Не знам дали да се смеам или да плачам; девојка која има „десет, нула, нула“ просек на еден од најпознатите универзитети на планетава се враќа во Македонија за да направи нешто за татковината, а од друга страна од што е толку интелегентна наседнува на владините реклами на Груевски и се враќа во земјава за да дознае на крајот дека за да се дојде до работа тука ти треба партиска книшка, притоа свесно (во тоа сум сигурен) знаејќи дека со тоа ризикува да остане тука на питачки стап.Фино, е сега работата е тоа што воопшто не верувам во напишаново и ме чуди како тоа досега исто така не се сетила да извади партиска книшка, со ваков просек, постигнат на еден од најреномираните универзитети буквално секаде ќе те примат, секоја врата ти е отворена, да отидеш во Јапонија и таму ќе те примат, а па да не зборуваме за во првите редови на ВМРО-ДПМНЕ, одма ќе ја земат кај „кремот“ на оваа политичка партија и дури и сум сигурен дека ќе добие веднаш некаква функција.Глупости невидени, не верувам во напишаново, можела на крај крајава да подаде некакви копии од дипломата на весникот како доказ, да го видев тоа со свои очи можеби и ќе поверував, ама чудо, нема ниту копија..