Глодари (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата Kar-Kan-Gangli
  • Време на започнување Време на започнување
Имам зајак раса лавја глава и ми избегал од кафезот и јадел жив компир , може ли нешто да му се случи?
 
Не,мислам зависно од количината која ја изел.Ако е лавја глава незначи дека несмее да јаде тоа шо го јадат обичните зајци,значи смее јаболки,моркови,компир не давај му,исто и зелка не давај му.Тоа е голема заблуда,во зелката има состојка која прави застој во дигестивниот систем и умираат зајчињата и многу им е макотрпна смртта.Може зелка но по маалце мноогу малце.
 
Имам верверичка и никако не сака да седи во кафезот буквално спобудалуваааа хистерија го фаќа,и затоа живее во мојата соба и моча кај што ке стигне,понекогаш ке влезе ке се измоча во кафезот и пак надор, да не знаете некоја финта како да го воспитам да го научам САМО во кафез да врши нужда :)))))
 
Јас и моето морско прасе ви се јавуваме од мојата соба, оптегнати на кревет.
Мене ми се спие, ама малово не ми дава, сака да спие со мене, а не во аквариум кај што му е место.
Не знам што пол е, ама мн е ситно и ми е жал да го мотам низ раце да видам што е - сега е само бебе, колку дланка е големо.
Се изнабарав по нетов информации, оти сум чувала и кучиња, и мачки, и папагали, ама м.п. не.

Ако знае некој кои се среќни, а кои тажни звуци нека приложи видео :)
 
Каде можам да најдам сено?
Значи сено, не слама. Слама лесно се наоѓа..

Ми треба за прасицава моја, ама ептен поим немам кај да го барам. И колку е продажна цена?
 
Сточен пазар :D
 
Сточен пазар :D
Како ми објасни, санки јас дома кокошарник имам :D
Кај се наоѓа тој сточен пазар, која цена е за кг сено, и дали воопшто се продава на кг? :)
Можда глупи прашања, ама прв пат во животов ми треба сено :D
 
Цела бала ако сакаш :D
На шала го пишав тоа,незнам види во некој поопремените продавници за миленичиња.Има еден човек кај мене има зајци па и сено има,да му украдам малце па ти продадам сакаш? :D
 
Mоже, ама немој да е слама па за џабе да се мачиш :) Слама и јас имам :D
 
Каде можам да најдам сено?
Значи сено, не слама. Слама лесно се наоѓа..

Ми треба за прасицава моја, ама ептен поим немам кај да го барам. И колку е продажна цена?

Имаш скоро по сите пет-шопови, 70 денари отприлика...
 
Планирам да купам морско прасе, но незнам колкав кафез да земам и дали да земам едно или две, ако некој има искуство со тоа дали би се тепале меѓу нив ?
Отприлика колкав кафез ќе ми треба и некој да не знае цените како се движат на кафези?
 
Ако земаш две, би ти бил потребен кафез прилично голем, бидејќи кога ќе наполнат над 6 месеци ќе се бајаги големи и секој кафез пократок од метро би им бил тесен.

Мој совет, земи едно отпрвин и чувај го во кафез 80/50, па подоцна ако ти е мерак за друго земи поголем кафез со то шо мораш полека да ги прилагодиш едно кон друго. Во спротивно се агресивни меѓусебе. Кафезите се отрприлика 800-1000 денари. Провери во пет-шоп Амазон(близу грчка амбасада, долу в подрум).
 
А ако ги земам уште од мали заедни, ќе имам некаков проблем? (Како во пет-шопови што ги чуваат, по 3-4 во кафез)
Исто така, важно е од кој пол ќе ми се ако се две? Да не се спарат случајно ако се машко и женско, инцестно?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom