Не знам кои се, лично сајтот ми делува како задоцнета првоаприлска шега, но не ми е јасно од каде ти е информацијата дека Арена каналите се забранети во Македонија, кога Ти-Хоум ги нудат истите тие канали во своите MaxTV пакети ?
Добро сега, факт е тоа дека ги нудат за дополнителна претплата, но сепак ги нудат, што потврдува дека не се забранети во Македонија, во спротивно и Ти-Хоум би требало да ги затворат ако им пуштат инспекција.
Телекабел ги нудат и ХРТ 1 и ХРТ 2, па дури и новата ХРТ 3 во основниот пакет со аналогни ТВ канали, ова го знам од личното искуство на мој пријател кој користи аналогна телевизија од Телекабел, што потврдува дека дефинитивно овие ТВ канали не се забранети во Македонија.
Иста е ситуацијата и со HBO каналите, локални кабелски телевизии во Тетово и во Гостивар неодамна ги ставија HBO и HBO Comedy ТВ каналите во своите основни пакети со аналогни ТВ канали, истите пакети беа одобрени од СРД во текот на изминатата недела или пред изминатата недела, не помнам точно, слободно провери на официјалниот веб сајт на СРД за да се увериш лично ако сакаш.
Доколку грешам, слободно викни им инспекција и на Ти-Хоум и на Телекабел, па да видиме дали некоја од овие 2 фирми ќе ги затворат, па ќе видиме кој е во право.
Но како и да е, ова ми делува на чиста приказна за мали деца, фрлање коска на гладни кучиња, само што коската е направена од пластика, ем нема да ги најаде кучињата, ем има ризик да си ги испокршат забите.