Преминување од православен во католички христијанин?

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheep
  • Време на започнување Време на започнување
Ти реков дека тоа не е за клисари....
Стави ме на игнор оти ако не ќе си добиеш тоа што те следува...

А мене ќе ми одговориш на прашањето ?

Јас знам на која планета живеам и во која религија припаѓам а вие имате помешано нешто ... ти кога беше в црква да палиш свеќа за божик ? на 7 ми јануари или 24 декември ?
 
http://www.pravoslavlje.net/index.php?title=Божић

Божић се издваја у засебан празник и слави 25. децембра, у време цара Аркадија, 379. године.
Да би се Хришћани достојно припремили за Божић, установљен је Божићни пост од 15. новембра до 24. децембра, који није тако строг као Васкршњи.

ja se izvinuvam za 24, t.e. e na 25 dek, po julianski kalendar. (y)
--- надополнето: 12 мај 2013 во 22:40 ---
е оти спирално?
заврти се во круг и ќе добиеш спирала, додека се вртиш и земјава се врти и времено просторно се менува квантумот на исто, се оди нанапред, а ти во кругот одиш наназад за да дојдеш напред, пред време, земјата не се врти во круг туку како јајце и во константно бунење е против метафизика и физика на исто...:oops:
--- надополнето: 12 мај 2013 во 22:55 ---
Како бе католиците не се католици? Па цел свет ги вика католиците католици, сега ти ни велиш католиците не се католици :)
Башка Рим не се откажа од православните, туку православните се откажаа од Рим, се откажаа од послушноста кон папата. Тоа на пример, не беше случај со сесловенските просветители, Кирил и Методиј, кои му беа послушни на папата и кои во 868 беа во Рим за да бараат одобрение од папата за преведување на Светото Писмо на словенски јазик, кои за да му искажат чест на папата му однеле многу скапоцен подарок, а тоа биле моштите на Климент. Велам „скапоцен подарок“, бидејќи тогаш црквата имала силно развиен бизнис со мошти и други реликвии. Значи гледаме дека Кирил и Методиј го почитувале папата, му се поклониле, му дале и голем подарок и од него барале дозвола/одобрени за нивната служба во Моравија.

Рим си остана во Рим, а православните избегаа во Цариград и таму си самопрогласија автокефалност - спротивно на веќепостоечките црковни канони. Потоа тоа стана расколничка пракса за секоја новосоздадена православна црква да си самопрогласува автокефалност.
http://www.pravoslavlje.net/index.php?title=О_терминима_"Католичка"_и_"Саборна"
За свети Кирил и Методиј
 
заврти се во круг и ќе добиеш спирала, додека се вртиш и земјава се врти и времено просторно се менува квантумот на исто, се оди нанапред, а ти во кругот одиш наназад за да дојдеш напред, пред време, земјата не се врти во круг туку како јајце и во константно бунење е против метафизика и физика на исто...:oops:
OMG!!! :vozbud:
 
http://www.pravoslavlje.net/index.php?title=Божић

Божић се издваја у засебан празник и слави 25. децембра, у време цара Аркадија, 379. године.
Да би се Хришћани достојно припремили за Божић, установљен је Божићни пост од 15. новембра до 24. децембра, који није тако строг као Васкршњи.
25 декември е датум превземен опд паганските прослави за да христијнството стани поприфатливо за паганите. Никаде не е запишано кога е роден исус а во многу порани записи се споменува Април, Ноември, а и други докази укажуваат дека е роден околу Март
 
Потоа тоа стана расколничка пракса

...која продолжија да ја практикуваат сите секти кои се одвоија од римската Црква, почнувајќи од Лутер па се‘ до новокомпнираните протестанти од средината од 19-от век, основани од смртници, самоповикани пророци и самокрстени верници, со точно познати имиња и презимиња, кои лукаво се кријат зад „авторитетот„ од Светото Писмо.
 
Па и ја истото ти го велам, дека Кирил и Методиј му беа послушни на папата и во 868 година беа во Рим за да бараат одобрение од папата за преведување на Светото Писмо на словенски јазик. Таму Кирил и Методиј за да му искажат чест на папата му однеле многу скапоцен подарок, а тоа биле моштите на Климент. Велам „скапоцен подарок“, бидејќи тогаш црквата имала силно развиен бизнис со мошти и други реликвии. Значи гледаме дека Кирил и Методиј го почитувале папата, му се поклониле, му дале и голем подарок и од него барале дозвола/одобрениe за нивната служба во Моравија.
 
Ако е Светиот Дух кај нив (како што велиш), тогаш тие би требало да го прават тоа (како што велиш).

Чорба,

а да не залутал Светиот Дух кај Вас у Дебар-маало?...:unsure:
А да не е тоа случајно духот од поднебесието?
--- надополнето: 13 мај 2013 во 01:16 ---
Па и ја истото ти го велам, дека Кирил и Методиј му беа послушни на папата и во 868 година беа во Рим за да бараат одобрение од папата за преведување на Светото Писмо на словенски јазик. Таму Кирил и Методиј за да му искажат чест на папата му однеле многу скапоцен подарок, а тоа биле моштите на Климент. Велам „скапоцен подарок“, бидејќи тогаш црквата имала силно развиен бизнис со мошти и други реликвии. Значи гледаме дека Кирил и Методиј го почитувале папата, му се поклониле, му дале и голем подарок и од него барале дозвола/одобрениe за нивната служба во Моравија.

Секако дека Св. рамноапостолни Кирил и Методиј се обратиле кај тогашнито папа, но она кое ЛУКАВО И НАМЕРНО го прескокнуваш, тоа е фактот што Светите браќа се обратиле кај папата во времето пред расколот, кога Црквата се‘уште беше една, света, соборна и апостолска...:sneaky:

Ај кажи дека не е така...
 
Смотко, пак доаѓаш пијан на форум а? ц ц ц... па шо има да спомнувам таков детал, кога секој полуписмен знае дека Кирил и Методиј живееле во 9ти век, а расколот е во 11век :)
Јас само спомнав дека они го почитувале папата, го признавале неговиот авторитет.
 
Чорбо скапана,

па секако дека го признавале папскиот авторитет, затоа што самата поделба на западно и источно царство, значела и поделба на територијата врз која имале наделжности западниот и и источниот епископ, така да тогашна Моравија, т.е. денешна Чешка/Словачка била под надлежност од римскиот папа а не под константинполскиот патријарх, ама и ова намерно го прексокнуваш....:sneaky:
 
Чорбо скапана,
па секако дека го признавале папскиот авторитет,

Па тоа де и јас го велам :) Не знам зошто секогаш на православците шеќерот им се качува и се нервираат кога ќе се потсетат дека сесловенските просветители Кирил и Методиј го признавале авторитетот на папата, дека не биле бунтовници и не извршиле раскол и не си самопризнале автокефалност како православците у 1054г. Тие си биле послушни католици, лојални на папата и затоа биле испочитувани и од него и им било дадено тоа што го барале.

затоа што самата поделба на западно и источно царство, значела и поделба на територијата врз која имале наделжности западниот и и источниот епископ, така да тогашна Моравија, т.е. денешна Чешка/Словачка била под надлежност од римскиот папа а не под константинполскиот патријарх, ама и ова намерно го прексокнуваш....

Ти лукаво и намерно и ѓаолски лажеш дека тогашната Велика Моравија се простирала на денешна Чешка/Словачка. Еве доказ кој ќе ги разобличи твоите лукави и намерни и ѓаолски интриги:
http://en.wikipedia.org/wiki/Great_Moravia
Today part of
22px-Flag_of_Slovakia.svg.png
Slovakia (all)
22px-Flag_of_the_Czech_Republic.svg.png
Czech Republic(all)
22px-Flag_of_Hungary.svg.png
Hungary (all)
22px-Flag_of_Poland.svg.png
Poland (part)
22px-Flag_of_Germany.svg.png
Germany (part)
22px-Flag_of_Ukraine.svg.png
Ukraine (part)
22px-Flag_of_Romania.svg.png
Romania (part)
22px-Flag_of_Serbia.svg.png
Serbia (part)
22px-Flag_of_Croatia.svg.png
Croatia (part)
22px-Flag_of_Slovenia.svg.png
Slovenia (part)
22px-Flag_of_Austria.svg.png
Austria (part)

Потоа лукаво и намерно и ѓаолски премолчуваш и прескокнуваш да кажеш дека папата имал авторитет НАД патријархот на Константинопол.

Потоа лукаво и намерно и ѓаолски премолчуваш и прескокнуваш да кажеш дека папата им одобрил на Кирил и Методиј да ги преведат литургиите од латински на старословенски јазик. Символот на верата е дел од литургијата. Мислиш дека папата им дозволил да го тргнат зборчето „и од Синот“ од литургијата? ;) Се разбира дека не, тие си го користеле католичкиот символ на верата. Ете тоа ти лукаво и намерно и ѓаолски го премолчуваш и прескокнуваш да го кажеш. ;)
 
Па тоа де и јас го велам :) Не знам зошто секогаш на православците шеќерот им се качува и се нервираат кога ќе се потсетат дека сесловенските просветители Кирил и Методиј го признавале авторитетот на папата, дека не биле бунтовници и не извршиле раскол и не си самопризнале автокефалност како православците у 1054г. Тие си биле послушни католици, лојални на папата и затоа биле испочитувани и од него и им било дадено тоа што го барале.
1. Свети Кирил и Методиј пошле во Велика Моравија во мисија испратени од Ромејскиот цар и Константинополскиот Патријарх.
2. Кога стигнале во Рим со себе носеле веќе преведени богослужбени книги.
3. Во тоа време Филиоквето, исто како и сега, не било задолжително за припадниците на Римската Патријаршија.
4. Во Рим отишле за да дадат отчет поради мешањето во канонскиот поредок во Моравија (била под Рим, а од Константинопол биле мисионарите, богослужбен јазик дозволен од Рим бил латински, а светите браќа служеле на Словенски).
5. Свети Методија се борел против погубната ерес Филиокве и учествувал на соборот свикан од најсветиот Фотија, Патријарх Константинополски, на кој ереста била анатемисана. На истиот и уште 1-2 пати му давал отчет.
6. Поради (5) Римската Црква се крева против свети Методија и неговите свети ученици. Учениците на свети Методија се прогонети од страна на латините - расчинувани, убивани, протерувани, продавани за робови. Ромеите ги купуваат оние кои се робови и најсветиот Патријарх Фотија им ги враќа чиновите.
7. Константинополската Патријаршија од секогаш била автокефална, нејзината автокефалност е потврдена и на Вселенските собори на кои учествувала и Римската Патријаршија. (На крајот од краиштата, римскиот папа иако прв по чест никогаш не свикал Вселенски Собор)
8. Први анатема фрлиле претставниците на римската црква, а потоа помесен собор на Константинополската, Александриската, Антиохиската и Иерусалимската Патријаршија фрлиле анатема на римската патријаршија.
 
Тие си биле послушни католици, лојални на папата и затоа биле испочитувани и од него и им било дадено тоа што го барале.

Поголема ѓаолштина од ова-здравје!

Но добро, се работи за типична протестантска финта: земи што ти одговара и изврти го по све наоѓање, а другото прај се дека не постои...
--- надополнето: 13 мај 2013 во 14:24 ---
Ти лукаво и намерно и ѓаолски лажеш дека тогашната Велика Моравија се простирала на денешна Чешка/Словачка. Еве доказ кој ќе ги разобличи твоите лукави и намерни и ѓаолски интриги:

Не ми ги извртуј зоборовите: напишав Чешка/Словачка, но никаде не напишав дека се работи за денешните граници од тие две држави...
--- надополнето: 13 мај 2013 во 14:25 ---
Потоа лукаво и намерно и ѓаолски премолчуваш и прескокнуваш да кажеш дека папата имал авторитет НАД патријархот на Константинопол.

Папата си имал своја територијална надлежност, а тоа дека имал примат и врз Константинопол, тоа е саде Твоја фантазма...
--- надополнето: 13 мај 2013 во 14:26 ---
Мислиш дека папата им дозволил да го тргнат зборчето „и од Синот“ од литургијата? ;)

Уште една протестанска финта: сам си прашува, сам си дава одговор...
--- надополнето: 13 мај 2013 во 14:27 ---
Се разбира дека не,

А еве го и одговорот...:icon_lol:
--- надополнето: 13 мај 2013 во 14:29 ---
Ете тоа ти лукаво и намерно и ѓаолски го премолчуваш и прескокнуваш да го кажеш. ;)

А еве го и вториот дел од одговорот на самопоставеното прашање...:icon_lol:
Добро бе Чорба, да не беше Ти лично во мисијата заедно со Светите браќа?
 
Ох бре луѓе! А да преминеме од празноглави бар во јајцеглави, можда ќе се испили нешто од јајцето кога тогаш.
 
Ако има некој католик на форумов, нека ми пише порака!! Планирам да преминвам во католик. Дефинитивно ми е смачено православните попови,црквата и нивното третирање на верниците.
 
Ако има некој католик на форумов, нека ми пише порака!! Планирам да преминвам во католик. Дефинитивно ми е смачено православните попови,црквата и нивното третирање на верниците.
Тебе папата да те прифати за католик нема да ти биде доволно,кога вербата во Тој што веруваш ја ставаш пред земските работи како попови и слично.. многу светци живееле во пустина и сами па не им требале попови,ти живееш во цивилизација и се жалиш.Се надевам сфати.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom