Јас си држам до моето дека мојата книга е вистинска,ти што не си ја читаш твојата книга тоа е твој проблем.
Аллах џ.ш. во Куранот вели: „Ова е Книга во која нема сомнеж, упатство е за богобојазните“
И ете уште едно стриктно исламски одговорено прашање,по твоја желба/вина
Замисли некој Петре од Валандово му текне да се напише света книга. Зема пенкалото, отвара тетратката и почнува: „
Ова е Божји говор. Во оваа книга има само вистина. Во оваа книга не треба да се сомневате...“ И потоа Петре оди на сред село, ги наоѓа селаните собрани и им вика:
Петре: Здраво пријатели. Ќе ве молам за внимание. Вчера додека бев дома и работев нешто у гаража, ми се објави Бог и ми ги кажа овие зборови, ја ги запишав и ова е сега света книга што вие треба да ја верувате и да ви биде упатство за живеење.
И некој од селаните го прашува: А од каде би знаеле дека е Божји говор?
Петре: Па еве види, така започнува книгата: „
Ова е Божји говор“!
Друг селанин: А од каде знаеме дека тоа е вистина?
Петре: Хах, зарем мислевте дека немам одговор на тоа прашање?
Па тоа е вториот стих од мојата света книга: „
Во оваа книга има само вистина“!
Трет селанин: Мене ова му е накако сумљиво, да не си се напил бе ти брат троа повеќе?
Петре: Абе какво пиење, види шо вика книгата: „
Во оваа книга не треба да се сомневате“!
Селанинот: А зошто да не се сомневаме?
Петре: Па затоа што пишува дека е Божји збор!!
Селанинот: Ама зошто да ти веруваме во тоа?
Петре: Па затоа што пишува дека во неа има само вистина!
Селаните: Ама дај некаков доказ за тоа!
Петре: Офф леле, ама зарем се сомневате?
Селаните: Оф корс!
Петре: Па нели ви кажав дека тука пишува да не се сомневате?!!
Селаните: Аман бре човече Божјо, али од каде да знаеме дека ти не си го измислил сето тоа, дека не си лажел таму?!
Петре: Ете гледате, што туку ме нарековте човече Божјо? А човеците Божји не лажат така? И нели ви кажав дека во книгата пишува дека во неа има само вистина! Епа ако во неа има само вистина, тогаш како може да има и лага? Тууу глупи луѓе, една толку проста работа не можат да сфатат. И ај доста веќе се вртиме во круг, кој сака нека верува у ова, а кој не, си има упатства во книгата и за таквите