Прееска немав време па сеа ќе пишам некој збор околу финалето. Како и што очекував Надал лесно во два сета го совлада Вавринка. Едноставно Вавринка беше истоштен и емоционално и физички последниве две недели, сврза доста добри но и долги мечеви и тоа остави последица на него во финалето.
Надал одличен, конечно сум задоволен од него, секако дека има простор за подобрување, мора да поработи на смечовите и играта на мрежа, како и на неизнудените грешки, не дека грешеше денес многу но сепак имаше неколку невообичаени грешки за него. И не знам дали приметивте али конечно Рафа беше добар на бекхенд, клучниот удар во неговата игра. Најверојатно после поразот од Новак и речиси загубениот меч против Ферер сфатил дека нема што да калкулира од бекхенд, дека мора да биде што е можно поагресивен. Баш добро го пратев денес како мава од бекхенд, доста рамно маваше и го фаќаше топчето во искачување, значи не го чекаше малце да падне па да изигра топ спин бекхенд туку го маваше доста рано што му носеше предност и иницијатива во поените. Сервисот одличен, не му дозволи ниту една брејк шанса на Вавринка, единствено во вториот сет дозволи еден негов сервис гем да се игра на разлика другото се беше убедливо. Едноставно тенисерите со еднорачен бекхенд се како локум за Рафа на земјена подлога, ги убива со високите спинови на нивниот бекхенд.
Ако продолжи вака тврдам дека нема да загуби ниту во Рим ниту во Париз, бидејќи ваков агресивен Надал на земја тешко некој да го победи, па дури мислам дека и Новак не може. Но, ништо не се знае, се се сведува на муабетите АКО игра вака, АКО биде во оваа форма... Затоа останува да видиме што ќе се случува во наредните 3-4 недели, сега одма следи Рим, значи уште една недела тениско уживање, потоа недела дена пауза па почнува она вистинското-Ролан Гарос.
