12 години од масакрот во Вејце 2001

Статус
Затворена за нови мислења.

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.256
Mасакрот во Вејце 2001


На 28 април 2001 година, комбинираната патрола, составена од 16 припадници на безбедносните сили, и тоа 8 од Единицата за специјални намени „Волци“ при АРМ и 8 од Посебната единица на СВР Битола, во 17 часот тргнала на задача од касарната во Тетово и требало да се врати околу 20 часот. Биле распоредени по четворица во две лади ниви и два хамера. Пред селото Селце, кај чешмата, направиле мала пауза каде се сретнале со претходната патрола, која се враќала од селото Бродец. Во разговорот им сугерирале да се вратат зашто немало потреба да одат во Вејце, но тоа не било прифатено. Околу 17:45 часот патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина. Кога првите три возила влегле во кривината, во вид на потковица, од три страни биле нападнати од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот живи биле запалени.



Не смееме и нема никогаш да ве заборавиме! Вечна ви Слава, почивајте во мир. :(
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
:( вечна слава
 
P

propoise

Гостин
Заборавени се и не само они туку сите кои ја бранеа македонија без разлика што изгубиле(Живот,рака, око или човечност), не си правете филмчиња и тоа не само што се заборавени туку и се измочаа врз нив.

Тие кои го сторија тоа сега се на работа,живи,здрави па и амнестирани односно наградени.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.229
Поени од реакции
108.098
Вечна им слава. Кога ќе замислам дека можеше и татко ми да биде на нивно место ме лазат морници...
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Нека почиваат во мир они и дел од нивните родители кои од болка им се придружија .
Вечна им слава .
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Вечна им слава! :(
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Кога првите три возила влегле во кривината, во вид на потковица, од три страни биле нападнати од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје.

еден од тие терористи е и сегашниот градоначаник на кичево, чисто информативно.
овие кутрите за што загинале? за сега грујо на ти го, дај ми го да си игра со државава?
кога ќе ми текне дека и татко ми беше летото во најжестоките војни и тоа во тетово :facepalm: . кои стресови беа тие, мама и баба само на апчиња за смирување беа. тие слики и спомени никогаш не можам да ги заборавам.
после кога си дојде дома за прв пат плачев од среќа. не можев да се соберам, му се фрлив уште на улица и го гушкав со цела сила и никаде не го пуштав да оди цел месец.


п.с. вечна им слава на загинатите. :(
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Вечна им слава и нека почиваат во мир !!
Првиов од сликава го знаев,му беше братучед на мој прв сосед ..
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
се ежам кога ке видам дека сум на исто годиште со најмладите.... - на 24 години ѕверски да ти биде одземен животот..... без коментар - СЛАВА ИМ И НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВАТ!
 
Член од
28 јули 2012
Мислења
106
Поени од реакции
62
Можеби нашите државни ,,фукнционери“ ако можат така да се наречат ќе го заборават ова, но само ние си знаеме колку е тешко ова. Јас, син на еден припадник на Волците во црната 2001 најдобро го осетив стравот дали татко ми ќе го изгубев или немаше, за среќа тоа не се случи помина само со куршум во раката. Голем РЕСПЕКТ за Македонските синови кои ја бранеа својата земја во таа пуста 2001 !!! Вечна слава момци !!!
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Код:
Кога првите три возила влегле во кривината, во вид на потковица, од три страни биле нападнати од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца сè уште со знаци на живот живи биле запалени.
4 возила. 16мина. 8мина загинати. 4тото возило и останатите 8мина каде што како за време на нападот и за време на масакрирањето ? Се шушкаше за некој си командир кој киднал со 100.000 евра некаде у странство ? Никој не плати за ова. Џабе е сега да пишуваме СЛАВА ИМ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom