Кога денот ке го почнете со чаша пиво,а не со кафе

  • Креатор на темата Креатор на темата demjan lacky
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 јануари 2013
Мислења
399
Поени од реакции
472
Возраст
37
Имате ли некоја вакава случка ,дај пишете да не се чуствувам демоде ја ги имам повеке,а утрово работам на нова :D
 
Дали и тоа е еден наметнат дел од нашиот живот КАФЕ, ја као што имам слушано (пра дедо) ми со 2 чаши ракија станувал од кревет
 
Кога јас денот би го почнала со чаша пиво, а не со кафе, има огромна веројатност пак да си легнам да спијам.
А со ракија... Е овде веќе може да праиме муабет.
Дедо ти знаел што да конзумира посабајлечки :D
 
Дали и тоа е еден наметнат дел од нашиот живот КАФЕ, ја као што имам слушано (пра дедо) ми со 2 чаши ракија станувал од кревет
Со 2 чаши ракија, нагладно, тешко дека ќе станам од кревет... особено не ако имаш работено до 2 вечерта, а стануваш во 7 сабајле.
 
Зависи шо си работел до 2 сабајле :) ... а она клин со клин се вади помага за мамурлак од сабајле но само една до две чашки
 
Од искуство зборуваш изгледа. Еве кој вадел клин со клин по сабајле :)
Ама во право си 100 %
 
Имате ли некоја вакава случка ,дај пишете да не се чуствувам демоде ја ги имам повеке,а утрово работам на нова :D
Ако дома го почнуваш денот ништо чудно ;)
Сигурно нема ко ќе отидам на работа место кафето кое ме чека да побарам коњак или пиво:vozbud:Сместа ќе треба да си ги соберам парталчињата и на стапче ко Том..
 
Нема поубав почеток на ден со жолта ладна ракија во Наџак, шопска салата и после една телешка чорба. Тоа е добро утро :)
 
Утрото почнува прво расолница после комбуха за пробиотик, па следи аронијата и креатинот, и доручек овесни или јачменови снегулки со јогрурт (плус лененово семе и маслиново масло во кашата), потоа какао без шеќер без млеко само во вода обична сварено горко ко животот нечиј да не кажувам сега чиј :icon_lol:.
 
Многу здрава исхрана бре, колку мислеш да живееш???
 
Не е важно колку туку како, со оваа диета сум хиперактивен, сила имам и енергија која што мислев дека ја немам нема застој нема замор, како физички така и ментално духовно :icon_lol:.
 
а што си ти Супермен, го спасуваш светот?
 
Нашите додовци пиеле по две чаши ракија ама си легнувале најкасно до 21 часот и станувале во 4 сабајле, не седеле на фејсбук и по форуми.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom