Фан Клуб: Интер

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Кога дојде во Челзи го изјави следново:

„Please don't call me arrogant, but I'm European champion and I think I'm a special one“

Што ќе рече сега? :)
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Честито нов тренер и да го освоите скудетото и наредната година.
Фала. :back:
Кога дојде во Челзи го изјави следново:

„Please don't call me arrogant, but I'm European champion and I think I'm a special one“

Што ќе рече сега? :)
Сега ќе рече... I know. I know the outcome of the clash between Inter Milan and Juventus, and it's bad for Juventus and good for Inter. I just know. :pos:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.608
Тони Интер, ќе видиме за тоа..Ќе каже сезоната што претстои...
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169
Aj ќе имам доблест да ви го честитам новиот тренер..Иако, никој од вас не го честиташе Амаури..Ама ако...Ќе се сретниме...
А кој беше тој Амаури?
 
Член од
2 јуни 2008
Мислења
6
Поени од реакции
0
haaaa :) od utre i oficijalno murinjo ke bide pretstaven vo milano :))) INTER PER SEMPRE FORZA NERAZZURI
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Тони Интер, ќе видиме за тоа..Ќе каже сезоната што претстои...
Го зедов Јуве како пример само. :cug:
А за тоа што всушност ќе се случи, ќе видиме.
 
В

Вори

Гостин
Epa sega imate najdobar trener, i ne smeete da se zalite,ako ne osvoite lS naredna sezona,sramota!!!!!!!
 
А

Адриано

Гостин
Welcome Jose to the best team in the whole world!!!
INTER FANS-MACEDONIA
еве шо му пишав на мистер мурињо,лани на Суазо му пишав и го објавија само што На суазо сезоната му беше шит:helou:
 
foxy roxy

~!@#$%^&*()_+
Член од
22 јуни 2006
Мислења
471
Поени од реакции
7
А ако на роналдо не му даваја по 200.000 Евра месечно мислиш дека ке постигнеше 30 гола во една сезона :uvo:
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Мислењата се префрлени во оваа тема

Сепак ова е фан тема на Интер.

Продолжете таму за Мурињо. Тука за Интер
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.044
Поени од реакции
1.169
Мислењата се префрлени во оваа тема

Сепак ова е фан тема на Интер.

Продолжете таму за Мурињо. Тука за Интер
Е па Мурињо е тренер на Интер. И да се дебатира тука нема врска сепак се работи за член на тимот.

Мене сега ме загрижува индината на Балотели. Дечкото се покажа супер, на 17 години стана звучно фудбалско име за кое се интересираат сите големи клубови.
СО доаѓањето на Мурињо, најверојатно доаѓа и Дрогба, се враќа Адриано па конкуренцијата е многу голема.
Најдобро решение за Интер е да се даде на позајмица, да се искали една сезона и во Интер да се врати како еден од најдобрите напаѓачи во Европа.
Но ако го загубиме ќе биди многу лошо. Ваков фудбалски талент не би требало да се испушти од раце.

Исто така ме загрижуваат изјавите на поедини играчи кои застанаа на страната на Манчини. Јулио Цезар, Маикон, Матераци... Останатите не ги споменувам оти мислам дека не е важно нивното мислење и не е воопшто важно дали ќе останат или ќе заминат од клубот.

Од утре работите треба да се смират, да нема поделби на привилегирани-непривилегиране и задоволни-не... Што побрзо се среди ова тоа подобро.. да пристигнат и новите имиња во тимот кој треба што побрзо да се фклопи и уигра. Мурињо има поинаков стил на игра, различен тренинг, тактики.. Па во година одиме на двојна круна!
 
bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
Мислам дека Балотели се преценува малку, освен во Реџина Емполи и Парма на друго место нема да игра во првиот тим онолку натпревари колку што посакува.

Околу изјавите на играчите Цезар можам да го разберам бидејќи Мначини е најзаслужен што тој игра во Интер.

Матераци е во право кога сака состанок за да знае какви се плановите на Мурињо и не само тој, нека ги собере сите им нека им соопшти на сите кои не ги посакува, така може ќе ќариме некоја пара од трансфери а и ќе заштедиме на плати.

Малку е компликувано во нападот. Имаме вишок на напаѓачи и незнам каква тактика ќе применува Мурињо. Не гледам причина зошто Дрогба би дошол, тоа се чабе потрошени пари за играч кое е веќе стар а ако играме со еден шпиц мислам дека ќе бидат ептен чабе потрошени.
 
gos

Wrong
Член од
8 ноември 2007
Мислења
719
Поени од реакции
56

pricinata ja znae murinjo,vo temata za murinjo vikate deka e dobar trener a tuka go kritikuvate:smir:
 
bojann1

desmosedici rr
Член од
7 ноември 2007
Мислења
1.234
Поени од реакции
41
pricinata ja znae murinjo,vo temata za murinjo vikate deka e dobar trener a tuka go kritikuvate:smir:
Да Мурињо си ја знае работата и јас не му ги оспорувам тренерските квалитети и успеси, но мислам дека можеме и без Дрогба тоа е моето мислење зошто веќе го имаме Ибра, Адри се враќа а тука е и Круз, Креспо, Сузо и Балотели,

Сепак мислам дека Дрогба нема да дојде но ќе оставам времето да покаже дали сум во право или не
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom