Кога имав 15-16 години, имав дискусии (расправии) со еден куп бугари по интернет.
На крајот никој никого во ништо не убедува и секој си останува на својот став
Јас искрено не сум доволно кадарен и запознаен за да можам да одговорам на прашањата, иако секогаш се трудам да научам што повеќе, а и општо историјата ми е многу интересна тематика.
Сум забележал на форумов дека има неколку членови што се навистина способни и спремни да зборуваат на оваа тема и да ти дадат одговори, има и посебна дискусија за ова на форумов, па одговори барај од нив.
Јас немам повеќе енергија и желба да терам бескрајни дискусии, затоа што го знам крајот и е навистина бесполезно да се троши енергија на тоа. Ниту ти мене ќе ме освестиш дека сум Бугарин, ниту јас ќе те убедам во посебен македонски народ пред 150 години.
Реалноста е дека денес во Македонија народот има македонска национална свест, (без разлика што вие мислите дека во минатото не било така). Проблемот што сега постои меѓу Мк и Бг тешко да се реши на некој начин.
Морам да кажам дека сте опасни фраери со пасошиве, пиши дека си Бугарин и повели земи си ЕУ пасош. А во Македонија има Македонци и Македончиња, па Македончињата веднаш се пријавија.
Нешто што ми беше многу интересно во Софија кога бев пред 2 недели беше фактот што половина од улиците и булеварите носат имиња на македонци, или пак македонски топоними, а по улиците слушнав македонски народни песни.
Па добро бре, и да беа Македонците - Бугари зарем 50% од историјата и цел фолклор ви е од тука ?
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)