На што сакаш стави ме, ти во секој твој пост имаш цинизам и иронија. Знаеш некогаш и реален да бидеш али увек тераш накај твоето, се праиш намутав за некои работи. Еве сеа ќе ти појаснам за што уствари “јадеш бубрези“, нека не бидат гомна за да не испадне дека те вреѓам.
Велиш какво е тоа “темпирање на формата“. Дали ти можеш да ставиш во твојата глава дека Надал има хронична повреда на коленото? Дали ти можеш да сфатиш дека од сега па натака нема да тренира како што тренирал порано? Епа ако Новак и останатите милион тенисери на светот можат да тренираат 12 месеци он нема да може. Он МОРА да паузира од време на време, дали недела дена, дали месец дена небитно, ама битно он мора да паузира. Дали ти знаеш дека он после Индиан Велс не тренираше воопшто до Монте Карло? Секако дека не, Новак е Бог, од друга планета, Надал играше надчовечки во Монте Карло али јбг не се може ништо против Супермен и Бетмен во едно. Значи за мечевите во 2011 немам никаква замерка, Надал 100% спремен, Ноле го испердаши машки и тоа е тоа, али во Монте Карло Рафа беше далеку од својот максимум. Е сеа дали ќе победеше ако беше поспремен којзнае, и Новак беше премногу добар, не можам да тврдам затоа што не сум видовит.
И уште нешто, кога ќе речам енигма за формата мислам ете токму на тоа одмарање од тренирање, да беше некоја претходна година во сон ќе ти кажев до кај му се можностите на Надал али вака многу е тешко да се процени, од кај го знам, може ќе ја чува силата за на РГ а на Мастерсиве ќе губи. Затоа друг пат ако сакаш нешто да ми кажеш на мене, Петар, Псај или некој друг цитирај или тагни не, а не одоколу да збориш демек та ја не знам какво е тоа темпирање на форма, каков е тој максимум, трета брзина дрн дрн јариња.