А со Нотингем како иде за следната сезона? Те глеам пратиш, ја ги чекам одамна ама не сум упатен јебига.
Искрено другиве тимови многу многу не ги пратам, ама мислам дека Нотингем имаат некој арапи за газди и планираат озбилно да се умешаат за идната година. Играат добар фудбал, имаат добра основа, ако ги задржат клучните играчи и земат некој голгетер проверен за 2ра лига можат да бидат доста незгодни.
Заборавив да пишам дека ми е ептен мило што петерборо испадна, а нивни тренер е синот на Алекс Фергусон.(Чисто ради ривалството Лидс-Манчестер, сите што се за Лидс од дното на душата го мрзат цело семејство на Фергусон, како и сите побитни играчи на Јунајтед)
И уште една шпекулација што за среќа не се оствари, Гери Невил требаше да биде тренер на Лидс(пред да го земат Мекдермот), а на лето да дојде и брат му. Сега веројатно е само 2рото
