Прашање за Христијанството III

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Ја‘ би рекол дека това бабичките треба троа да ја поднаучат азбуката во верата, а не истите тија бабички да го повторуваат то што им кажале нивните бабички...
па вашите папази треба то да го направат. Кој друг православната баба треба да ја научи оти се пали оган на коледе, оти се вапца јајце кои свеќи најубо горат како се амка јајаце.... На православната црква е одговорноста да им каже на своите верници шо и како. Ако не научи - се знае - по кратка постапка!
 
Waverly Raven

Valedictorian
Член од
3 мај 2013
Мислења
156
Поени од реакции
83
Единствена дилема мене ми е... За време на пост има два начини на постење: "со масло" и "без масло". Е вака сега, јас го сваќам постот како начин да се исчисти телото, мојата дилема е околу постот "без масло" кој што како што ми е кажано го има само во православието. Значи се пости за да се исчисти телото и да не се прават гревови односно(според мене) да не се јаде храна од ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО, а зошто да не се јаде и МАСЛО???? Кое е од РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО(не се прави никаков грев) на пр. од сончоглед, маслинки, ореви, сусам итн.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Постојат неколку степени во строгоста од постот:
- пост во кој се допушта јадење риба,
- пост во кој се допушта јадење храна со масло,
- пост во кој се одредува храна без масло и
- пост без никава харана и пиење, како што е денешниот ден, Велики Петок.

Маслото кое се наоѓа во природна состојба во храната од растително потекол, на пример, во маслинките, не е пречка за негово употребување како храна во пост, одреден „на вода„ (храна подвотевна само со вода, без масло). Маслото кое е по технолошки пат извлечено од растенијата, (маслиники, сончоглед, и сл.) е допуштено односно забрането зависно од постот и од денот за пост.

Гревот човеков не е состои во самото јадење или пиење, туку гревот се состои во промашувањето на целта која човекот намерил да ја постигне, но на недозволен начин.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Единствена дилема мене ми е... За време на пост има два начини на постење: "со масло" и "без масло". Е вака сега, јас го сваќам постот како начин да се исчисти телото, мојата дилема е околу постот "без масло" кој што како што ми е кажано го има само во православието. Значи се пости за да се исчисти телото и да не се прават гревови односно(според мене) да не се јаде храна од ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО, а зошто да не се јаде и МАСЛО???? Кое е од РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО(не се прави никаков грев) на пр. од сончоглед, маслинки, ореви, сусам итн.
Примарната цел на Христијанскиот пост е да се зауздаат страстите на телото, особено страста по храна, да се гладува, телото да се покори под духот. Необузданите телесни страсти се тие кои најчесто не водат кон грев, а духот на христијанинот е оној кој копнее по Божјиот свет закон. Според Библиското учење, телото и духот се во постојана борба, но за време на пост ние категорично ги поразуваме телесните страсти, па дури и телесните потреби, со цел да го ојачаме нашиот дух и нашата молитвена блискост со Бог. А секундарна цел е тоа што ние за време на пост се прочистуваме од токсини или согоруваме телесни масти.

Тука само сакам да ти предочам дека јадењето на храна од животинско потекло не е никаков грев. Божјите луѓе во Библијата, па дури и Исус и апостолите, си јаделе месо.
А што се однесува до постот, исто така во Светото Писмо никаде не е кажано дека кога се постои треба да се јаде таканаречена посна храна или храна со масти од растително потекло, а не смее да се јаде мрсна храна. Поделбата на посна и непосна храна или со масло и безмасло е направена со векови подоцна. Она што треба да се знае е дека таа поделба не е направена од Бог и затоа не се плаши дека ако каснеш непосна храна дека Бог тоа ќе ти го рачуна за грев.

Впрочем, што е грев? Зарем не е тоа непочитување на Божјите заповеди? Дали Бог би ни го земал за грев ако правиме нешто што тој не ни заповедал? Зарем може да го замислите Бог на судниот ден како ни вели: Зошто ти не беше послушен и не го правеше она што јас тебе НЕ ти го заповедав? :)
Далеку од тоа. Нашиот Бог е праведен и ФЕР Бог и не би не обвинувал за грев за нешто што Тој не ни заповедал. Можеби оваа или онаа црква наметнуваат некои свои повелби и прописи, но без грижа, ние на судниот ден ќе се појавиме пред Бог, е не пред оваа или онаа црква.
Поздрав!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.849
Поени од реакции
12.376
Чорбаџија, нешто што ме интересирало а не сум нашол конкретно по нетов. Знам кои се обичаите на православните, нешто помалку знам (но имам кого да прашам директно) за римокатолиците. Ме интересира дали во вашата деноминација (не познавам никого лично) постојат некои усталени обичаи, посебно околу Велигден, дали постојат 40-дневни пости, дарување, кршење и симболика на јајца или друг обичај зао Великиот Ден, дали има богослужби како и во другите христијански религии.

И генерално прашање -зошто кога ќе дојде 12.01 минута, луѓето се радуваат, кршат јајца и веднаш посегаат по месото и храната без разлика дали свештеникот го објавил Христовото воскреснување. Едно ми е чудна таа нестрпливост, а друго прашање дали се смета дека Христос воскреснал токму на полноќ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Според Библиското учење
Чорба,

според Библијата, Христос постеше без храна и без вода, 40 дена и ноќи. Дали Ти лично си постел на таков начин?

Јас велам: не, не можеш.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
ајде некој подетално нека го опише постов и што е забрането за време на постот?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чорбаџија, нешто што ме интересирало а не сум нашол конкретно по нетов. Знам кои се обичаите на православните, нешто помалку знам (но имам кого да прашам директно) за римокатолиците. Ме интересира дали во вашата деноминација (не познавам никого лично) постојат некои усталени обичаи, посебно околу Велигден, дали постојат 40-дневни пости, дарување, кршење и симболика на јајца или друг обичај зао Великиот Ден, дали има богослужби како и во другите христијански религии.
Протестанско-евангелските цркви, наспроти традиционалните (католичка, православна, некои англикански), немаат некои стрикни или облигативни обичаи поврзани со празници или сл..
Тоа не значи дека протестантите не ги слават Божиќ и Велигден, туку дека немаат никакви обичаи од типот дека нешто мора да се прави вака или онака, да се вапцаат јајца во четврток наутро, или во петок, да се меси лепче со паричка, да се врти три пати лево, два пати десно, да се палат огништа, да се врти околу храмот со свеќа во раката, да се јаде ваква храна, а не таква, кумот вака, невестана онака итн. Вакви обичаи нема меѓу протестантите. Како што кажав, тие се држат до Светото Писмо и само до Светото Писмо и го вредуваат истото како Божји Збор. Штом во Библијата нема заповеди или правила за празнувањето на Божиќ или Велигден, тоа значи дека ни протестантите немаат одредени регулативи кои мораат/требаат да ги прават околу овие празници. Тоа не значи дека никој не смее да бојадиса некое јајце и дека е грев ако го стори тоа. Едноставно тоа нема никакво верско значење за протестантот, туку чисто уметничка работа. Сепак ретки се тие го прават тоа и најчесто тоа се од оние фамилии каде што дел од нив се протестанти, а дел православни.

Еве на пример кај мене дома, моите се православни, а јас не. Мајка ми вапцаше јајца пред Велигден (според обичајот кој таа го следи). Јас си ја правев омилената салата (Мимоза) и сакав во неа да си ставам белки од варени јајца. Без никакво чувство на вина си земав од вапцаните јајца, си искршив (иако сеуште не беше Велигден) и си ставив во салатата. Православниот верник кој го следи обичајот дека кршењето на велигденските јајца мора да биде после полноќ (кога настапува неделата) тоа не би го направил, а доколку го направи, ќе го гризе совест дека направил нешто што не е Богоугодно. Но протестантот нема проблем со совеста затоа што, според Неговото убедување, Бог не поставил такви заповеди/регулативи во Неговата објава - Библијата, туку тоа се само обични народни обичаи - меѓу кои, како што и самата забележа, има и некои пагански. Паганските обичаи, особено со оние кои се косат со Библијата, строго им се забранети на протестантите и тие со такви работи не прават компромиси по никоја цена следејќи ја премисата дека првенствено треба да Му се послушни на Бог, наспроти луѓето. Јас неколку пати сум се нашол во незгодна ситуација (на пример да одбијам да бацам рака на поп, или да одбијам да се поклонам пред икона), но искрената вера во Бог ми дава сила да преминам преку тие незгодни ситуации.

Околу празнувањето на Божиќ или Велигден, бидејќи нема правила, регулативи, обичаи, секоја локална протестантска црква си ја прави прославата онака како што ќе си се договорат, по сопствен мекар. Бидејќи е празник, најчесто е попратен со пригодна музичка програма, со молитви на благодарност, со некоја пригодна Божиќна или Велигденска порака (проповед), потоа евентуално со частење (сокче, благо), ако е сончево можеби заеднички излет со верниците од заедницата (бидејќи е неработен ден) и сл. Значи суштината е Христовото раѓање и воскресение и голем акцент се става на тоа, на придобиквите од овие настани, на славање за тоа што Бог го направил за нас. А формата, начинот на кој што ќе се направи тоа, си го одредуваат самите верници, зависно од тоа како се расположени, колку финансии имаат и сл.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
ајде некој подетално нека го опише постов и што е забрането за време на постот?
Како што телото е со духот така и вреувањто треба да ни биде.Духовно.
Протестанизмот се придржуваат само кон Библијата а притоа не ја следат заповетта на Бога да го прославуваат/слават односно немаат ништо духовно во нив.
Постот е признание на Бога и прифаќање/примање на Бога во себе.така душата ја казнуваш со духовен и телесен пост и ја очистуваш од секакви прљавштини/погрешенија и ја закитуваш душата со свет дух во себе.
Постот се одвива по зависност од тежината на денот/празникот и нормално колкаво искушение може телото и душата да издржат.тоа зависи и колку е твојата вера силна кон Бога.
Најстрогиот пост како што беше вчера само на вода дури и малку храна му одаваш признание и се сочуствуваш со Христос на денот во кој пострадал и бил распнат.кој за време на страданието побарал само вода а војниците му ги намачкале усните со оцет.како што рекол ако сакаш да бидеш со мене треба да ги поминете истите страданија како и мене.
Придржувајте се кон црквата Христова стара 2000 години.ПОПОВИТЕ не ви бараат пари за молитва и духовен совет.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Христос на денот во кој пострадал и бил распнат.кој за време на страданието побарал само вода а војниците му ги намачкале усните со оцет..
Oцет се дава за освестување, освежување, а не за мачење или иживљавање, оцет се давал на веслачи на галии за да им се врати силата, голтка оцет на истоштено тело му дава моментална сила и фокусираност.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Чорба,

според Библијата, Христос постеше без храна и без вода, 40 дена и ноќи. Дали Ти лично си постел на таков начин?

Јас велам: не, не можеш.
Не одговара на ова прашање Мики. И јас еднаш го прашав, ама ете не добив одговор.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Не одговара на ова прашање Мики. И јас еднаш го прашав, ама ете не добив одговор.
Немањето одговор не е тешко да се претпостави нели, но битно е дека „...така пишува во Библијата...„ а небитно е што напишаното не се исполнува токму од оние кои се колнат во „авторитетот„ од Библијата.

Истите тие, веќе си изесапиле дека е доволно што веруваат и со тоа автоматски се спасени, а тоа што Писмото бара не само вера, туку и вера поткрепена со дела, и тоа е небитно: битно е да го земам од Писмото она кое ми одговара, а она кое не ми одговара, ќе се пра‘ам дека не постои...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Протестанизмот се придржуваат само кон Библијата а притоа не ја следат заповетта на Бога да го прославуваат/слават односно немаат ништо духовно во нив.
Тука си малку контрадикторен. Прво велиш дека протестантите се придржуваат само кон Библијата, а потоа велиш дека не ја следат заповедта на Бог - која што исто така е запишана во Библијата. Па ако протестантите се придржуваат до Библијата, секако дека ќе се придржуваат и до Божјите заповеди во неа :)

Придржувајте се кон црквата Христова стара 2000 години.
На која црква мислиш? МПЦ е стара 46 години, од 1967 до сега, за жал се уште непризнаена од останатиот православен свет.

ПОПОВИТЕ не ви бараат пари за молитва и духовен совет.
За молитва бараат пари, 150ден мала, 300ден голема молтива. Е сега не знам само дали имаат и средна молитва или фамилијарна молитва во менито и дали на секои 8 фамилијарни ти следува една гратис како во пицерија 5ка :)

п.с. Малата и големата молитва се први на менито, горе лево ;)
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Oцет се дава за освестување, освежување, а не за мачење или иживљавање, оцет се давал на веслачи на галии за да им се врати силата, голтка оцет на истоштено тело му дава моментална сила и фокусираност.
Чичко лед....зарем со твојата интелигенција не можеш да дојдеш до заклучол?
Исус бил толку измачуван за да му се даде моментална сила.
Не се секирај..знаеме до дека е твојата интелигенција....не требе да одговориш.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чорба,

според Библијата, Христос постеше без храна и без вода, 40 дена и ноќи. Дали Ти лично си постел на таков начин?

Јас велам: не, не можеш.
Не сум постел на таков начин. Нашиот Господ Исус никаде не ни заповедал да постиме 40 дена и ноќи, никаде не ни заповедал да одиме во пустина да бидеме искушувани од сатаната, никаде не ни заповедал да се распнеме на крст, ниту јавајќи на магаре да влеземе во Ерусалим итн. Следењето на Исус не подразбира буквално имитирање на сите работи што тој ги направил додека бил на Земјата.
Многу ти е глупо прашањето. Ете затоа не ти одговорив. Поздрав!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom