Зошто Македонија нема „Google Street View"?

  • Креатор на темата Креатор на темата bube
  • Време на започнување Време на започнување
Па у праву си слушај, пред да се средат патишта,економија, образование итд. не треба да има ни дигитална телевизија, ни ХД , ни интернет, ни мобилни, ни ибеј, ни пејпал, ни кредитни, ни информатичко општество, плаќање и термини преку мобилен итд.

Мора да се иде све по ред, а до тогаш дај да се вратиме на црно бели телевизори.

Па У право си слушај,
Гугл стрит вју е алатка од огромно и пресудно значење, како само сме можеле да си дозволиме таков лапсус, пропуст, ние да немаме стрит вју.
Еве баш читам дека сите граѓани на земјите кои ја немаат таа опција, паѓаат во депресија, кубат коси, страат од инсомниа, предлагам веднаш да се огранизира масовен протест, како тоа 21 век,, а ние да немаме Гугл стрит вју :свиркам:
 
чекајте да се догради СК2014, вака на ненаправено ќе биде нешто ко отворање на Олимпијадата да ти пуштат на торент ден пред да се отвори. Save the surprise :vozbud:
 
Има во Германија ама засега мислам само за големите градови. А исто така имаше големи контроверзии, тужби па се уклучи политиката. Не му е на секого драго куќата да е на интернет да може цел свет да гледа и да се злоупотреби. Има предности и слабости а мислам и не е страшно ако нема за Македонија.
 
Па У право си слушај,
Гугл стрит вју е алатка од огромно и пресудно значење, како само сме можеле да си дозволиме таков лапсус, пропуст, ние да немаме стрит вју.
Еве баш читам дека сите граѓани на земјите кои ја немаат таа опција, паѓаат во депресија, кубат коси, страат од инсомниа, предлагам веднаш да се огранизира масовен протест, како тоа 21 век,, а ние да немаме Гугл стрит вју :свиркам:

Е да знаеш каков лајф сејвер е Стрит Вју кога живееш во голем град.Од друга страна бре, баш е интересно кога се шеташ виртуелно по други градови, зошто да не можам и Македонија да ја прошетам така?
 
Пред да стаат стрит вју сите ќе иско4ат надвор мафтајќи..
 
Не ни чинат патиштата, џабе ќе правиме.
Ние ќе направиме google monuments view;)
Одиш низ Европа и помини покрај спомениците и на секое ќе викаш: го имаме , го имаме, го имаме...
 
У Македонија барате стрит вју? Абре кај нас што се вика до вчера немаше интернет вие струт вју почнавте да барате.... - прво улиците и патиштата да си ги средиме па после стрит вју може да бараме...
 
Е да знаеш каков лајф сејвер е Стрит Вју кога живееш во голем град.Од друга страна бре, баш е интересно кога се шеташ виртуелно по други градови, зошто да не можам и Македонија да ја прошетам така?
Каков је Гаде? Раскажи малу како ти го имат сејвано лајфон Стрит Вјуно. Да научиме и ние како се живејт во големине градој, аку сне отепани од госпот.
 
Каков је Гаде? Раскажи малу како ти го имат сејвано лајфон Стрит Вјуно. Да научиме и ние како се живејт во големине градој, аку сне отепани од госпот.
Не си ти Перо за во голем град се гледа, ниту пак јас...Ти си од старата школа со прашање дека до Стамбол се стигнува, младиве се друго нешто.
Ајфон, мапи, вју, бу немаат време да се замараат со прашувања. Ние уште прашуваме дали се исклучува телефонот на црвеното.

 
У Македонија барате стрит вју? Абре кај нас што се вика до вчера немаше интернет вие струт вју почнавте да барате.... - прво улиците и патиштата да си ги средиме па после стрит вју може да бараме...

Епа ти ако си немал, ја дома имам нет 13 години, не генерализирај работи кои што апсолутно не се точни

И не само јас, еден куп луѓе имаат интернет ОДАМНА дома
 
Епа ти ако си немал, ја дома имам нет 13 години, не генерализирај работи кои што апсолутно не се точни

И не само јас, еден куп луѓе имаат интернет ОДАМНА дома
така иде муабетот пријател.. и ја пред 13 години мав интернет со 56ка модем и со обична телефонска линија... читај меѓу редови малце
 
така иде муабетот пријател.. и ја пред 13 години мав интернет со 56ка модем и со обична телефонска линија... читај меѓу редови малце
цел Београд е под WiFi зона , а ние уште абер немаме од жициве да се ослободиме :D
 
подобро што нема, ипак тоа е шпионирање не ти треба :D
 
Доста со мрчаторските коментари, Македонија е мала земја, имаат многу поприоритетни држави да средат прво. Ќе биде со време. Не немаше и на гугл транслејт па еве сеа не има.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom