Anco
За солун ДА, ЗА срем НЕ
Кога е времето за трета перница на брачниот кревет. Може ли тоа да се утврди.
Од скоро сум во нов стан.Во исти стан со жената.Спалната сам си ја направив да биде во склоп и функција на собата. Иста постела со неа делиме. Заедно, многу години, а сепак сега по 35 сме далечни.Многу далечни на исти кревет. Веднаш „првата вечер“ приметив(иако не ни беше прва,а за таа прва тогаш сме немеле ни спална)дека на креветот има три перници-двете вообичаени наши и една помала „нова“во средината.Се изненадив ама не реагирав,вечерта така помина,утредента го тргнав но тоа вечерта беше пак на своето место,помеѓу нашите две. Што треба ова да значи.
Отишла ли нашата љубов тука внатре во ова перниче.Зар едно мало перниче сега да ја раздвојува таа љубов што сме ја граделе толку години. Не да до тогаш да сме биле многу презаватени во таа работа во брачната постела посебно не последниве години,кои и се вообичаени дејствија према годините,да не кажам „неделко“ но тука ќе е некаде тоа судрување-станавме викендаши,со претензии кон „месечари“, што се и потврди еднаш-два пати годинава.
А еве и факт, се префрлам јас и на тоа мало перниче,не го ни гледам ни осеќам туку пуштам рака понатаму но сопругата се повлекува,а по мое пвторно настојување и ми ја враќа раката,што е знак дека избегава „судрување“. Што ли ја мачи. Има ли врска оваа должност да се претвара во одбивност само поради други семејни или на работа проблеми. Знам дека има денови кога и не тие до ништо,ама тоа се само денови а не недели. Да не ја фатило Климата како ли се она вика.
А знам дека имаме тешки грижи минативе и оваа година.Но треба ли тие да се над љубовта,поточно поради нив да се апстинира од задоволствата, а времето си поминува, јас знам дека секој ден легнувам се постар и за нов почеток е веќе доцна,па макар тоа била и некоја привремена станица или адреса.
Така и јас неколку дена бев ладен не само тогаш,(во постела) туку и преку денот.Дали жената тоа го осети,та гледам една вечер самата се приближи,го фрли тоа мало перниче помеѓу нас и почна.
Но тоа знам ќе биде само една кратка светлина низ темното небо, еден сончев зрак низ облаците, што моментално само ќе допре до нашиот брачен кревет,да не потсети дека некогаш многу се сакавме. Арно се рекло „тоа што деца може да ти направат не може никој“- баш тука и јас го гледам овој проблем,бидеиќи тие треба да живеат подобро од нас, но во нашиов случај не е тоа така, па тоа еве се одразува и кај нас,иако сега имаме се сепак сме далечни,поради нив.

а и нервозите си го прават своето многу нормално па и климакс ако ја фаќа :/

само ќути си 