“Мекдоналдс“ ги затвори рестораните во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата DadoTom
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.558
Поени од реакции
794
Пет ресторани на “Мекдоналдс“ во Скопје и уште неколку во Македонија, утрото осамнаа под клуч. Причините засега се непознати. Надлежните инспекции велат дека тие не стојат зад затворањето на рестораните, туку одговорот треба да се бара внатре во компанијата.

Со “Мекдоналдс“ во Македонија менаџира М6, фирмата во доминантно мнозинство на Свето Јаневски, поранешен прв човек на “Скопска пивара“.

Во рестораните во “Мекдоналдс“ во Македонија вработени се над 200 луѓе.

Извор

Топ тема која денес ја слушнав. Неофицијално раскинат е договорот помеѓу Мекдоналдс и М6, официјално би требало да дознаеме наскоро. Не би требало да останеме без ваков бренд. Знае ли некој кои се причините за оваа ситуација?
 
Баш ме заболе, нека бркаат работа, и онака само еднаш у 7мо одделение на роденден имав влезено у сендвичарава :).
Ја повеќе си поштуем нешто наше, 7-ца и др. локални (маалски) сендвичари.
 
Марш назад во Америка.
 
Остајте заебанција настрана 200 души надвор и не е така добра вест. Одземена им е лиценцата?
абе па ти битно да пишат дека не јаделе таму и не било здраво, кој ги ебе луѓево што работеле таму.
 
... Доста е да има 2 такви ресторани во Македонија, иако мене најискрено воопшто не го сакам Мекдоналдс некако ептен ми е тапа храната но иако има и други кои ги сакаат така да 2 доста се ... да постојат :) Но чим затвориле очигледно ... одпаднато им е продажбата :confused: само гревота за луѓето кои таму работат ...
 
Остајте заебанција настрана 200 души надвор и не е така добра вест. Одземена им е лиценцата?

200 директни и уште многу други индиректни, преку разно разни добавувачи. Сепак не гледам на ова позитивно загуба е за една економија, плаќаат придонеси, даноци, полнат буџет... Искрено не познавам главен град некаде без Мекдоналдс.
 
Нема шанси да се повлечат од Мекдоналдс, растураат со бизнисот во интерес е да бидат присутни, ако имаат проблем со овие од М6 сигурно ќе најдат некој друг бос што ќе ја откупи лиценцата.
 
Нема шанси да се повлечат од Мекдоналдс, растураат со бизнисот во интерес е да бидат присутни, ако имаат проблем со овие од М6 сигурно ќе најдат некој друг бос што ќе ја откупи лиценцата.

И мене така ми мириса, ама па зошто М6 би се откажале. Или можеби ги избркале, ќе видиме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom