Во право си за 99дизајнс али јас не се откажувам да ти кажам право. Никогаш не знаеш кога ќе те погоди среќата. Јас на еден натпревар за етикети за алкохолен пијалок влегов во финале ама избраја друг...и дури по месец дена ме контактира истиот што го организираше претходно натпреварот и ми вика...сакам тој дизајнот шо ти беше да го искористам за друг производ, само ќе треба името да го смениш...дали се согласуваш за 100 евра? Мене ми дојде ко гром од ведро небо. Се согалсувам викам, како не...

Друг случај...првпат влегов во натпревар за дизајн на веб страни, значи само за дизајнот, без кодирање и програмирање. Пратив, ми го оценија како “многу темно“ со 1 ѕвездичка само и добро реков јас, се откажав после не пратив друго..По 10-ина дена замисли, добивам нов фидбек кај шо истиот тој дизајн го оценува со 4 ѕвездички и добар фидбек во однос на содржина и поставеност на елементите, само бојата да се смени и фонтот во хедерот. Зедов вчера, направив уште 4 нови, дури и ми кажаа со која боја

А инаку предлозите од другите учесници се затворени, не се гледаат, ама тие дури и ми пратија по порака како изгледа нивното

Сега сме тројца во финале, само јас и уште еден пратија нови предлози, тој третиот ни трага ни глас...а ова ако успее...повеќе се плаќа отколку за лого...200 е за лого, најчесто...а ова е 475

Wish me luck

Инаку да не се секираш за провизијата за 99дизајнс. Не се тие како Фајвер, прво не земаат толку проценти (20%), земаат 5% ама тие ги наплаќаат од купувачот а не од тебе. Пример ако наградата е 200 долари, купувачот плаќа 210, 200 за тебе и 10 за 99дизајнс