nilla-vanilla
#kingliam
- Член од
- 17 јуни 2010
- Мислења
- 2.041
- Поени од реакции
- 1.747
Секоја чест за девојката, ама мене цела приказна знаете на што ми личи? -Јас на Кембриџ завршив, шанси за работа имам секаде а не па во Македонија...пфф. После се дешава пресврт во приказнава, во Македонија ако немаш врски не те примаат на работа, па ако сакаш и од Месечина биди слезен. И девојката изненадена и навредена - демек како можат да ме одбијат јас сум од Кембриџ ...и ајде ќе се жалам сега. Тоа на македонски студенти со просек 10 постојано им се случува, никој не ги вработува, образованието не им се исплати, и никој не се жали пошто знаат дека фајде нема. Пред неколку години во весник имаше приказна за македонска студентка која на медицина завршила со просек 10. Сите години! И на крај кажа дека сите само ја тапкаат по рамо викајќи и : браво, браво, а никој не ја вработува. Во ред ли е тоа? Па што требаше да направи тогаш таа?