Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, сакам да прашам нешто во врска со http://www.pro-sport.com.mk/Default.aspx?id=810f1f4e-d6ba-4a2f-97db-4e839e9495cc
Го имам веќе неколку месеци, уште од денот кога го купив при користење на задните кочници слушам одредено шкрипење, мислев дека тоа е затоа што е нов, но пред 3 дена го однесов на целосен сервис, сега кочниците шкрипат дури повеќе одколку порано? Дали е тоа нормално?
 
инаше некоја фора со тоа дисковите... Мислам дека требаше цели да се подмачкаат (и шепите), вистина дека 1 недела ќе немаш кочница, ама потоа нема воопшто да ти квичат... Јас така на скутерот му направив..
 
Со шо да се подмачкат ??
 
Па незнам, мене другар ми ги подмачкуваше... Ќе го прашам, па ќе ти кажам што како поточно...
 
Какво подмачкување бе ?? Нормални ли сте вие ??? :tapp: Ај подмачкај ги па да видам дали ќе ти кочат, некогаш. Има спреј за одмастување и чистење дискови. Свират зошто се нечисти дисковите или се контаминирани и истрошени плочките. Единствен спас е чистење со специјален спреј или во краен случај менување на нови плочки на предходно одмастени/исчистени дискови. :)
--- надополнето: 4 мај 2013 во 19:05 ---
Со шо да се подмачкат ??
Никакво подмачкување, само чистење или менување на нови плочки. Ако ги подмачкаш, исто ти е како да немаш кочници. :)
 
--- надополнето: 4 мај 2013 во 19:05 ---

Никакво подмачкување, само чистење или менување на нови плочки. Ако ги подмачкаш, исто ти е како да немаш кочници. :)
Јас никогаш не ги подмачкувам ниту имам намера да ги подмачкам. Ме интересираше овај од погоре со шо ги подмачкува на скутерот
 
Какво подмачкување бе ?? Нормални ли сте вие ??? :tapp: Ај подмачкај ги па да видам дали ќе ти кочат, некогаш. Има спреј за одмастување и чистење дискови. Свират зошто се нечисти дисковите или се контаминирани и истрошени плочките. Единствен спас е чистење со специјален спреј или во краен случај менување на нови плочки на предходно одмастени/исчистени дискови. :)
--- надополнето: 4 мај 2013 во 19:05 ---

Никакво подмачкување, само чистење или менување на нови плочки. Ако ги подмачкаш, исто ти е како да немаш кочници. :)
Па точакот ми е нов, стар три месеци, немам поминато ни 50 километри, нема шанси да се истрошени ваљда?
 
Сега ми кажа, со некое специјално средство за дискови...
 
Па не се подмачкува, се чисти/одмастува со тоа средство. Истото можеш да го направиш (за дисковите) да ги избришеш со 80% алкохол. Не да го испиеш. :D
--- надополнето: 4 мај 2013 во 20:29 ---
Па точакот ми е нов, стар три месеци, немам поминато ни 50 километри, нема шанси да се истрошени ваљда?
Е па тогаш или се нечисти или ти се лошо наштелувани. А за кој бренд/модел на кочници станува збор ??
 
Дечки, ставив сава гуми на бајкот, од оние хибридните за на асфалт шо се претежно. Има некој искуство со Сава? Доста мека гума, а и разбрав дека брзо се лиже.
 
Може и да ти има влезено вода внатре и затоа да чкрипи, може и од невозење да биде тоа и да се запечени.
Не ми се верува да се потрошени со 50 км извозени.
 
Дечки, ставив сава гуми на бајкот, од оние хибридните за на асфалт шо се претежно. Има некој искуство со Сава? Доста мека гума, а и разбрав дека брзо се лиже.

Никако.жива катастрофа се!Татко ми купува на секој 5 месеци гума т.е на секои 300км и тоа све Сава.Си мисли дека сеуште го имаат тој квалитет од Југославија,и никако не можам да го убедам дека се отпад.Мој совет не ја зимај па и да е единствена на светов.Оди најдобро на Кенда.Ќе ти го пишам утре моделот точно.Кај мене позади имам ставено на точаков за низ град што ми е.Ја купив околу 500 денари.Топ гума за парите.

Па точакот ми е нов, стар три месеци, немам поминато ни 50 километри, нема шанси да се истрошени ваљда?

За кој диск се работи?Дали за задниот,Предниот или пак двата?

Провери да не се искривени роторите.Обично ако се искривени ќе потфаќаат.Дигни го велосипедот и сврти го тркалото/а и ако брзо застане значи дека некаде потфаќа дискот.-роторот.АКо фаќа тогаш проблемот е до крив ротор или недобро центриран бандаж.Ќе си имаш многу мака со евтин ротор и понатаму.Мој предлог е доколку ти се центар лок систем да ги замениш за Шимано рт-79
shimano_rt79_1.jpg

или сличен модел од рт серијата.Штета што кај мене не се на тој систем.Јас немам проблем со искривени ротори,бидејќи моите ротори се прилично квалитетни,но овие некако највеќе ми фаќаат око,Сепак имаш и за штрафови од овој модел но малку се погруби.На крај и нека не те плаши тоа што свират.Битно е само да не ти кочи/ат тркалата.Дисковите речиси секаде свират и ретко кој си нема проблеми. :(
--- надополнето: 5 мај 2013 во 02:32 ---

Слична мака со кочниците си имам и јас. Скоро 2 години е точакот, ама уште од кога го купив ептен квичат кочниците, како да треси кога кочам. Кочат кочниците ама ептен ме нервира квичењето. Уште првиот ден бев во продавницата ми рече дека не е разработен така прај. После, другари шо возат точаци ме убедваја дека нема гајле, дека ќе се разработеле итн. Пак одев таму кај шо го купив, ги премачка дискојте еднаш со еднен спреј за диској, и престана да се слуша звук, ама по некој колометар, пак истото. И еве после 2 години, пак исто прај.

Еве ги дискојте тектро.
GWQtnbi.jpg

uBy32DC.jpg

Треба да побарам некој сервисер шо разбира, и ако можи да се средат, оти од такт вадат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom