12 години од масакрот во Вејце 2001

Статус
Затворена за нови мислења.
Оф, Бранители
Во кукавичка заседа кај Вејце,на Шара
Злите ве нашараа со оган и нож,со крв и прав
Но вие со гордост,без страв
Останавте наш пример како треба
Да се брани секоја наша педа
Од слепата,оѕверената беда
На душманот кој нема што да бара
Кај нас,
Непријател на кого нема да му има спас
Еднаш штом Господ,со господарите земни
На светот Несвет не му ја стемни
Славата,не му ја просветли главата

БРАНИТЕЛИ,бранители,БРАНИТЕЛИ
Ако срцето така ми вели,така е!
чест е да ве опејуваме
и по дванесет години
Малку барем,барем малку
Вашите блиски да ги утешиме.

Кои поминаа ТЕМНИ дни и
Темнини по битолските улици и
Темни погреби и пискотници
На мајките,на сестрите
На невестите и чедата
На првите Македонски БРАНИТЕЛИ

До кога
О,до кога ќе чекаш
До кога ќе спиеш,
До кога злобници ќе криеш
До кога скриено ќе пекаш?!
Народе, роде
ОДИМЕ;одиме
По спас за МАКЕДОНИЈА!
-----------------------------------
од поемата „Бранители“-Б.О.
 
Ене го дури министер за одбрана стана на оние што пукаше и ги убиваше сега им наредува.не знам дали го има ова некаде на друго место освен у мак.Оној Р-но си игра со народов.
не знам до каде е Стојанче со потписите мора нешто да се случи претеруваат.
вечна им слава на хероите македонски што загинаа.
 
Никогаш нема да го заборавам денот.
Слава им.
 
Вечна слава
кога читам грлово ми се суши
 
Некој од политичариве да поткажеше нешто, некој помен да му даеа власта ? Или само на форум вечни слави че си кажуваме ? Тешки глупости, загреота луѓево в гроб се превртува, битно сеа градоначалников на Кичево си клокоти ладан џус на жешково во некој кафич.
 
Според браќава на форумов злосториниците терористички на ова а и на други сл. дела не биле виновни бидејки се амнестирани каде ке им оди душата само незнам на нив ај да загинеш гради во гради борба донекаде е подонстоинствено а живи луѓе да палиш УШТЕ ЕДНАШ ВЕЧНА СЛАВА
--- надополнето: 28 април 2013 во 12:45 ---
Capture.PNG
 
Јас ги имам сега годините на кои загина ти пред 12 години. Што проживеа? Што се 26?

Почивајте во мир. Уште тоа остана да си кажеме. Се друго ни кажаа други.
 
Браќата малку мешаат поими. Амнестијата не значи дека не си виновен, напротив кога знаеш дека си крив бараш амнестија.
Мене лично повеќе ме боли амнестијата што им ја дадовме на нашите генерали заради нивното (не)знаење да праќаат патроли со 10-20 луѓе сред планини пуни со терористи.
Вечна им слава.
 
Некој од политичариве да поткажеше нешто, некој помен да му даеа власта ? Или само на форум вечни слави че си кажуваме ? Тешки глупости, загреота луѓево в гроб се превртува, битно сеа градоначалников на Кичево си клокоти ладан џус на жешково во некој кафич.
Што ако го направат тоа кога знаеме дека е чисто лицемерие и уште толку газење врз нивниот спомен?
Јас само ќе кажам Вечна им слава, сето останато веќе одамна е излишно...
 
Никогаш да не се заборави.
И после како може да има соживот со вакви БОЛНИ ЃУБРИЊА , ама ГОСПОД гледа и ќе им врати 100 пати повеќе на сите овие " борци за човекови права"
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom