Не баш вака,заштото:
Не можем да поедноставуваш ваква работа, поради фактот,дека Бугариja никога не е негирала правотона самоопределуване на тоа население и то има правото само да се определи,а и таа признава тоа суверено право. Со декларациjaва Бугариja признава правото на тоа население да определува своja говор како Македонски jaзик и да го користи како официален. Се што ти ни зборуваш седи вака:
- народ - признава и почитува правото на самоопределуване па днешното население во РМ.
- jaзик - признава правото да користи официалено своja говор како македонски jaзик
Што овде е спорно?
Единственото нешто е,дека Бугариja си зачува правото това,што вие користите за официален jaзик да го прима како диалект на своjaта териториja,а каj вас да е официален македонски jaзик. Тоа е чисто Соломоново решение. Нито единиот печели,ни другиот.
А тоа би значело што ??( се мисли на болдираното).
Што сакате да постигнете со тоа, па ви требаат формули и незнам што. Зошто тој неможе едноставно да биде Македонски јазик. Што толку ви пречи тоа.
Зошто си го зачувувате правото( и кој ви го дал тоа право да одредувате кој дијалект е бугарски а кој не е) јазикот да го нарекувате дијалект кој во основа значи сепак бугарско наречје. Дали е тоа прикриена форма дека и народот кој го зборува тоа бугарско наречје сепак е бугарски народ кој ете само зборува на дијалект малце специфичен за тоа поднебје.
Значи државата бугарија го признава правото на граѓаните на таа и таа држава да се нарекува како сака и да зборува на јазик каков што сака, но официјално ни на крај на памет не и доаѓа да го признае тој јазик за посебен а со тоа и народот за посебен, туку си го задржува правото јазикот да го нарекува бугарски дијалект и уште подобро спаковано си го задржува правото и народот да го нарекува бугарски. Па после нормално ке и требаат некакви формули кој ги има само со нас,само и само да не признае Македонски Народ, јазик, култура и историја.
И пак се поставува прашањето зошто ??
Бугарија признава Македоснки народ кој е различен од бугарскиот или не ?
Бугарија признава македоснки јазик кој е посебен од бугарскиот или не ?
Ако признава зошто се потребни такви некој формули кои ги имате ете само со нас?
Ако не признава зошто не признава?
А ако не признава што тогаш ние заеднички би славеле.
Заедничка историја на бугарскиот народ и на народот кој официјално за државата бугарија не постои. Што конкретно би славеле тогаш, и како тоа би било во духот на добрососдски односи и како тоа никој ни добива ни губи.
Што губите вие во случајот?
Ние губиме посебност, вие што ??
Ај одговорими на овие не толку сложени прашања како на мало дете.