Mutua Madrid Open | 5-12 мај, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување

Победник на Mutua Madrid Open?

  • Новак Ѓоковиќ

    Гласови: 12 34,3%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 7 20,0%
  • Рафаел Надал

    Гласови: 11 31,4%
  • Енди Мареј

    Гласови: 4 11,4%
  • Давид Ферер

    Гласови: 1 2,9%

  • Вкупно гласачи
    35
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Тоа ме плаши највеќе, сервисот, ако не му иде тогаш ќе му прави доста проблеми Вавринка. Ама од друга страна па ќе му сервира на бекхенд на Вавринка кој ќе има потешкотии да ги враќа неговите сервиси, или ќе идат далеку во аут или ќе паѓаат плитко во полето што ќе создава простор за форхенд винер на Надал.
 
Дежа ву. :(
Има психички блок кога игра со Серена и почетнички грешки прави. А лош сервис против ретрнот на Серена е еднакво на самоубиство.
Во втор сет се консолидираше колку толку, но прекасно... Серена рутинирано на крај.

Масакр од страна на Серена.
И 50 титула за неа во кариерата.

и криците на крајот што ги испушти. :pos:
 
Надал како тргна за саат може да го смеле Вавринка.
 
Среќа што изненадувањата кои мислев дека ќе се случат не се однесувале на финалето.

Браво дете! :cuc:
 
Класика за него на турниров. Сите натпревари што ги доби со 2-0, ги доби на ваков начин. Фуриозен прв сет и понеизвесен втор. Варвинка денеска немаше шо да бара, но такво опуштање против позаебан противник може да го чини.
 
Повторно не ме импресионира нешто Надал, но доволно добро одигра за да победи, Вавринка значитечно полош во однос на минатите мечеви во Мадрид.

Се надевам на подобра игра во Рим и Париз.... во спротивно тешко дека би можел да го освои Ролан Гарос баш со оваа игра... всушност само Ѓоковиќ е оној кој може да го совлада, никој друг. :)
 
Во Шпанија ништо ново.
Честитки за титулата на Надал, Вавринка не е достоен, нити некогаш ќе биде, барем не на земјена подлога.
 
Реакцијата после меч топката доволно ми кажува дека во Рим ќе гледаме можеби не за 360 степени, но барем за 180 степени поразличен Надал од овој во Мадрид кој не беше ни на 40% од својата препознатлива игра на земја со која го стекна приматот крал на земјена подлога.
 
Последните 27 од 29 Мастерс турнири се освоени од големата четворка, Новак Ѓоковиќ има 9, Рафаел Надал 8, Роџер Федерер 5 и Енди Мареј 5.
 
Прееска немав време па сеа ќе пишам некој збор околу финалето. Како и што очекував Надал лесно во два сета го совлада Вавринка. Едноставно Вавринка беше истоштен и емоционално и физички последниве две недели, сврза доста добри но и долги мечеви и тоа остави последица на него во финалето.

Надал одличен, конечно сум задоволен од него, секако дека има простор за подобрување, мора да поработи на смечовите и играта на мрежа, како и на неизнудените грешки, не дека грешеше денес многу но сепак имаше неколку невообичаени грешки за него. И не знам дали приметивте али конечно Рафа беше добар на бекхенд, клучниот удар во неговата игра. Најверојатно после поразот од Новак и речиси загубениот меч против Ферер сфатил дека нема што да калкулира од бекхенд, дека мора да биде што е можно поагресивен. Баш добро го пратев денес како мава од бекхенд, доста рамно маваше и го фаќаше топчето во искачување, значи не го чекаше малце да падне па да изигра топ спин бекхенд туку го маваше доста рано што му носеше предност и иницијатива во поените. Сервисот одличен, не му дозволи ниту една брејк шанса на Вавринка, единствено во вториот сет дозволи еден негов сервис гем да се игра на разлика другото се беше убедливо. Едноставно тенисерите со еднорачен бекхенд се како локум за Рафа на земјена подлога, ги убива со високите спинови на нивниот бекхенд.

Ако продолжи вака тврдам дека нема да загуби ниту во Рим ниту во Париз, бидејќи ваков агресивен Надал на земја тешко некој да го победи, па дури мислам дека и Новак не може. Но, ништо не се знае, се се сведува на муабетите АКО игра вака, АКО биде во оваа форма... Затоа останува да видиме што ќе се случува во наредните 3-4 недели, сега одма следи Рим, значи уште една недела тениско уживање, потоа недела дена пауза па почнува она вистинското-Ролан Гарос. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom