Хомосексуални бракови во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Али вие си се борите само за вашата мочана (се извинвам ради тоа шо неможев да најдам посоодветен збор) кауза, ги оставате настрана останатите животни проблеми кои ги засегаат сите, го издигнувате вашето гејство како нешто посебно заборавајќи ги другите животни вредности.
Секој граѓанин на оваа држава се соочува со истите проблеми: низок стандард, ограниченост во умот, визна изолација, терор од власта, како да се сврзе први со први.

Како еден човек, кој државата го третира како невидлив дух, да најде сили да се бори против се ова, ако правото на законска рамноправност во поглед на одредени права и обврски му се ускратени?

Која дрскост и непромисленост е да се каже дека педерите се грижеле само за гејството свое, како они да живеат од ветар и воздух и сметката у банка им се пуни од број на постови по форум или залепени плакати низ град.

Простотилук.
 
Полека, не летај.
Одговори ми, што ќе донесат толкавите билборди, знамињата и паролите по мостовите? Какво добро ќе донесат во Македонија за хомосексуалците? Ќе им дозволат брак? Ќе развијат свест? Што добро ќе донесат?
Ароганцијата и суетета е на прво место.
 
Ги згрешил некој аповите од сабајле. Ти изгледа одамна си ја заборавила 2001 година, па не знаеш што е нападност и агресивност па споредуваш педери со терористи. Имаш линк у потпис кај мене, види ги ремек-делата на дел од албанската популација у државата и после кажи овде како тоа ти, како админ на форумов, кој треба да е објективен до некаде, сметаш дека е агресивно поставување билборди за мирна и законска промоција на нечии права и ширење на недискриминација.

Срамота leandra.
Срамота.
Претеруваш, јас повеќе го гледам смисолот што во 2001 година а и пред а и по тоа тие се жалеа дека се дискриминирани обесправени малтретирани, Иако имаа свои министри политички партии градоначалници заменици министр директори на државни фирми, повторуваа едно по друго дека се диискриминирани дека се обесправени. И денес истото го кажуваат. Тука ја гледам сличноста со гејојте
 
Полека, не летај.
Одговори ми, што ќе донесат толкавите билборди, знамињата и паролите по мостовите? Какво добро ќе донесат во Македонија за хомосексуалците? Ќе им дозволат брак? Ќе развијат свест? Што добро ќе донесат?
Што им носат на смрдливите ни политичари онолкави билборди, партиски знамиња и пароли по мостови?
Ја да сум на место на некои си таму кои кобајаги се борат за правата на лгбт, и политичка партија ќе имаа, па тогаш да видат што е радикалност. А они продадени душички што веднат глава на стогодишни ветувања на некои политички субјекти и некое евро од страна, па сега дури и радикални биле со билборди на кои пишува Лесно е да мразиш, храбро е да љубиш?!?!?!

Абе се читате ли вие?
--- надополнето: 12 мај 2013 во 18:34 ---
Ароганцијата и суетета е на прво место.
Ароганција е цело време да се трола за некои паштуни и педофилија на тема за хомосексуални бракови, а админите и модераторите да се прават слепи на грубите кршења на правилата на форумот и нивото на дискусија.
 
Што има носат на смрдливите ни политичари онолкави билборди, партиски знамиња и пароли по мостови?
Ја да сум на место на некои си таму кои кобајаги се борат за правата на лгбт, и политичка партија ќе имаа, па тогаш да видат што е радикалност.
Ете сам го даде одговорот. Зарем оваа пропаганда на ЛГБТ со билборди и пароли не те потсетува на некоја агресивна кампања? Зарем пред 3 месеци на шител не се водеше медиумска хајка против ЛГБТ?
Се е тоа еден ист маркетинг, агресивен и нападен. Во време на ваква поддршка на една владеачка гарнитура, со едни вакви приврзаници и целни групи, зарем мислиш дека е погоден момент за агресивна кампања?
Трпение Саган, пред некој ден една Франција донесе закон за брак. Американските држави гласаа по ова прашање, ние сме најмалку 20 години поназад за ова прашање. Кај нас за хомосексуалност почна да се зборува пред 8 години од прилика, до 95та беше и против законско определувањето. Италија и Грција со таков број на хомосексуалци сеуште не се имаат изборено. Полека, каде се брза? И да се дозволи биди реален колку ќе го искористат правото на унија/брак? Три пара во Македонија?
Мојот став е оддамна јасен на темава, хомосексуалците мора и треба да имаат право на правна формулација на својата врска и право на деца. Но Македонија сега созрева по ова прашање, секоја нападност создава контра ефект.
--- надополнето: 12 мај 2013 во 18:42 ---
Ароганција е цело време да се трола за некои паштуни и педофилија на тема за хомосексуални бракови, а админите и модераторите да се прават слепи на грубите кршења на правилата на форумот и нивото на дискусија.
Да беше девојка ќе те прашав дали си во пмс, многу си изнервиран. Груби кршења на правилата на форумот и ниво на дискусија? Подобро ниво на дискусија на темава никогаш немало, на Гаро да не е добра дискусија? Кршење правила? Каде гледаш навреди?
Патем слободно пријави мислење администраторите да ја видат темава, јас како модератор на подфорумов ти гарантирам дека подобра дискусија од претходниве десет страни на темава не се воделе.
 
По стоти пат ќе кажам, прво треба лгбт лицата кај нас да се свестат за можноста која ја имаат за да издејствуваат промени, а потоа да се бараат тие промени да станат реалност. Што можеме да очекуваме кога и лгбт лицата гласаат за политички опции кои отворено ги гледаат како нездрави и вршат пропаганда преку нивните медиумски проститутки. Па да бидеме реално, голем дел од лгбт популацијата кај нас не ги заслужува тие права зошто со прст не мрдаат, а на избори ревносно гласаат за оние кои цело време ги понижуваат.
Промените ќе дојдат и тоа под притисок на Европа. Неминовно е колку и да не сака Македонија да го прифати тоа. Битно за сега... пиј си кафе, пуши си тутун, азното само ќе си дојде. Мото на цела лгбт популација кај нас.
 
Овде гејојте се срамат да признат на најблиски дека се гејој или ако тоа се признае се чува како најголема тајна. Зато е глупост кога се посочува холандија, америка, германија.... како репер за социјални и општествени услови. Таму бе брат и сестра ќе се разделат и не контактираат освен за нова година и роденден. На 18 години заминуваат децата од дома и почнуваат нов живот. А да не збораме за тетки први втори брачеди кумови старосвати девери золви... таму ни на погреб не се берат. Овде е поинаку семејните врски и традиции се силни, длабоко вкоренети, 2-3 генерации живеат под ист покрив, се уште е битно мислење на блиски на комшии и приатели, по 400 души се канат на свадби и се пука во воздух за раѓање на син. Гејојте денес можат во МК да живеат слободно и рает никој не спречува геј пар да почнат да живеат заедно и самостојно, но тоа го немаме. Имаме многу хетеро двојки кои живеат заедно и без брак но немам слушнато за геј.
Прашајте се зошто е така.
 
Now we talking.... :)
Добро, ајде од друга страна да го разгледаме твојот муабет. Во арапскиот свет жената се третира на тој и тој начин, во општества кои бројат 20 милиони жители. Тоа е нормално однесување за таа средина. Според твојот муабет, правилото би било дека секоја жена во Светот се третира на тој начин. И тоа е стекнато однесување. Ете ја твојата логика и аргументација :) Колку што е ова правило на Арапската жена во светски рамки, толку и Паштунците се правило во хомосексуалниот свет.
Ок, држи вода. Но имаме една тенденција во светски рамки, а тоа е еманципација на жената, која ете закаснила во арапскиот свет но секако се случува. Имаме во арапскиот свет жени докторки, учителки. Доста жени од арапскиот свет, Турските држави и Иран кои се школуваат на запад и така натака, меѓутоа кога сме веќе кај правата на жените, сигнификантно е дека единствено нема во тој правец напредок во Паштунското општество, таму жената е под силна опресија. Сега малце се олабави да нема јавни погубувања на жени, после Америчката окупација. Но тоа не е дека хомосексуалното општество тоа го налагало, туку дека окупаторите тоа го налагаат.

Значи опресијата према жените е исто така наметнато однесување во едно општество, точно е дека тоа било наметнато скоро во сите општества и точно е дека тоа полека во светски рамки се искоренува. Значи еволуцијата на општествата се движи генерално во позитивен правец со некои отстапки. Додека кај Паштуните тоа не е случај. Не само што сеуште постои опресија према жената, и натаму постои хомосексуална педофилија. И без исклучок таму хомосексуалноста е наметната. Што ја става во редот да Disorder.


Јок, ти збориш за исклучок во хомосексуален свет. Педофилијата како што се поврзува со хомосексуалноста, така се поврзува и со хетеросексуалноста. Во светски рамки би било добро да видиме бројки. Што значи твојата стриктна поврзаност на хомосексуалноста и педофилијата би паднала во вода. Како твој втор аргумент.
Кажи ми друго едно општество, каде што 80% од машките деца се жртви на хомосексуална педофилија. Или хетеросексуална педофилија или било каква педофилија. Значи кога збориме за општество каде што 80% од машкото население е хомосексуално и кое својот хомосексуализам луѓето го влечат од најраните денови од детството, тогаш само по себе се наметнува тоа мислење.

Трето дали е болест или не одредуваат медицински интитуции. Фактот е дека хомосексуалноста ја нема во болест. Крај на овој муабет, кога ќе биде на листа на болести ќе ја разговараме како болест, дотогаш ќе ја разговараме во сексуална ориентација.
Ок, значи ти збориш за европската медицина, што е на пример со Кинеската медицина, Индиската медицина, Руската медицина, Арапската медицина, Кубанската медицина? Нели овие медицини застапуваат 2/3 од светската популација и повеќе?

Дека нема ни Б од борба јас се согласувам. Само таа борба не ја очекувам со народот него со институциите. Кад тад чим за се како држава чекаме амин и ова ќе помине без апсолутно никаков проблем. Форсирањето донесува поголе штета, одколку позитивна реакција.
Погрешно размислување, владата било да е оваа сега, било да е сегашната опозиција нема да си става трн во здрава нога по ова прашање. Трет пат ќе кажам, владата има начин да им оди на ќејф на граѓаните и притоа да ја протурка својата политика, со пресметани ризици. Во ситуацијава каква што е, и со кампањата нивна каква што е, ништо нема да постигнат. Ама апсолутно ништо, освен поголем гнев кај народот.
Доколку се насочат кон народот, суптилно и ненападно, тогаш имаат некаква шанса да бидат прифатени како луѓе. Дотогаш во очите на народот кај нас, ќе бидат болни, а Паштунското општество ќе биде аргументот, кој неможе да го собори една неегзактна наука, каква што е медицината.

Неможе ЛГБТ да глуми влада во овој состав на власт :D Ние секојдневно имаме бомбардирање со владика Петар и неговите остроумни изјави, имаме тв спотови за трето дете и разно разни глупости. Дали е навреда тоа до гласачите на власта? Чим таа политика ја поддржуваат треба да бидат горди на своите реклами. Ако се вреѓаат од моите зборови тоа е нивен проблем не мој. Јас мислам дека сето тоа е ретардирано, и онака сум капка во морето и излегувам од мнозинството и не подлегнувам под моралните и етички норми во ова општество.
Нормално е црквата да биде против хомосексуалците, и тоа треба да се прифати како нормално. И нормално е десничарските партии да бидат против хомосексуалците и тоа треба да се прифати како нормално. Доколку се насочи кампања против тие партии и против црквата, движењето е осудено на пропаст, дека политичките структурри што сега највеќе ги подржуваат хомосексуалците(левицата) до вчера ги криминализираше, немој да си мислиш дека доколку дојдат на власт во овие услови, ќе бидат на некое поинакво становиште. Не е многу далечно минато кога они беа на власт...

Политичките партии пред се ги интересира власта, како ќе ги вклопат работите во својата идеологија.... ее тоа е веќе политиката... Но во секој случај револуционерни чекори превземаат револуционерите, а не политичките партии.
--- надополнето: 12 мај 2013 во 18:55 ---
Ароганција е цело време да се трола за некои паштуни и педофилија на тема за хомосексуални бракови, а админите и модераторите да се прават слепи на грубите кршења на правилата на форумот и нивото на дискусија.
Точно, арогантен сум и ми се може, пошто јас во случајов сум од позиција на сила и на трка од 100 метри имам 99.9 метри предност. За да те почекам и да биде фер, треба да ме намамиш. Со оваа метода што се користи мене ми останува само да те дотолчам, зошто ако хомосексуалците се сега вака арогантни и суетни, нема да бидат ништо поразлични од Паштуните ако им се даде моќ.
 
Во време на ваква поддршка на една владеачка гарнитура, со едни вакви приврзаници и целни групи, зарем мислиш дека е погоден момент за агресивна кампања?

Агресивна кампања?!?!
Дај молим те leandra,

И кога е погоден момент за барање на ПРАВА преку мирна и ненасилна кампања? На 50 години? На 60? У ковчег?
 
Агресивна кампања?!?!
Дај молим те leandra,

И кога е погоден момент за барање на ПРАВА преку мирна и ненасилна кампања? На 50 години? На 60? У ковчег?
Ова те прави себичен, не треба се бориш за допринес за себеси, туку за наредните генерации. Револуцијата ги јаде своите деца.
 
Now we talking.... :)
Точно, арогантен сум и ми се може, пошто јас во случајов сум од позиција на сила и на трка од 100 метри имам 99.9 метри предност.
Ти предност некаква пред лгбт-популацијата имаш само у твојата глава. Колку порано излезеш од филмот у кој си влегол, тоа поарно за тебе.

leandra, ако ти не гледаш кршење на правилата за дискутирање на темава, да те потсетам дека у послдните страни членот погоре меша педофилија и некакви си Паштуни со хомосексуалност и бракови.

Да земам ја у темата Во врска со љубовта... да пишувам рецепти за готвење, ќе биде ли тоа коректно?
 
Агресивна кампања?!?!
Дај молим те leandra,

И кога е погоден момент за барање на ПРАВА преку мирна и ненасилна кампања? На 50 години? На 60? У ковчег?
Агресивна ли е на власта кампањата за било кое прашање? Ако не е нивната тогаш и овие големи билборди не се агресивна кампања.
Погоден момент? Според економијата треба да се создадат услови за да инвестираш, веројатно и општествениве односи функционираат на ист начин.
 
Ова те прави себичен, не треба се бориш за допринес за себеси, туку за наредните генерации. Револуцијата ги јаде своите деца.

Напротив, тоа го прави несебичен. Ако го читаш него, и ред други по темава, ќе видиш дека сите се свесни дека хомосексуалците, истово време до година нема да ги добијат како новогодишно пакетче тие права кои се бараат, и кои се дискутираат овде. Баш ако си свесен дека нема да успееш да издејствуваш промена за себе, твојот живот, твојата генерација, тогаш бори се за наредните. За тоа и правиме муабет овде.

Освен ако ти имаш некоја друга дефиниција за себичност/несебичност (како што си имаш своја дефиниција за тоа што е педофилија).
 
Ти предност некаква пред лгбт-популацијата имаш само у твојата глава. Колку порано излезеш од филмот у кој си влегол, тоа поарно за тебе.

leandra, ако ти не гледаш кршење на правилата за дискутирање на темава, да те потсетам дека у послдните страни членот погоре меша педофилија и некакви си Паштуни со хомосексуалност и бракови.

Да земам ја у темата Во врска со љубовта... да пишувам рецепти за готвење, ќе биде ли тоа коректно?

Зошто да не ги спомене Паштуните? Зошто не смее пример за стекната хомосексуалност? Каде е тоа надвор од темата? За што треба овде да збориме за едно та исто без никакви нови насоки? Педофилијата и зоофилијата од прва страна се дробат, зошто дури сега ти засметаа?
Те бомбардирав со прашања. Неможе само она што ни одговара да го дискутираме, баш вакви примери требаат на темата. Јас на пример никогаш не сум чула за тоа општество кое ете според јамајка брои 20 милиони, нешто ново научив.
 
Агресивна ли е на власта кампањата за било кое прашање? Ако не е нивната тогаш и овие големи билборди не се агресивна кампања.
Погоден момент? Според економијата треба да се создадат услови за да инвестираш, веројатно и општествениве односи функционираат на ист начин.

Не можеш кампањите на Владата да ги рамњаш со "кампањава" за ЛГБТ права. Целите се други, и сосема различна е инвестицијата и нивото на егзекуција на истото.
--- надополнето: 12 мај 2013 во 19:16 ---
Зошто да не ги спомене Паштуните? Зошто не смее пример за стекната хомосексуалност? Каде е тоа надвор од темата? За што треба овде да збориме за едно та исто без никакви нови насоки? Педофилијата и зоофилијата од прва страна се дробат, зошто дури сега ти засметаа?
Те бомбардирав со прашања. Неможе само она што ни одговара да го дискутираме, баш вакви примери требаат на темата. Јас на пример никогаш не сум чула за тоа општество кое ете според јамајка брои 20 милиони, нешто ново научив.

Затоа што дроби работа која се рамни со тврдења од типот дека Земјата е рамна плоча, и се комбинираат селектирани групи на факти, и нивната интерпретација служи за подгревање валидност на веќе луда теорија. Е затоа. Бидејќи се прави начитан на темава, посебно за педофилијата, а основната номенклатура не ја знае во textbook-чињата на психијатрите за формите на педофилија и нејзината корелација со хомосексуалноста.

Истото важи и за сите други кои пробуваат да оформат мост помеѓу хомосексуалноста и педофилијата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom