Значењето на Јосип Броз - Тито за Македонија и Македонците

bonbon4e

100% крејзи :P
Член од
4 септември 2010
Мислења
226
Поени од реакции
17

its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Komunizam e utopija, so ednostavna filozofija: Raboti kolku i sto mozes, zemaj kolku sto ti treba. Ureduvanje za koe momentalnata covecka svest e nepodgotvena i na nisko nivo.

Socijalizmot e od start osuden na propast. Blisku e do komunizmot, ama svesta na covekot e taa pa po odredeno vreme funkcioniranje propagja. Se e drzavno i site imaat za dostoen zivot.
 
Член од
7 март 2011
Мислења
93
Поени од реакции
125
Социјализмот е т.н. прва (или ниска) фаза од комунизмот, односно преодната фаза од капитализам (кој повеќе е економски систем и начин на производство отколку општествено уредување) во прав комунизам, односно општество во кое ќе нема класи и класни противречности, експлоатација на трудот, но и отсуство на државата како форма на власт (на една класа или елита) и на парите како платежно средство, а комунистите се залагаат и за умирање на нациите и религиските определби. Бидејќи социјализмот е првиот облик или "отскочната" даска кон социјализам во него се уште постојат остатоци од капитализмот, работничката класа се еманципира полека (целта е диктатаура на пролетеријатот), почнува да се врши национализација на земјиштето, колективизација на сопственоста, однапред утврдени планови колку и што ќе се произведува и каде ќе се продава (т.н.петогодишни планови), целосно укинување на пазарот како место каде се формираат цените итн.
И двете се квалификуваат како политички теории, потекнуваат од делата на идејните творци Карл Маркс и Фридрих Енгелс (Комунистичкиот манифест од 1848 година), а потоа и во делата на Владимир Илич - Ленин. Комунизмот е исто така интернационална идеологија (познатата порака на Маркс -> Пролетери од сите земји - обединете се!), има за цел да се поврзат сите КП во светот и победата над капитализмот да биде секаде во светот, за разлика од спротивните десни идеологии кои се национални.
Сето горенаведено е речиси невозмжно да се реализира во реалноста, па затоа сите левичарски иделологии кои се залагаат за умирање на државата како крајна цел (анархизам, социјализам и комунизам) се познати како утопии. Според Ленин империјализмот (највисок стадиум од развојот на капитализмот) кога постои максимално угнетување и екплоатација на работниците е искрата кога работниците ќе се кренат на револуција и ќе ја соборат вледејачката капиталистичка класа (сопствениците на средствата за производство) и ќе ја воспостават т.н. диктатура на пролетеријатот. Маркс сметал дека токму вакви револуции ќе се појават во развиените западноевропски капиталистички држави (Англија, Германија, Франција), но тоа се случи во царска Русија во 1917 година, а потоа и во другите источноевропски држави (1945 година со помош на СССР)....
За крај разликата работник - пролетер. Работник е припадник на класата која е угнетувана и експлоатирана од капиталистот, и работникот ја врши својата физичка работа молкум, без отпор... кога тој ќе развие класна свест, односно ќе стане свесен за својата положба и ќе се здружи со другите свесни работници подготвувајќи се за револуција, работникот станува пролетер (работник со развиена класна свест).
Претпријатие за превоз ПРОЛЕТЕР - Скопје:helou:

Ова е најкратко површинско објаснување, има многу теории кои се појавиле подоцна, кои скршнале од ортодоксниот комунизам...
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Мислам дека дискусијава “забега“. Можеби требаше да се расчепка по податоците за Тито и да се пронајдат некои малку познати факти за него и неговиот однос кон С. Р. Македонија да се погледне во ново светло, без анимозитет или претерано воздигање на неговиот лик и дело.
На пример :
-Каков бил неговиот однос кон Ченто?
-Каков бил неговиот однос кон Л. Колишевски?
-Каков бил неговиот однос кон Глигоров, Арсов, Црвенкоски, Талески, Венко Марковски, В. Ацева, В. Дуганова, Минчев, Чемерски и т.н.?
-Каков бил односот на сите тие напрема него и неговата политика (но и помеѓу нив самите)?
За сето тоа мора да има зачувано службена преписка, документација и слично. Само со увид во меѓусебните односи на политичарите и нивната службена комуникација, може да се открие каков бил Тито во однос на Македонија и дали нешто морало да биде така, или можело и поинаку. Без да имаме увид во тоа, можеме само да си разговараме меѓусебно. Јас мислам дека во недостаток на алтернативен модел од кој ќе се видеше дека со некој друг владетел или држава, или самостојно би ни било поубаво, Тито е варијанта која за Македонија причинила најмалку штета. Секако, самостојноста уште од ’45-тата е најубава варијанта, но колку во тој период била и реална за остварување (поради надворешни причини) е дискутабилно... На Македонија во тој период реално и недостасувал потенцијал (економски и човечки - образуван), но и надворешна поддршка за заживување на самостојноста (едно е остварување, друго е заживување). Најважна е надворешната поддршка (со англиски напалм бомби врз македонските села - мора да признаете, таа поддршка е фантазија). Без надворешна поддршка - Тито бил варијанта која нудела најмногу во тој момент и користа била поголема од загубата (ако не се сметаат во загуба деловите од Македонија во Грција, Албанија и Бугарија - кои претпоставувам дека поради Грција било фантастика да се добијат ни како самостојни ни како во состав на ФНРЈ).
Тоа што Тито затворал на Голи Оток - секој самодржец истото го прави за да ја зачува својата власт, не смееме да се поведиме од личната нетрпеливост (поради некој од семејството кој страдал во неговиот режим, или дека бил Комунист и сл.) туку мораме да бидеме историски објективни - ни се допаѓало тоа или не. Пред неколку години во САД во некоја од државите (Тексас или Аризона мислам) една група на луѓе прогласи независност на еден имот (со се сите државни атрибути) од САД. И кога и покрај повиците на полицијата не се предадоа и растурија, таа група беше жива запалена на својот ранч. Ете таму не беше Тито. Кој ги запали нив? Или тоа беше еден вид “демократско“ палење? Не смееме да ги судиме луѓето со двојни аршини или по онаа “Quod licet Jovis, non licet bovis“ - и едната власт и другата се трудат (труделе) да ја зачуваат целовитоста на својата држава. Само ние ја растураме и не си ја цениме сопствената држава, сопственото име и се обвинуваме дека сме “антички“ и сл...
П.С. Периодот од 1945 до денес е период најмалку обработен од историчарите (како “мрачниот“ среден век), како да не смеат да чепнат во него (кој знае какви г..на ќе излезат?).
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Односот на Тито кон Македонија и Македонците зависел од неговиот интерес, односно од политичката и друг вид добивка која би можел да ја искористи. Броз, според официјалната биографија, е од мешан хрватско-словенечки брак. Неговите интереси почесто се насочени кон овие тогашни ју. републики (многу се залагал да речеме за споровите околу Трст и неговата околина, многу повеќе отколку за Пиринскиот и егејскиот дел од Македонија) и се разбира, кон најголемата од нив, Србија. За другите имал помалу време - често информациите за нив ги добивал од втора рака, од негови избрани луѓе, на кои и им ја препуштал работата таму. Значи, Тито игра двојна игра со Македонија, во зависност од историскиот момент и од тоа колку е удобна во тој миг неговата столица, статус и сл.

Она што е најбитно за нас, она што мора да се запамети е тоа дека во Македонија за слободата се изборивме сами. Не дојдоа овде српски и др. партизани да се борат, туку нашите гинеа на Срем, ниту пак дојде да ни помага Црвената армија како што беше случајот во Србија.

Во текот на 1944 -та имало околу 100.000 вооружени Македонци.

Е сега, како и во сите комунистички режими, и Тито сакал по секоја цена да си остане на власт. Голи оток, Блајбург и повеќе др. воспитно-превоспитно-забавни установи и локации биле само еден вид од мерките кои ги презел за да ја осигура својата позиција. Се потпирал на потполно послушни и бескрајно верни исполнители на неговите замисли. Во Македонија имал неколку такви - Колишевски, кој од нигде-никаде, т.е. од Крагуевачката партиска организација дошол да биде прв човек на ПК на КП на Македонија (дошол во 1941 година, не знаејќи многу македонски и не познавајќи речиси никого од земјава-бил сирак, посвоен, мислам, во српска фамилија; истиот е упасен кон крајот на истата година и однесен во бугарски затвор од кој излегол по капитулацијата на Бугарија, како народен херој :kesa:) Очигледно критериумите за херојство, со оглед на тоа што Лазо, за разлика од своите, помалку хиерархиски важни соборци, на волшебен начин преживел, не биле посебно високи.

Тито и Ранковиќ, најголема доверба кога се работи за македонски прашања имале во Колишевски, кој убаво го искористил тоа. Во требењето на македонските патриоти и интелектуалци неговата улога е речиси исто толку важна како оние на Броз и ранковиќ, ако не и поважна.

Обично тој бил дежурната тужибаба. Си имал и тој верни другари, како Страхил Гигов, Цветко Узуновски-Абас, Видое Смилевски Бато, па и Дуганова, Чемерски, Беловски, и други поистакнати политичари од овој период.

Да се вратиме на Тито. Нему му било најважно да ги има работите под контрола, по секоја цена. Во комунистичките држави, а и не само во нив, тоа подразбирало воспоставување на апсолитна колективна послушност и слепо исполнување наредби. За оние што мислеле поинаку, обично имало два начина на пресметка (јавна морална, политичка и човечка дисквалификација, затвор и робија или смртна казна - Ченто, Брашнаров, Шатев, Пирузе и др. или пак праќање на неколку децениска работа во Белград - пр. стариот Влахов таму го поминал остатокот од животот, како и неговиот син Густав, а и Киро Глигоров до доцните 80-ти работел во сојузната партиска и државна власт (за неинформираните во врска со Глигоров - интересно би било да проверат кој бил тој до 1945 година и за што се залагал, а што направиле од него тие силни години поминати во Белград). Во подоцнежниот, условно речено подемократски период, Тито имал и друга тактика со политичките неистомисленици - наместо затвор - јавно оцрнување, разрешување од партиски и државни функции и тотална политичка изолација - меѓу другите, тоа го снашло и Крсте Црвенковски, можеби најзначајната позитивна политичка фигура во Македонија во 60-те години од 20. век.

Освен од сопствените проценки, за ваквите чистки го советувале Колишевски и емисарот на Тито за МК, С. Вукмановиќ - Темпо.

Тешко е да се оценува тоа време и улогата на Тито во однос на Македонија, од една страна има многу гадости, предавства, подли убиства и политички пресметки. Од друга, првпат после многу години на дел од Македонија имало каква-таква држава, во која се пишувало, читало и учело на македонски јазик и во која бил остварен значителен економски напредок, ако се земе предвид како било пред тоа. Се уште е рано за целосно расветлување. За разлика од другите комунистички водачи, својата диктатура Броз знаел убаво да ја прикрие, да балансира со светските воено-политички блокови и навистина да манипулира со масите, да дава со едната рака и да зема со другата. Значи се работи за еден мошне специфичен историски лик, т.н. „свилен“ диктатор, по нешто сличен на Август и Соломон, секако, многу помалку успешен од нив, (оти Август е помалку познат по крвавите чиски до кои дошол на власт, а повеќе по периодот по тоа, познат по долгото успешно владееење, кога ситен егови противници биле под земја, а „ждржавата на „премудриот“ Соломон исто како и СФРЈ не живеела многу долго по него) кој имал влијание во светската политика далеку поголемо отколку што беше значењето на Југославија. На неговиот погреб имало повеќе државни делегации, отколку на погребот на Кенеди, или на Черчил, Де Гол, Сталин или Мао. Само погребот на Јован Павле II имал повеќе странски делегации. За крај, да го потврдам она што сакав да го кажам - интересот на Тито за Македонија главно бил површен, недоволен, препуштен на вториот партиски и државен ешалон, а неговото значење за Македонија е преценето од многумина.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Се согласувам со тебе во најголемиот дел. Само што прикажаната слика (општата - во јавноста) е многу поедноставена, а всушност е многу посложена. Нема само лоши момци од една страна и добри момци од другата страна (такви филмови се изнагледав во тие мои 30 години додека живеев во Југославија : од едната страна беа Германците од другата Партизаните), тука има цел еден широк спектар на личности, ставови, интереси, Рашомонска вистина... Ти гледаш само во тоа дека Тито затворал и малтретирал Македонци. А, кој му кажал кои Македонци се неподобни, и што е уште поважно - зошто му кажал така? Во борбата за позиција и власт не се одбираат средства и оние послабите (всушност “почистите“ и посовесните) отпаѓаат. Зарем мислиш дека Васко Карангелески (генерал на кого пушката му била составен дел од неговиот живот - настрадал поради неспретно ракување со неа?!?) и Благоја Талески (кој се самоубива?!) му пречеле на Тито?!? За него биле добри дотогаш, а и понатаму ќе биле добри затоа што многу добро знаеле што може да ги снајде ако многу се бунат, поготово генералот кој бил обврзан и со заклетва и со служба. Тие им пречеле на некои наши, во борбата за власт. И најпосле, затворал и мачел и припадници од другите републики (меѓу нив и доста четници за кои што Македонците беа само Јужносрбијанци - во тој случај Тито е позитивна личност за нас?).
Погледни го составот на Првото и составот на Второто Заседание на АСНОМ и веднаш е јасно во која насока ќе се одвивале настаните... Како и да е, сепак, Титова Југославија постави една релативно добра основа (образован кадар со општа Македонска свест, економската моќ ќе беше развиена, можеби и повеќе, во било која друга варијанта) за денешната независна држава (каква и да е :) ). Проблемот е во тоа што стариот кадар (оној што “пресудувал“), или нивните карактерни наследници, користејќи мимикрија како паразити се вовлекоа во сите пори на младото Македонско општество и го разјадуваат однатре веќе дваесет години (праксата на ликвидација на неподобните продолжи и во годините после осамостојувањето), а од Биологија ви е познато дека било кој организам во кого се населени паразити доколку не умре споро напредува или стагнира, венее...

П.С. Да, ние самите сме ја извојувале својата слобода и воопшто не ни бил потребен Комунизмот (или Социјализмот) и Југославија. Но во самиот зародиш ни бил подметнат паразит кој еве, до ден денешен не сме го отстраниле и упорно си го храниме. Разликата е во тоа што за време на ЈУ ни беа давани лекови кои не го убиваа паразитот но не одржуваа во живот и колку - толку стабилна состојба (витаминчиња :) )
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Понекогаш, меѓу локалните интереси на мак. политички моќници (Колишевски и сл.) и интересите на Тито, немало голема разлика. СФРЈ често била во некакви политички и економски кризи - ловење на фашистички и „националистички“ остатоци, Информбиро, Ѓилас, обиди за вовед на утопиското самоуправување и економската криза и неуспешните стопански реформи во 60-те, Ранковиќ, судирот со либералите итн...

Броз се залагал за статус кво, не за ризични потфати и експерименти. Бил исклучително внимателен кога на политичката сцена ќе се јавело нешто што барем малку се разликувало од неговите замисли. Секој што размислувал поинаку, и бил доволно храбар или глуп да го соопшти тоа, поминал како што поминале оние што ги наведов во претходниот пост, а меѓу нив се и Ѓилас, Ранковиќ, Нешковиќ, Хебранг, а кај нас Милосавлевски, Тахир и веројатно, како шти пишуваш и ти, ген. Карангелески. Во еден период тие му одговараат на Броз, се додека се послушни, но и тие се луѓе и имаат право на мисла или едноставно грешат. Па Тито, беше посебно близок со Ранковиќ и Ѓилас, со Трипало и Црвенковски, па на крај им го забибери на сите, од страв да не му ја загрозат власта (овој страв честопати нема многу врска со реалноста).

Нема само бело и црно, има и помалку или повеќе бело или црно, и ако така повеќе ти одговара, сиво. Во тој период (1944-1991) се случиле многу работи, и добри и лоши. Некој е задоволен и носталгичен, некој не сака да се сеќава. Како што реков, потребно е време за некои нешта да ги гледаме одстрана, како неутрални и со самото тоа пообјективни набљудувачи. Но, некои работи се јасни - можело и повеќе, можело и подобро. За нешто сме криви самите, а некои работи ни ги зафркнал друг.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Поминаа 33 години од смртта на Тито , човекот кој имаше визија за успешна и моќна држава , земја во која имаше братство и единство , земја со моќна армија и успешна економија

Многу го сакаа и го сакаат но многу го плукаат и го мрзат па сакам накратко да видиме каква беше таа титова Југославија а како сме сега , односно што сме постигнале за 33 години ?



 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Togas bevme nekoj i nesto a sega sme nikoj i nisto.
Во врме на Тито Циле беше директор на молерска задруга немаше ни биро а сега е сопственик на синџир аптеки, градежна фирма со 1000 вработени недвижнини вредни милиони и милони евра и кизнај што уште не. Така да не ви е Тито крив што не напраивте ништо во животот.
 

Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
Во врме на Тито Циле беше директор на молерска задруга немаше ни биро а сега е сопственик на синџир аптеки, градежна фирма со 1000 вработени недвижнини вредни милиони и милони евра и кизнај што уште не. Така да не ви е Тито крив што не напраивте ништо во животот.
Imase barem sredna klasa,pogolema ramnopravnost kaj lugeto...nemoj tuka so cile mile da me zaebavas.
A ti mnogu znaes dali sme napravile nesto vo zivotot za da spomnuvas tuka,,a sega neka te karaat planincive i minister uck,koj vo negovo vreme ke gniese na Goli Otok a sega ti sedi na ministerska fotelja i ti ja kroi sudbinata na drzavata.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Imase barem sredna klasa,pogolema ramnopravnost kaj lugeto...nemoj tuka so cile mile da me zaebavas.
A ti mnogu znaes dali sme napravile nesto vo zivotot za da spomnuvas tuka,,a sega neka te karaat planincive i minister uck,koj vo negovo vreme ke gniese na Goli Otok a sega ti sedi na ministerska fotelja i ti ja kroi sudbinata na drzavata.
A oти да гние на голи оток?
Оти се бори за правата на својот народ?!?! За тебе со полно право Брашнаров, Ченто и редица други со право ги отерале на голи оток?? Заслужено ги стрелале оние кои неќеле да се борат на сремски фронт?
 

Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
A oти да гние на голи оток?
Оти се бори за правата на својот народ?!?! За тебе со полно право Брашнаров, Ченто и редица други со право ги отерале на голи оток?? Заслужено ги стрелале оние кои неќеле да се борат на сремски фронт?
Oti 2001 se krenal protiv sopstvenata drzava vo koja cel zivot ziveel,ali toa ne e nisto neli.Vo Titovo vreme ke bese lincuvan od samiot narod.E taka se cuva i brani edna zemja,sega prijatele nasava zemja ti e dno dna koj saka ne dupi i dirigira so nas.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Oti 2001 se krenal protiv sopstvenata drzava vo koja cel zivot ziveel,ali toa ne e nisto neli.Vo Titovo vreme ke bese lincuvan od samiot narod.E taka se cuva i brani edna zemja,sega prijatele nasava zemja ti e dno dna koj saka ne dupi i dirigira so nas.
И за Ченто и Брашнаров и куп други рекоа и ги осудија оти се кренале против својата држава.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.945
Поени од реакции
8.957
Овај, ако не ве мрзи разлистајте ги мемоарите на Черчил да видите што ке се десело ако се отишло на Солун.

Мислам откако нашите ке биле потепани од Британците кои во Грција имале 3 пати повеке тенкови и 4 пати повеке авиони од цела Југославија. Со флота у позадина нормално.

А што се однесува до Ченто, па и сите потепани Македонци тогаш, да бидеме искрени нив ги потепале Македонци комунисти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom