Прашања за Исламот III

Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Аха значи во Куранот пишува дека Бог ги создал мажите како шовинистички свињи кои не можат да си ги контролираат своите сексуални нагони, па затоа, останува на жената да се покрива за да не ги предизвика истите свињи? Прекрасно!!! И уште ако не се покрива, таа е крива зошто е силувана!
И уште едно прашање. (знам дека сте мали ама ај може знаете)
После секс, дали е задолжително жената целото тело да го измие. (знам дека е пожелно туширање). Но јас како што разбрав има религиска основа за тоа, до тој степен ако си во пустина треба со песок да се поминеш на секаде. (превев муабет со муслиманка). Прашањето ми е Зошто?, ако ги тргнеме на страна хигиенските причини. Цитатче од Куран би било пожелно. :love:
Исламски,џунуб е кога од полниот орган ќе излезе сперма од интимен однос меѓу сопружниците,мастурбација,или во сон.
Ова важи и за машки и за женски.

6. О, верници, кога ќе сакате намазот (молитвата)да го извршите, лицата свои и рацете свои до зад лактовите измијте ги – а дел од главите свои допрете ги – и нозете свои до зад зглобовите, а ако сте џунуби, тогаш искапете се;(сура Ел-Маиде)
.......
43. О, верници, не пристапувајте на намаз (молитва) пијани сè додека не бидете свесни што изговарате, ниту кога сте џунуб, освен ако сте на поминување, сè додека не се искапете. А ако сте болни, или сте на пат, или после извршена
физиолошка потреба, или ако сте биле во допир со жените, а не најдете вода, тогаш со дланките чистата земја допрете ја и лицата ваши и рацете ваши допрете ги. Аллах, навистина, поминува преку гревовите и простува! (Сура Ен-Ниса)
........
222. И те прашуваат за месечниот циклус. Кажи: „Тоа е непријатност.“ Затоа немојте да имате интимни односи со сопругите за време на нивниот месечен циклус, и не приоѓајте им сè додека не се искапат! А кога ќе се искапат,приоѓајте им така како што Аллах ви наредил! – Аллах навистина ги сака тие што се покајуваат и ги сака тие што се чистат.(Ел-Бекара)
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 11:51 ---
Koga bi imale moznost da izbirate od
drzava so ustav i zakoni koi gi nosi/menuva parlamet
drzava so seriatski zakon
kade bi izbrale vie da ziveete ( dokolku sakate bi sakal da se izjasnite za vasiot pol, bidejki vo vtoriot izbor, so zakonite se ovozmozuvaat razlicni privilegii na lica od razlicen pol.)
Не знам за кого е прашањето,и зошто воопшто се поставува на ваков начин.
Ама ај ќе ти одговорам.
Јас лично без проблеми би живеел во шеријатска држава,и машко сум. :)
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Исламски,џунуб е кога од полниот орган ќе излезе сперма од интимен однос меѓу сопружниците,мастурбација,или во сон.
Ова важи и за машки и за женски.

6. О, верници, кога ќе сакате намазот (молитвата)да го извршите, лицата свои и рацете свои до зад лактовите измијте ги – а дел од главите свои допрете ги – и нозете свои до зад зглобовите, а ако сте џунуби, тогаш искапете се;(сура Ел-Маиде)
.......
43. О, верници, не пристапувајте на намаз (молитва) пијани сè додека не бидете свесни што изговарате, ниту кога сте џунуб, освен ако сте на поминување, сè додека не се искапете. А ако сте болни, или сте на пат, или после извршена
физиолошка потреба, или ако сте биле во допир со жените, а не најдете вода, тогаш со дланките чистата земја допрете ја и лицата ваши и рацете ваши допрете ги. Аллах, навистина, поминува преку гревовите и простува! (Сура Ен-Ниса)
........
222. И те прашуваат за месечниот циклус. Кажи: „Тоа е непријатност.“ Затоа немојте да имате интимни односи со сопругите за време на нивниот месечен циклус, и не приоѓајте им сè додека не се искапат! А кога ќе се искапат,приоѓајте им така како што Аллах ви наредил! – Аллах навистина ги сака тие што се покајуваат и ги сака тие што се чистат.(Ел-Бекара)
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 11:51 ---

Не знам за кого е прашањето,и зошто воопшто се поставува на ваков начин.
Ама ај ќе ти одговорам.
Јас лично без проблеми би живеел во шеријатска држава,и машко сум. :)
Океј, ова нешто доаѓа како прирачник за хигиена. :) Јас мислев ќе забегаш со изјави како во Христијанството за гревот при секс, гревот кај бебињата при зачнување и други бла бла изјави.
Прифаќам, треба да се измиеш пред молитва (разговор со Бог), сепак за верници тоа треба да е нешто специјално. За мене ако постои Бог, би ме сакал со сите мои телесни течности и гадости, сепак сум негова креација. :D

Само ова малце ме збуни, во вториот цитат: ...ако сте на поминување.... Поминување на каде, од каде?
 
Ова се однесува на тоа дека не смееш да влезеш во џамија ако си џунуб,освен ако мора да поминеш низ неа или да влезеш да земеш нешто без задржување.
 
M

Muranyi

Гостин
Аллах навистина е ОПРОСТУВАЧ го сака ОПРОСТУВАЊЕТО, и навистина АЛЛАХ му ОПРОСТУВА на тие побожни луѓе кои бараат покајување, опрост.

Како што кажа и братот, несакам да зборувам и да докажувам докази од Куран затоа што тоа се многубројни.

Доколку зборуваме на темата за ПОКАЈУВАЊЕТО можеме да наведеме огромни докази за тоа, затоа кратко и јасно кажено ПОКАЈУВАЊЕТО е присутно во Исламот. Аллах ги опростува сите гревови доколку се направи искрено покајување за одредениот грев, со тоа што личноста која бара покајување обавезен е да се одрекне и да го отфрли тој грев од својата пракса. Аллах нема единствено да Му опрости на оној кој препишува здруженик на Него-Аллах. А се останато Аллах рекол дека ќе опрости доколку се прави покајување и одфрлање на гревот за кој се прави покајување.
Муки,иако си Муслиман,ќе си земам за право да кажам дека не си ја познаваш доволно својата вера.Алах не ги опростува сите гревови,како што велиш во својот пост(болдирано),туку одредени "гревови",како хомосексуалност,конвертирање во друга вера и да не барам други примери,стриктно е препишана смртна казна.Со таа смртна казна,му се одзема на секој таков престапник шансата да се покае за сторениот грев и да може да стане подобра личност,да обезбеди место во Рајот покрај Алах.
Зошто Алах,ако е милостив и ако опростува,не им нуди подеднакво на сите Муслимани шанса да се покаат?Зошто човекот,џелатот кој ја извршува смртната казна и тој што ја носи таа казнена пресуда,се ставаат на еднакво рамниште со Бог,со тоа што им се дава за право на еден грешник да му го одземат животот и на тој начин играат улога на Бог?Нели тоа за вас е богохулење?
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 13:20 ---
Денес имав прилика да се запознаам со наводно,добротворната акција организирана од поима немам која организација(за мене многу сомнителна),под име-Зимата дојде,да пратиме ќебиња и облека за Сирија,која имаше свои пунктови и во Скопската Чаршија..Јас не се сомневам дека повеќето учесници во таа хуманитарна акција со најдобра намера би донирале со верување дека ќе помогнат на некој кој има потреба од тие работи иако тука во Македонија има илјадници на кои им е потребна таа помош,но нејсе...да не навлегувам во лицемерието на некои верници кои им помагаат само на своите придружници по вера.
Ме интересира дали парите од таа акција ќе завршат кај луѓе на кои вистински им е потребна таа помош,дали тоа е регуларната војска на Башар ал Асад или пак тие пари се наменети за "бунтовниците"кои деновиве се актуелни на интернет со снимки како обезглавуваат војници на регуларната војска на Сирија и имаат право да дупат се што ќе им се најде при рака?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
веќе ти реков,мене твоето прашање ми е јасно ко ден,и јас сум начисто со тоа.
и реков дека темава не е баш за полемизирање,поставуваш прашање-добиваш одговор.
ако ти се свиѓа одговорот Ок,не ти се свиѓа-пак Ок, и тоа е тоа.
мојот одговор за твоето прашање е:

13. Тој од ништо создава и повторно тоа ќе го направи.
14. И Тој простува и полн е со љубов,
15. Господарот на Аршот, Возвишениот,
16. Тој прави што Му е Нему по воља.(сура Ел-Буруџ)

Поздрав.
А каде во посочениве цитати вие гледате дозвола луѓе да судат и казнуваат во негово име?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
А каде во посочениве цитати вие гледате дозвола луѓе да судат и казнуваат во негово име?
Не,не тие цитати се одговор на твоето прашање: Зошто на семоќен бог му се потребни луѓе за да казнуваат во негово име?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не,не тие цитати се одговор на твоето прашање: Зошто на семоќен бог му се потребни луѓе за да казнуваат во негово име?
Епа зошто де? Каде се спомнува дозвола или барање луѓе да казнуваат во негово име, во овие цитати:
13. Тој од ништо создава и повторно тоа ќе го направи.
14. И Тој простува и полн е со љубов,
15. Господарот на Аршот, Возвишениот,
16. Тој прави што Му е Нему по воља.(сура Ел-Буруџ)
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Муки,иако си Муслиман,ќе си земам за право да кажам дека не си ја познаваш доволно својата вера.Алах не ги опростува сите гревови,како што велиш во својот пост(болдирано),туку одредени "гревови",како хомосексуалност,конвертирање во друга вера и да не барам други примери,стриктно е препишана смртна казна.Со таа смртна казна,му се одзема на секој таков престапник шансата да се покае за сторениот грев и да може да стане подобра личност,да обезбеди место во Рајот покрај Алах.
Зошто Алах,ако е милостив и ако опростува,не им нуди подеднакво на сите Муслимани шанса да се покаат?Зошто човекот,џелатот кој ја извршува смртната казна и тој што ја носи таа казнена пресуда,се ставаат на еднакво рамниште со Бог,со тоа што им се дава за право на еден грешник да му го одземат животот и на тој начин играат улога на Бог?Нели тоа за вас е богохулење?
Не треба да си муслиман за да одговориш на вакво прашање. Јас не сум муслиман, а ќе пробам да ти одговорам, мислам дека ќе бидам многу блиску до вистинската поента.

Не, не е богохулење тоа што џелатот одзема живот.

Не е, затоа што правото за тоа џелатот го црпи директно од Куранот, или пак од Иџма ( за која се изјаснува улемата - свештениците,познавачите на исламот), а двата извора и Куранот и Иџмата се извори на Исламот, а со самото тоа, се она што произлегува директно од нив има Божји, Алахов легитимитет.

Значи, животот на оној кој треба да му биде одземен живот, не го одзема џелатот, туку директно Алах преку изворите на исламот. Сеедно е дали како извор за тоа ќе се земе Куранот, Суната (Хадисите), Кијас, Иџма или Фетва ( која на некој начин е извор, затоа што е донесена од улемата).

Значи не е битно во кој извор ќе се најде легитимитет за извршување на таква одлука - самото тоа што е произлезена од некој од четирите извори на Исламот ја прави Божјо легитимна и за таквата не се дискутира.
 
M

Muranyi

Гостин
Не се ни сомневав дека одлуката за смртна казна од страна,на како и да се вика телото или советот кој ја донесува и извршува,е во согласност со Куранот и исламското учење,ти спомена и Иџма(поима немам што е тоа,ако сакаш,би можел да објасниш).
Сеедно,сигурен сум дека забележа дека прашањата беа поставени баш да се движат во овој правец,да дојдеме до поентата дека-сепак Алах не ги опростува исклучиво сите гревови,поточно одредени гревови по дифолт го праќаат верникот во Пеколот.Од ова,јас само можам да заклучам дека Алах и не е толку милостив,како што го пишува во Куранот.
Сигурен сум дека ќе заглавиме во ќорсокак од кој нема излез,ако јас кажам дека мене ми е едноставно непоимливо кога еден човек може да изврши убиство,за тоа да плати одредена глоба и да има шанса понатаму во животот да се покае и искупи за сторениот грев,а некој сосема рандом тип,само затоа што е хомосексуалец да биде обесен и директно пратен во вечниот оган.
 
Нема да заглавиме,убаво ќе ти објаснам :)
ИЏМА - е согласност од улемата за некое прашање во кое има разединување меѓу исламските учењаци. .
За болдот,во Куранот јасно пишува дека Аллах ќе ги прости сите гревови,освен ширк(а тоа значи да му се придружува некој,Аллах е независен од тие што ги создал.)
Малку си ги измешал брзините за казните(било смртни или не).
Казните значат спроведување на Аллаховиот Суд на земјата,а дали Аллах ќе му се смилува на тој грешник на Судниот ден,тоа само Аллах го знае.
Што значи,спроведувањето на смртната казна не значи автоматски праќање во вечниот оган или слично.
Замисли те запира полиција,си поминал на црвено и ти им велиш се каам што поминав на црвено,простете ми сега и јас другпат нема да поминам :)
Многу одбојно и негативно се однесувате кон шеријатските казни со смрт,а никој до сега од христијаните не ми дал одговор,еве и тебе ќе ти го поставам прашањето.
Ти силуваат мајка,жена или ќерка...и тој што ја силувал го донесуваат пред тебе и ти викаат Овој ја силувал мајкати,женати или ќеркати...повели пресуди му.
барам искрен одговор,дали ти би рекол НЕКА ОДЛЕЖИ 2 ГОДИНИ ЗАТВОР И СЛОБОДЕН Е??? :)
 
M

Muranyi

Гостин
Казните значат спроведување на Аллаховиот Суд на земјата,а дали Аллах ќе му се смилува на тој грешник на Судниот ден,тоа само Аллах го знае.
Што значи,спроведувањето на смртната казна не значи автоматски праќање во вечниот оган или слично.

Ти силуваат мајка,жена или ќерка...и тој што ја силувал го донесуваат пред тебе и ти викаат Овој ја силување мајкати,женати или ќеркати...повели пресуди му.
барам искрен одговор,дали ти би рекол НЕКА ОДЛЕЖИ 2 ГОДИНИ ЗАТВОР И СЛОБОДЕН Е??? :)
Е болдираното ме интересираше и е одговорот што го барав.
Што се однесува до прашањето кое ми го постави,мојот став е дека убијци со предумисла(не во самоодбрана и слично),силувачи и педофили заслужуваат смртна казна.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Е болдираното ме интересираше и е одговорот што го барав.
Што се однесува до прашањето кое ми го постави,мојот став е дека убијци со предумисла(не во самоодбрана и слично),силувачи и педофили заслужуваат смртна казна.
Фала за одговорот :)
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 18:30 ---
Ти благодарам за одговорот.
Зошто немаат сите Муслимани подеднакво право на покајување,односно зошто,еве да земеме за пример еден хомосексуалец или конвертит во некоја друга вера,за кои престапи според Шеријатот следи смртна казна,им се одзема правото на покајување,се осудуваат на смртна казна и со тоа директно им се пресудува да го плаќаат гревот во Пеколот?
бтв.
Многу ми е мило кога ќе се постават вакви прашања од христијани,а јас им одговарам со цитати од библијата за да видат колку не ја познаваат својата вера.
Повели да видиш што вели библијата за конвертирање во друга религија.

Стариот завет (Второзаконие – Петта Книга Мојсеева) 13:6-9
6 „Кога твојот брат, синот на мајка ти, или твојот сопствен син, твојата ќерка, жената во твојата прегратка, или твојот пријател кој ти е како и животот, би те заведувал потајно, велејќи: ‘Ајде да им служиме на други богови,’ кои не ги познаваш ни ти ниту ги познаваа твоите татковци,
7 на боговите на оние народи што ќе бидат околу вас, било близу до тебе, било далеку од тебе, од едниот до другиот крај на земјата,
8 немој да се согласиш ниту го слушај! Твоето око нека не го сожалува; не штеди го и не сокривај го,
9 но уби го! Твојата рака нека се дигне прва за да го умртвиш, а потоа раката на целиот народ.

Стариот завет (Второзаконие – Петта Книга Мојсеева) 17:3-5
3 па отиде да им служи на други богови и им се поклони ним, на сонцето, на месечината, или на што и да е од небеското воинство, а што сум го забранил јас,
4 и ти се јави тебе за тоа и ти го чу тоа, тогаш испитај внимателно; и ако биде вистина, и навистина била направена таа грозотија во Израел,
5 тогаш тој човек, или таа жена, кои направија такво зло, изведи ги пред градската врата па каменувај ги за да загинат.

Нов завет:
Евангелие според Матеј :
Матеј 15:1-9
1 Тогаш фарисеите и книжниците, од Ерусалим, Му пристапија на Исуса и рекоа:
2 ”Зошто Твоите ученици го престапуваат преданието на старите? Бидејќи не си ги мијат рацете, кога јадат леб.”
3 А Тој во одговор им рече: „Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание?
4 Зашто Бог рекол: ‘Почитувај ги татка си и мајка си,’ и ‘Кој го злоречува татка си или мајка си, со смрт нека умре;’
5 а вие велите: кој ќе му рече на татка си, или на мајка си: ‘Она со што би можел да се ползуваш од мене, Му е подарено на Бога,
6 тој не треба да дава на татка си или мајка си;’ и така го укинавте Божјиот збор заради вашето предание.
7 Лицемери! Добро Исаија пророкуваше за вас, велејќи:
8 ’Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене.
9 Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’”

Извор:
http://www.mkbible.net/biblija/index.php
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
.....................
Лајкот од 2 причини, 1) си се потрудил 2) Што слатко се насмеав оти членот на кој си му реплицирал не е христијанин.
Но ќе си каже сам. Истото прашање е поставувано и на христијаните.
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Не се ни сомневав дека одлуката за смртна казна од страна,на како и да се вика телото или советот кој ја донесува и извршува,е во согласност со Куранот и исламското учење,ти спомена и Иџма(поима немам што е тоа,ако сакаш,би можел да објасниш).
Сеедно,сигурен сум дека забележа дека прашањата беа поставени баш да се движат во овој правец,да дојдеме до поентата дека-сепак Алах не ги опростува исклучиво сите гревови,поточно одредени гревови по дифолт го праќаат верникот во Пеколот.Од ова,јас само можам да заклучам дека Алах и не е толку милостив,како што го пишува во Куранот.
Сигурен сум дека ќе заглавиме во ќорсокак од кој нема излез,ако јас кажам дека мене ми е едноставно непоимливо кога еден човек може да изврши убиство,за тоа да плати одредена глоба и да има шанса понатаму во животот да се покае и искупи за сторениот грев,а некој сосема рандом тип,само затоа што е хомосексуалец да биде обесен и директно пратен во вечниот оган.
Вака.. Вон тема е, ама за да биде појасно.

Исламот има 4 извори. Тоа се Куранот, тоа е Суната ( таму се наоѓаат конкретни дела на пророкот Мухамед), тоа Кијас ( аналогија со Мухамедово дело, или како би реагирал Мухамед ако се најде во конкретната ситуација) и последниот извор е Иџма односно решение или договор на улемата ( тоа е множина од алим, тоа се свештениците и познавачите на Исламот )
Исламот сите свои одговори и објаснувања ги црпи од овие 4 извора. Се што произлегува оттука е исламски легитимно и нема разговор околу тоа. “Алах знае што е добро за тебе, ти не знаеш“ - постои ваков ајет, можда не буквално вака формулиран, ама во оваа смисла. Им се извинувам на муслиманите, ако ги повредува тоа што можда не е точно формулиран и осквернавен на тој начин.

Претпоставувам дека ти си христијанин или барем израснат во христијанска средина, а тоа значи дека христијанските норми, сакал-нејќел се индоктринирани во тебе и ти свесно или несвесно си ги интероризирал.

Според тоа, не е нималку чудно што казните кои произлегуваат од овие 4 извори на Исламот за тебе се непоимливи. И за мене се.
Ама за муслиманите никако не се непоимливи баш поради самиот факт што тие веруваат во Исламот, а со тоа веруваат дека 4 извори се единствени извори за сите животни прашања.
Муслиманот на тоа кое ти или ние го нарекуваме “да биде обесен и директно пратен во вечниот оган“ гледа како на нешто за кое учи Куранот или било кој Исламски извор. Тоа е за него единствено нормално, единствено легитимно и единствено исправно.

Заради тоа, се смета дека Алах е милостив и опростив. Од муслиманска гледна точка тој тоа е дури и кога наредува да се одземе нечиј живот. На тој начин Алах го спасува грешникот, а кој е грешник е пропишано во Куранот. Алах е милостив од призмата на муслиманите затоа што дал насоки и назнаки како треба да се живее и постапува. Ако во Куранот стои дека тој кој ја отфрлил верата (исламот) треба да се убие - тој треба да се убие затоа што Алах така рекол и поради тоа што Алах знае подобро од сите, па дури и од тој грешник.

Грешникот чиј живот е одземен, не бил спремен, не можел, не знаел да го прифати она што Мухамед го проповедал, не ја прифаќал единствено правата религија и со тоа што неговиот живот е одземен - тој е ослободен од своето незнаење во кое живеел.

Тоа ти е исто. И Библијата учи дека Господ Бог е милостив и простува, ама секако постои пекол.

Мислам дека доволно сум јасен и дека сум доволно блиску до поентата на муабетов.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom