погрешни луѓе…
 
Според мене доколку Мекдоналдс не изнајде решение за зголемувањето на цената на франшизата со СЈ Компани, Мекдоналдс нема да попушти и се ќе зависи од СЈ Компани. Од Мекдоналдс со тоа соопштение како да сакаа да кажат дека ако не се изнајде договор со старата компанија, со нова нема да има договор што е логично поради повеќе крупни причини меѓу кои и капиталот. Ако тие се решат да ги продадат дуќаните/престанат да плаќаат кирија за просториите бидејќи дел не се нивни, тогаш само ќе загуби Македонија со губењето на овој бренд и вработените и оние кои се фирми добавувачи. Идиотштина е во време на глобализација да сме правеле сопствени брендови и да ги негираме овие што се светски познати што на никому не му штетат. Па тогаш не пијте кока кола пијте газоза од Прилепска пиварница. Какви се не глупости ќе чуеш од сопствениот народ.
 
СЈ мисли оваа е Македонија може да се ценка и газда да се прави, како кога ја лапна пивара со туѓи пари, а претходно товараше вреќи жито во истата.
Сега верувам и пари да даде нема да му ја вратат лиценцата, виделе со кој копук работа имаат и дека не е добро за брендот.Мекдоналдс, вакви топло ладно со брендот убава реклама е.
 
ги плаќаат по 8 000, ретко кој по 12 000, а ги посеруваат од работа ко за 30 000, така да, не губат кузнае што со ова.

Ова ми е впрочем единствена причина зошто не ги сакам Мекдоналдс, се понашаат со вработените како со Тајландски шивачи, експлоатација вршат невидена и недојстојна за толку масивна компанија.

Kaжи им го ова следниот месец кога ќе треба 3 000 за рата да дадат.
Или можда на банката кажи и, шо бе, за 3 000 па и вие....
--- надополнето: 16 мај 2013 во 03:50 ---
Од една страна 200 луѓе без работа со расипан план што го имале вчера

Од друга страна пак знам за еден град а знаете и вие сите, кај што има една место што не беше здраво
и сите со години викаа не е здраво, ама луѓето се вработени, мора од негде да вадат леб
И сите знаете на што се сведе

А мек доналдс нуди храна што лаже мали деца и трудни жени.
Сепак не е сеедно за вработените

o_O Не сум ни едното, ни другото, а сепак не сум заинтересирана за ,,македонски колбаси, свински вратови и шницли,, и италијанскиот тост+помфрит од Mc ако некој друг ги произведе, ќе јадам кај него.
Се до тогаш, ми е гајле каков бренд е, за мене одредена храна ја прави најдобро.
--- надополнето: 16 мај 2013 во 03:51 ---
Што мислиш кој прави промет повеќе, Седмица или Мекдоналдс?

Освен таканаречениот џет сет што глуми лудило кој иде друг во Мекдоналдс, еве јас на пример кога идам скопје, не пропуштам да идем до Седмица. Во мекдоналдс за сладолед понекогаш влегувам...

Јас одам. И во Скопје и во Тетово.
Само зошто тебе не ти чини, не треба и да го има?
Океј, мене ми сметаат сите кланици.
 
у реду е тоа ама ако сакаат европски стил на работа нека биде и платата во европски стил... сигурно у другите земји не се на минималец нели?
Конкретно Mc се.
Секаде оваа фирма вработува средношколци/студенти, односно луѓе на кои им се потребни екстра пари, а не долгогодиша кариера. Односно, фирмата се труди да биде ,,попатна станица,,.
Само во пропалица од земја некој може да го гледа Mc како постојано работно место и да очекува нормална плата.
--- надополнето: 16 мај 2013 во 03:58 ---
Нешто во тој стил. Освен тоа, рекоа дека платата им била 15 000. Ако лажат - глупи се, ако не - задоволни се.

Не лажат, ама зависи кој ти кажал :)

Реално, Mc е една од ретките фирми кај нас што вработува на пола работно време, па за некои платата е и 4 000.
Најдобра другарка од 18 години навака (4 и кусур години) работи во Mc, почна со пола работно време, па цело (8 000) чистеше вциња и маси, па чистеше кујна, па на апаратот за помфрит, едно, друго, трето, и да, денес зима околу 18 000.

Сеуште е со средно, сама вика дека има шанси да ја унапредат, ако остане и ако нели, дипломира меѓувремено.
 
Како тргнала другаркати цел живот ќе и помине во ропство со 292 евра плата :facepalm: и шо задоволство наоѓа у таа работа?
--- надополнето: 16 мај 2013 во 04:05 ---
Според мене доколку Мекдоналдс не изнајде решение за зголемувањето на цената на франшизата со СЈ Компани, Мекдоналдс нема да попушти и се ќе зависи од СЈ Компани. Од Мекдоналдс со тоа соопштение како да сакаа да кажат дека ако не се изнајде договор со старата компанија, со нова нема да има договор што е логично поради повеќе крупни причини меѓу кои и капиталот. Ако тие се решат да ги продадат дуќаните/престанат да плаќаат кирија за просториите бидејќи дел не се нивни, тогаш само ќе загуби Македонија со губењето на овој бренд и вработените и оние кои се фирми добавувачи. Идиотштина е во време на глобализација да сме правеле сопствени брендови и да ги негираме овие што се светски познати што на никому не му штетат. Па тогаш не пијте кока кола пијте газоза од Прилепска пиварница. Какви се не глупости ќе чуеш од сопствениот народ.
А шо конкретно еве ќе изгубиме јас, ти и повеќево членови на форумов? :noze:
 
Како тргнала другаркати цел живот ќе и помине во ропство со 292 евра плата :facepalm: и шо задоволство наоѓа у таа работа?

Не знам дали си писмен/а, ама другарка ми е студент.
Не знам зошто би очекувала повеќе? А посебно КАДЕ како студент (во која друга фирма во Мкд.) плаќаат повеќе?

Не наоѓа задоволство, ама наоѓа егзистенција. Сама плаќа студии, нејзините скоро и да не и даваат пари.

Искрено, пак се прашувам дали знаеш дека Mc е место кое вработува луѓе кои очекува дека ќе го напуштат и ќе почат да се бават со својата професија. Не е баш место каде што треба да се ,,оствариш,, или па некој го очекува тоа од тебе.

И П.С. јас ќе го изгубам помфритот и италијанскиот тост.
 
Не знам дали си писмен/а, ама другарка ми е студент.
Не знам зошто би очекувала повеќе? А посебно КАДЕ како студент (во која друга фирма во Мкд.) плаќаат повеќе?

Не наоѓа задоволство, ама наоѓа егзистенција. Сама плаќа студии, нејзините скоро и да не и даваат пари.

Искрено, пак се прашувам дали знаеш дека Mc е место кое вработува луѓе кои очекува дека ќе го напуштат и ќе почат да се бават со својата професија. Не е баш место каде што треба да се ,,оствариш,, или па некој го очекува тоа од тебе.
Една груба математика пошо не сум писмен.... да речеме работи по 8 часа дневно во изминативе 4 години :unsure: тоа се еве да речеме 24 работни дена месечно по 12 месеци 288 дена годишно, тоа по 4 години му доаѓа 1222 дена а во саати тоа би било 29328 часа или 1759680 минути или 105580800 секунди :eek: замисли како животот ти поминува...број ја секоја од овие секунди во Мекдоналдс...тик так..тик так..тик так!!! I would rather kill myself! :mad:
 
А иначе тебе како ти поминува, под услов да си студент чии родители не се способни баш се да му приуштат?
Онака, факсот тебе ти организира работилници, па платена пракса, па дури и таа платена пракса ти е доволно да заштедиш за мастер, да платиш стан, да си купиш нешто за себе, да излезеш со друштво, да отидеш на одмор....

Де ти просветли ме, оти јас не знам еве.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom