Култни или популарни филмови кои НЕ сте ги гледале

  • Креатор на темата Креатор на темата RedStarFan
  • Време на започнување Време на започнување
Аватар ми е шампион мене. Најгледан филм ова она али не сум го гледал и нема да го гледам.
Од култините, шо знам, тие постарите од 1970 ги немам изгледано.
Долго време не ги гледав блокбастерите за суперхерои и после сфатив дека сум напраил грешка и дека се најлабави филмови коа ти е досадно и изгледав сите во брзо време.
 
Кај мене се слаби 007. Џејмс Бонд го гледав само предпоследниот. Другите јок.
Исто неам гледано Up, според некои најдобар анимиран филм.
Троја исто така го немам гледано, а го почнам на 10 минути никако да го догледам. Останатите не се толку важни :)
 
Кај мене се слаби 007. Џејмс Бонд го гледав само предпоследниот. Другите јок.
Quantum of Solace? Па и не си одбрал баш добар филм за гледање..
Глеј го новиов можда ќе ти фати око :)
 
Quantum of Solace? Па и не си одбрал баш добар филм за гледање..
Глеј го новиов можда ќе ти фати око :)
Месец дена го чувам во компјутер, никако да зеам да го гледам. Ај утре можда :)
 
Twilight ниеден дел немам гледано, а од зборувања ги знам имињата на скоро сите ликови и знам за што се работи отприлика.
 
Трилогијата Господар на Прстените не сум ја гледал, додуше првиот го загледав до пола и ми беше страшно досаден добро е што морав да излезам, ме чекаа. Не планирам во скоро време да го гледам. Од новиве бондови само првиот го гледав, твајлајт првиот и немам намера ништо од него да гледам веќе. Овие први ми текнуваат, за господарот знам ќе има мрчење :D
 
Го загледав документарецов со Џон Вотерс и ми текна дека го немам изгледано Pink Flamingos.

Инаку пример од листава на култни филмови ми фалат сигурно 10.
 
Култен филм не е филм кој наполни сали и донел голема заработка на продуцентите. Култни филмови се некогаш на маргините на гледаност но постојат луѓе фанови кои го прават филмот култен, собираат предмети, плакати, се облекуваат како јунаците на филмот, постојат и клубови па и кафиќи во стилот на филмот, дури и по музејите се изложуваат предмети користени во филмот, како пример (од лично искуство) е Пеколниот портокал, имено денес постојат заедници на луѓе фанови на тој филм а еден мој приател дизајнер, во странство имаше направено со тешки маки реплика на предмет од филмот користејќи оригинален калап и потпишан од авторот дека е верна реплика, и во ограничен број (десетина парчиња) и кој достигнува цена и од неколку иљади евра и во европа и во далечниот исток и во америка, од фанови колекционери и музеји. Многу филмови се со статус на култен иако малкумина го имаат гледано или воопшто слушнто, но се прифатени како култни - како филмови кои ги прикажуваат или се однесуваат на одредена заедница (работници, гејови, студенти....... дури и документарни филмови станаа култни) или се култни поради тоа што се толку лошо снимени и направени што станаа популарни ради тоа (Џејмс Вуд).
 
Ќе има многу КУЛТНИ филмови кои и нема да може да ги гледам,
бидеиќи ге бидат снимени можеби после “ кад не буде мене “
Филмовите за Карпалак - Вејце - Љубнци - Смилковци - Арачиново - Радуша и др.
 
Значи сите оние Twiligt саги,потоа Хари Потер ,Господар на прстените и остало :гомце:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom