Хомосексуални бракови во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Now we talking.... :)
Значи опресијата према жените е исто така наметнато однесување во едно општество, точно е дека тоа било наметнато скоро во сите општества и точно е дека тоа полека во светски рамки се искоренува. Значи еволуцијата на општествата се движи генерално во позитивен правец со некои отстапки. Додека кај Паштуните тоа не е случај. Не само што сеуште постои опресија према жената, и натаму постои хомосексуална педофилија. И без исклучок таму хомосексуалноста е наметната. Што ја става во редот да Disorder.
Сега би сакал да ми објасниш како тоа, заради присуството на сексуален акт врз деца кај паштуните го поврзуваш со хомосексуалност.
Убаво ти објаснив дека педофилијата е едно, а актот е сосем друго.

Од друга страна ако одиме според тоа што ти го викаш дека заради високиот процент на малолетни машки деца кои се злоставувани од страна на возрасни мажи - хомосексуалноста има стапка од дури 80%, нели правиме муабет за традиција на таа група. Нели во македонија сме негувани да ги чуваме нашите традиционални вредности.
Чиста глупост.

Сега дај ми статистика каде што 80% од Паштуните се декларирале како хомосексуалци. Значи не зборуваме за секс со машко туку зборуваме за статистика каде 80% се изјасниле како ХОМОСЕКСУАЛЦИ. Едно е половиот акт а друго е сексуалната ориентација.

KANDAHAR, Afghanistan—In his 29 years, Mohammed Daud has seen the faces of perhaps 200 women. A few dozen were family members. The rest were glimpses stolen when he should not have been looking and the women were caught without their face-shrouding burkas.
"How can you fall in love with a girl if you can’t see her face?" he asks.
Daud is unmarried and has sex only with men and boys. But he does not consider himself homosexual, at least not in the Western sense. "I like boys, but I like girls better," he says. "It’s just that we can’t see the women to see if they are beautiful. But we can see the boys, and so we can tell which of them is beautiful.
 
Напротив, тоа го прави несебичен. Ако го читаш него, и ред други по темава, ќе видиш дека сите се свесни дека хомосексуалците, истово време до година нема да ги добијат како новогодишно пакетче тие права кои се бараат, и кои се дискутираат овде. Баш ако си свесен дека нема да успееш да издејствуваш промена за себе, твојот живот, твојата генерација, тогаш бори се за наредните. За тоа и правиме муабет овде.

Освен ако ти имаш некоха друга дефиниција за себичност/несебичност (како што си имаш своја дефиниција за тоа што е педофилија).
Пред да ти одговорам, морам да ти кажам дека немам никаква дефиниција за педофилија поразлична од твојата, освен ако твојата не се разликува од општо прифатената.

Да точно е дека се свесни дека нема да го добијат тоа право, затоа и се исфрустрирани, затоа и се однесуваат арогантно, затоа и им е полесно да навредат и да омаловажат. Затоа се исти во однесување како оние што се однесуваат лошо према нив.

Постојат 2 начини да се избориш за своите права, насилен и ненасилен. Ненасилниот е потежок, пошто сакал ти или неќеш ќе се сретнеш со насилство. Ненасилниот пат, не познава ароганција и суета. Туку го нуди она што го бара, љубов и разбирање, па и на оние кои се највеќе против нив. Јас тоа тука не го гледам.
 
Полека, не летај.
Одговори ми, што ќе донесат толкавите билборди, знамињата и паролите по мостовите? Какво добро ќе донесат во Македонија за хомосексуалците? Ќе им дозволат брак? Ќе развијат свест? Што добро ќе донесат?
Укажуваме дека постои ЛГБТ популација во МК, и тоа во доста голема бројка. До пред некое време немаше ниту билборди, ниту знамиња, ниту плакати, и коа некој активист ќе се упатеше до министерствата за било каква заштита и права на ЛГБТ во Македонија, политичарите излегуваа по емисии и низ потсмев изјавуваа дека цела македонската нација е хетеросексуална, со ретки исклучоци, и дека таа бројка не е доволна за ние да добиеме заштита и права. А така мислеа и голем дел од населението, и прифатија дека Македонците се 99,9 % хетеро, со влијанието на медиумите, почнаа да се мешаат тука и традиции дека хомосексуалноста е погрешен избор (а не е избор) и дека тоа не е дел од македонската култура (а во центарот на нашиот главен град праат огромен споменик на Александар Велики, кој патем не бил хетеро, а му се восхитува поголемиот дел на денешната МК нација), едноставно нема логика во тоа што го прават. Еве, сеа е сосема поинаква ситуација, гледаат дека дел од ЛГБТ лицата, излегуваме надвор и јасно даваме до знаење на сите дека сме хомосексуалци и дека не има во МК, без разлика на последици од конзервативците кои понекогаш се дешава да не нападнат, и власта наеднаш почна да се залага за "здрава" заедница во МК, односно заедница на маж и жена со најмалку 3 деца, впрочем, само тоа и е нормална и здрава заедница според нив, сите други што не се придржуваат на тоа се болни, изопачени, нездрави. Ете ти, објаснување на кратко зашто се билбордите.
 
Не можеш кампањите на Владата да ги рамњаш со "кампањава" за ЛГБТ права. Целите се други, и сосема различна е инвестицијата и нивото на егзекуција на истото.
--- надополнето: 12 мај 2013 во 19:16 ---


Затоа што дроби работа која се рамни со тврдења од типот дека Земјата е рамна плоча, и се комбинираат селектирани групи на факти, и нивната интерпретација служи за подгревање валидност на веќе луда теорија. Е затоа. Бидејќи се прави начитан на темава, посебно за педофилијата, а основната номенклатура не ја знае во textbook-чињата на психијатрите за формите на педофилија и нејзината корелација со хомосексуалноста.

Истото важи и за сите други кои пробуваат да оформат мост помеѓу хомосексуалноста и педофилијата.

Епа одговорете му дека не е во право, споредете му со други примери, побијте го, зошто се обидувате да го дискредитирате како личност?
После плачете кога ве пцуе Гаро, тоа не ви се свиѓа, нормална дискусија не ви се свиѓа, што побогу треба да направам со темава? Да ја фрлам во канта најдобро.
 
На форум за лјубов и секс најмногу се зборува за хомосексуални бракови.Малце сумлива ми е работава!:cautious:
 
Затоа што дроби работа која се рамни со тврдења од типот дека Земјата е рамна плоча, и се комбинираат селектирани групи на факти, и нивната интерпретација служи за подгревање валидност на веќе луда теорија. Е затоа. Бидејќи се прави начитан на темава, посебно за педофилијата, а основната номенклатура не ја знае во textbook-чињата на психијатрите за формите на педофилија и нејзината корелација со хомосексуалноста.

Истото важи и за сите други кои пробуваат да оформат мост помеѓу хомосексуалноста и педофилијата.
Абе чоек, јас ниту измислувам факти ниту донесувам научни заклучоци, јас само донесувам заклучоци кои би ги донел секој нормален човек.
Фактите за Паштунското општество се:
1. 80% од мажите се хомосексуалци пошто имале сексуален однос со маж.
2. Скоро сите хомосексуални мажи биле силувани на возраст од 7-15 години
3. Скоро сите хомосексуалци практикуваат секс со деца помеѓу 7-15 години.

Ти можеш сега да користиш каква сакаш литература и колку сакаш да си начитан. И самиот Фројд да дојде во одбрана на хомосексуалците, кај обичниот народ тоа нема да помине.
 
Зошто не смее пример за стекната хомосексуалност? Каде е тоа надвор од темата?
Ова е општата тема за хомосексуалност, па збориме за етиологијата, или збориме за бракови меѓу истополови партнери? Ако ја сум у грешка, спојте ги сите теми за хомосексуалците, па да кукурикаме сите заедно на исто буниште.
 
Сега би сакал да ми објасниш како тоа, заради присуството на сексуален акт врз деца кај паштуните го поврзуваш со хомосексуалност.
Убаво ти објаснив дека педофилијата е едно, а актот е сосем друго.

Од друга страна ако одиме според тоа што ти го викаш дека заради високиот процент на малолетни машки деца кои се злоставувани од страна на возрасни мажи - хомосексуалноста има стапка од дури 80%, нели правиме муабет за традиција на таа група. Нели во македонија сме негувани да ги чуваме нашите традиционални вредности.
Чиста глупост.

Сега дај ми статистика каде што 80% од Паштуните се декларирале како хомосексуалци. Значи не зборуваме за секс со машко туку зборуваме за статистика каде 80% се изјасниле како ХОМОСЕКСУАЛЦИ. Едно е половиот акт а друго е сексуалната ориентација.
Аха, значи хомосексуалноста е чувство сега, јас се пердашам со машки ама не се чувстувам за Хомосексуалец. Жими се не сум хомосексуалец.

Homosexuality is romantic attraction, sexual attraction, or sexual activity between members of the same sex or gender.
 
Епа одговорете му дека не е во право, споредете му со други примери, побијте го, зошто се обидувате да го дискредитирате како личност?
После плачете кога ве пцуе Гаро, тоа не ви се свиѓа, нормална дискусија не ви се свиѓа, што побогу треба да направам со темава? Да ја фрлам во канта најдобро.
Една затворивте оваа следна е?
Зошто никој не го искоментира истражувањето што го постирав кое патем го преведував за да му докажам дека педофилијата, актот на полово дејство врз дете, хомосексуалноста, врска немаат.
Во истражувањето дури од скоро 262 чинам случаи на полов напад врз дете од страна на возрасно лице само 2јца се декларирале како хомосексуалци.
Педофилите дури немаат ни свој сексуален идентитет. Тие не се палат на стрикно машки или женски деца, нивната сексуалност се сведува на возраста на индивидуата.

Општеството за кое што тој збори се развива во стрикни форми, нив им е забранувано да гледаат жена. Погоре цитатот од еден паштунец кој вика како да се вљубиш во жена ако неможеш да ја видиш. Па вика гледаме машки и знаеме да кажеме кое од нив е убаво а кое не.
Понатаму тој кажува дека сакам да имам секс со машки но повејќе сакам женски.

Очигледно ТРАДИЦИЈАТА во тоа општество е таква која допринесува за таков развиток. Одтука би било малце глупо да споредуваме културни обележја и традиција со едно општество како македонското. Кое иако уназацдува во секој случај е децении понапред од истото.

Зар е малце да се укажи на фактот дека голем број од муслиманското население дури и во македонија заради нивните обичаи, практикуваат секс со машки лица додека нели не се оженат.
Тешко им е да најдат сексуална партерка па овој начин им е полесен. Не велам дека се сите такви, не генерализирам ама како примери се бројни.

Ова посочува на фактот дека нивната "ХОМОСЕКСУАЛНОСТ" како што ја виката, стекната или вродена, нема врска со фактичката сексуална ориентација на единката.
Статистички и самите паштуни не се декларираат како хомосексуалци. Па од тука е малку чудно да го внесеш тоа во официјална дебата како конструктивен издржан аргумент.
Ама нали секад е позгодно да бидеш игнорантен и да јадеш шипинки
 
Зошто да не ги спомене Паштуните? Зошто не смее пример за стекната хомосексуалност? Каде е тоа надвор од темата? За што треба овде да збориме за едно та исто без никакви нови насоки? Педофилијата и зоофилијата од прва страна се дробат, зошто дури сега ти засметаа?
Те бомбардирав со прашања. Неможе само она што ни одговара да го дискутираме, баш вакви примери требаат на темата. Јас на пример никогаш не сум чула за тоа општество кое ете според јамајка брои 20 милиони, нешто ново научив.
А дали имаш слушнато за Индија, каде што огромен дел на женски деца од 7-8 години ги мажат за 70 годишни старци, нели и тоа е стекната хетеросексуалност + педофилија? Можеби тие деца се родени како лезбејки, али се приморани уште на 8 години да бидат хетеро.

* Дискусија на овој начин никаде не води.
 
Аха, значи хомосексуалноста е чувство сега, јас се пердашам со машки ама не се чувстувам за Хомосексуалец. Жими се не сум хомосексуалец.

Homosexuality is romantic attraction, sexual attraction, or sexual activity between members of the same sex or gender.
а ова ROMANTIC ATTRACTION?
самиот акт на секс помеѓу двајца припадници на ист пол не означува дека индивидуата е хомосексуалец. Има термин кој ги вклучува и овие подгрупи наречен MSM или man having sex with other man.


И ако барем пренесуваш нешто пренеси го целосно.
Homosexuality is romantic attraction, sexual attraction, or sexual activity between members of the same sex or gender. As an orientation, homosexuality refers to "an enduring pattern of or disposition to experience sexual, affectionate, or romantic

attractions" primarily or exclusively to people of the same sex. Прајме разлика?
 
Зошто никој не го искоментира истражувањето што го постирав кое патем го преведував за да му докажам дека педофилијата, актот на полово дејство врз дете, хомосексуалноста, врска немаат.
Немој да плачеш, јас го искоментирав и ти дадов одговор и споредба со случајот што го кажувам јас.
 
а ова ROMANTIC ATTRACTION?
самиот акт на секс помеѓу двајца припадници на ист пол не означува дека индивидуата е хомосексуалец. Има термин кој ги вклучува и овие подгрупи наречен MSM или man having sex with other man.


И ако барем пренесуваш нешто пренеси го целосно.
Homosexuality is romantic attraction, sexual attraction, or sexual activity between members of the same sex or gender. As an orientation, homosexuality refers to "an enduring pattern of or disposition to experience sexual, affectionate, or romantic

attractions" primarily or exclusively to people of the same sex. Прајме разлика?
Праам разлика, пишува таму сврзник OR, значи или.

Би ти препорачал да не навлегуваш во дискусија за тоа што е хомосексуалност, пошто во истражувањето што го посочив јасно се гледа хомосексуалноста на Паштуните.
 
Абе чоек, јас ниту измислувам факти ниту донесувам научни заклучоци, јас само донесувам заклучоци кои би ги донел секој нормален човек.
Фактите за Паштунското општество се:
1. 80% од мажите се хомосексуалци пошто имале сексуален однос со маж.
2. Скоро сите хомосексуални мажи биле силувани на возраст од 7-15 години
3. Скоро сите хомосексуалци практикуваат секс со деца помеѓу 7-15 години.

Ти можеш сега да користиш каква сакаш литература и колку сакаш да си начитан. И самиот Фројд да дојде во одбрана на хомосексуалците, кај обичниот народ тоа нема да помине.
Линк??
 
Пред да ти одговорам, морам да ти кажам дека немам никаква дефиниција за педофилија поразлична од твојата, освен ако твојата не се разликува од општо прифатената.

Да точно е дека се свесни дека нема да го добијат тоа право, затоа и се исфрустрирани, затоа и се однесуваат арогантно, затоа и им е полесно да навредат и да омаловажат. Затоа се исти во однесување како оние што се однесуваат лошо према нив.

Постојат 2 начини да се избориш за своите права, насилен и ненасилен. Ненасилниот е потежок, пошто сакал ти или неќеш ќе се сретнеш со насилство. Ненасилниот пат, не познава ароганција и суета. Туку го нуди она што го бара, љубов и разбирање, па и на оние кои се највеќе против нив. Јас тоа тука не го гледам.

Јас не видов никаде дека си ти лично навреден. Ако си навреден од нечиј коментар, постои опција пријава, па пријавувај, барем за овој подфорум имаме активен модератор кој не гледа низ прсти, ако некој те навредил, ќе го јаде.

Од друга страна, ти се обидуваш со малку плунка да залепиш неколку факти во има на некоја твоја верзија за тоа што е педофилијата, која баш се контрира со општо-прифатените тези за истата. Не за џабе реков дека се работи за лична теорија. Исто така, поврзаноста што се обидуваш да ја прикажеш може да навреди некои хомосексуалци. Или океј е ако тие се навредат, по цена на дискусијата? Само тебе случајно да не те навредиме.

Јас на пример нир сум исфрустриран (барем не заради тоа за кое дискутираме), нити сум арогантен (можеби така се поставувам некогаш овде), нити омаловажувам некого (можеби изворот на некои информации кои ги имаат, или нивото на запознаеност со некоја тема). Лични навреди јас колку што се сеќавам, никому не сум поделил.

Доста хомосексуалци и други луѓе би гледале косо на ова, но јас сум за малку поагресивна акција во однос на барањата на хомосексуалците. Никогаш не сум бил некој пасивен, трпелив, или хардкор миротворец, па да молам на милост и убави зборови некој да ме третира како човек од еднаков калибар, по вредност. Сепак се работи за мои лични права. Среќа не е на мене се оставено да организирам, бидејќи лично гледам вака никој од владеачката гарнитура ни ги лази мува и абсолутно никакви резултати нема, и мислам дека не не сфаќа никој сериозно, и да беше до мене, со палки и со молотови пред Влада ќе бевме нацртани за протести. Не да веам знамеца и банерчиња облечен во нешто шарено / виножитно и да рипкам на улица како Дороти со Тото на жолтата патека.

На Албанците им успеа? Им успеа.

Но и за агресивен, и за мирен пристап, треба бројка. Кога бројката ја нема, џабе е буквално се. Како што кажа и Donald Sikert претходно, јас сум само еден пример на отворено геј човек кој он го познава, воедно и јас сум сам единствениот отворено геј човек кој лично го познавам :). Тоа говори доволно. Отворено геј лицата се во мал број и реално не можат да направат некаква разлика, по кој и да идат пристап. Со анонимност нема да се добијата правата. Кај жените и кај црнците тоа беше друга приказна, бидејќи они не можеа да го кријат тоа што се, но премногу хомосексуалци се навикнаа на параноичниот живот овде, живеејќи го животот како геј особа исклучиво позади 4 ѕида.

Затоа, јас мојата порозова иднина не планирам тука да ја ткајам, како хомосексуалец (но и како граѓанин, кој има ред други прашања по социо-економски аспект, кои се и поалармантни отколку личните прашања по сексуална ориентација), туку ќе ја барам на друго место. Премногу време имам жртвувано на глупости, а имам други приоритети. Некои луѓе гледаат приоритет тоа да го освестат народов и да се борат за тие права овде, секоја им чест. Јас додека не видам критична бројка, лично да се занимавам со тоа ми се фаќа како да се впуштам во уште една глупост на која ќе потрошам драгоцено време.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom