Помалку познати Македонски војводи - но не и помалку важни за Македонското дело

Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Планирав нова тема да отварам ама сликата што ја имам дома ја нема на интернет од него. Патем се работи за Војводата Велко Апостолов - Попадински (1886-1908). За тоа како загинал има две верзии, друг пат ќе ги раскажам, а еве подоле слика од споменикот негов во родното село Попадија. Јас дома ја имам онаа сликата во споменикот што е само по голема..
 

Lord Macedon

Етнички жител на Кајгана
Член од
12 септември 2008
Мислења
135
Поени од реакции
21


Леонид Јанков бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, раководител и војвода наМакедонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание.
Јанков е роден на 10 март 1878 година во село Мачуково, од татко Трајко и мајка Ката. Селото Мачуково, кое се наоѓа на 4 км од Гевгелија, во втората половина на 19. век било многу развиено, со сите карактеристики за поголемите населби. Со развојот на чифлигарството во Македонија, започнува процесот на претварање на македонските селани во чифлогари.
Најголемиот чифлик-сајбија кој го држел Мачуково и половина Гевгелија била една жена, позната под псевдонимот Анмката. Османлиската бруталност предизвикала омраза, огорченост и спротивставување и со оружје со цел да се заштити честа и достоинството на селаните. За таа селаните си поставиле чувари за заштита на своите имоти таканаречени падари. Еден од падарите-заштитници на македонското население и имоти, во почетокот на 20. век бил и Леонид Јанков.
Мачуковчани набргу разбрале дека ропската положба вечно не може да трае и да се поднесува, туку дека само организирани можат да се ослободат од ропството, и тоа со пушка во рака и со сопствени сили. Затоа со формирањето на организационите чети на почетокот на 20. век, многу селани од Мачуково се најдоа во четите на Сава Михајлов иАргир Манасиев. Столб на Организацијата во селото бил Генчо Лазаров Ортаков, а во организационите работи најмасовни биле Јанковци.

Во текот на 1903. година Леонид се наоѓал во четата на Манасиев, учествувал во востаничката борба во гевгелискиот крај против османлиското ропство. Тоа не била фронтална борба, туку се се одвивало преку диверзантски акции. По неуспешното завршување на Илинденското востание, во ноември 1903 година престанале сите борбени активности а поголемиот дел од востаничките чети се префрлиле во Бугарија. Со четата на Манасиев, тоа го сторил и Леонид Јанков.

Откако се враќа во 1904 година во гевгелискиот крај, Леонид заедно со Томе Донев и Миле Таушанов на подрачјето на Богданци развиле голема активност. Во текот на 1904 и 1905 година Организацијата претрпела тешки загуби поради се поголемите пресметки меѓу вооружените врховистички пропаганди од една страна и Организацијата од друга страна. Овие години биле години на големи удари врз нејзината жива сила а посебно врз раководниот кадар.
Откако дешифрирале едно писмо упатено од градското раководство до Леонид, турската војска собрала 3000 луѓе и го опколиле просторот околу селото Ѓавато. Леонид со своите востаници бил засолнат во големите капини во месноста Ѓуров Дол.
Се развила нерамноправна битка, во која Леонид со итрина успеал да убие многу непријатели но кога му останале само уште два куршума, со едниот го убил јусбашијата а со последниот сам се убил, не дозволувајќи жив да падне во рацете на турците [1][2].
Тој ден сите камбани во градот биеле и целиот град татнел од нивниот звук. Повеќе од 3000 души од градот и околните села биле собрани на неговиот закоп, кој се извршил во дворот на гробиштата на црквата Свети Спас, во северната страна.

wikipedia
 
Член од
8 април 2012
Мислења
7
Поени од реакции
0
Војводи .. Мојот прадедо бил Стојче Војводата; Стојче комитата; Воjводата од Горно Соње .. Неможев да најдам на интернет никаков податок за него освен тоа што ми го кажале дека бил од Горн Соње ... :( Само песна има за него ... http://www.youtube.com/watch?v=WDFpJRwgr5Q

Ај ве молам некој податок за него ако може ... Горд сум на него што сум Македонец !!! :)
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Митре Влаот
Митре Панџаров – Влаот, познат како Митре Влаот (Влавот) е роден 1873 година во с. Кономлади (денес Макрохори, Грција), Костурско. По народност Влав. Во 1901 година влегува во ТМОРО како обичен четник. Во четата се научил да чита и пишува, а по тоа станал помошник на војводата Папанчев. Зел учество во Смилевскиот конгрес, на кој е решено да се крене востание. Во мај 1903 година четата на Митре Влаот се судрила со турски аскер кај селото Руља (денес Котас).
За време на Илинденското востание учествува во нападот врз османлискиот гарнизон во селото Вишени (денес Висиниа) и во големата битка кај селото Писодер (денес Писодерион). По неуспехот на востанието , во април 1904 година формирал нова чета, којашто бргу се зголемила. Бил прогласен за главен војвода на Костенаријата, кадешто повеќе пати се судрувал со грчки андартски чети.



а сега покрај све Митре е најзаслужен за смрта на еден од најголемите крвници на македонскиот народ во егејска македонија клетникот Павлос Мелас миленичето на Каравангелис.



ВМОРО разбира дека главата на грчкиот комитет е Павлос Мелас, и дека ако таа се одсече, работите ке се свртат во друга насока. Набргу после масакрот во Загоричани, четата на Митре Влаот успева го направи тоа. Кога Мелас влегува со неговата чета во селото Статица, човек на ВМОРО од тоа село го здогледува и без да го забележат успева да го напушти селото и да отиде во блиската гора кајшто се наоѓала четата на Митре Влаот. Четата го следи секој чекор на Мелас, неколку пати влегуваат во престрелка, но никако да го уништи, затоа што турците секогаш доаѓаат да го спасат Мелас.

Но, овојпат Влаот прави гениален маневар. Му кажува на еден од неговите комити којшто знае грчки да напише писмо на грчки до турскиот гарнизон во Кономлади во коешто е напишано дека Митре Влаот се наоѓа во селото. Кога турскиот јузбашија го добива писмото, веднаш ја дига војската и тргнува кон Статица 9за главата на Влаот има огромна награда, и сите сакаат да го уловат). Турците ја опколуваат Статица, ја наоѓаат куќата во којашто е Павлос Мелас и започнуваат стрелба. Андартите мавтаат со бели знамиња, викаат: "Не сме комитаџии, Грци сме.. Ваши пријатели". Но напразно, Турците се решени да го фатат Влаот, и не престануваат. Тогаш Мелас е погоден во стомакот, и умира бавно 4 часа - со тешка, мачителна и заслучена смрт. Другите андарти успеваат да се предадат. Кога гледаат дека убиле Грк, а не Влаот Турците започнуваат да тажат. Така умира Павлос Мелас, убиец и непријател на Македонскиот Народ.
Две телеграми од турскиот кајмакам и воената команда во град Костур испратени до седиштето на Битолскиот Вилает во Битола за активностите на Митре Панџаров-Влаот и неговата чета во летото 1904 година.



 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113


1885-а в село Смилево, Битолско се ражда Донка Комитката. Тја ште б'де равна на м'жете, но не в удоволствијата, а в битките. С'штото село е родно мјасто и на Даме Груев. Донка Ушлинова се ом'жва на 15 години за Ставре Христов от село Лера, с'што битолскија вилает. По това време Македонија е все оште в пределите наОсманската империја.

М'ж'т на Донка заминава на гурбет и един от местните турски големци започва упорито да ја задирја. јавно работата е почнала да става нет'рпима, заштото един ден Донка заедно с брат си Апостол и жена му Сребра го убиват и заравјат, след което бјагат в гората. По онова време било прието след сватбата жената да приема името на м'жа си, така Донка става Христова Ставрева, а жената на брат ј - Сребра Апостолова Ушлинова. В гората тримата намират четата на војводата от В'трешната македоно-одринска револјуционна организација Славејко Арсов и се прис'единјават к'м неја. Годината е 1903-а, избухва Илинденско-преображенското в'стание. Донка участва в много сраженија в Битолскија револјуционен окр'г. През 1904 г. Славејко Арсов е убит и тримата преминават в четата на Георги Сугарев.
Един от четниците, Христо Настев, ги описва така:
"Сребра с простодушнија си пронизителен поглед, с'с завидно стројно развито телосложение, които издаваха рјадка жизнеспособност и вродена скромност на селска свенливост, криеше в себе си и своето кораво, но туптјашто будно национално с'рце. Винаги резервирана и скромна до наивност в отношенијата си, тја не се смуштаваше от никакви несгоди и лишенија при новото си положение..."
"Донка е по-ниска на р'ст от Сребра и мургава, но с'с строго изразителни очи. Особено лјубознателна и винаги охотно приказлива, лесно се приспобјаваше к'м всички като добра с'беседница. Доста ревнива опонентка на издр'жливост к'м всички несгоди и лишенија при нелегалнија четнически живот, когато ј се заговореше за изв'ршеното от тјах убијство, винаги пламваше от озлобление, с което издаваше заболелите си чувства на м'ст и задоволство, че са премахнали един злодеј... “Сега вече мога да умра спокојно” - винаги прибавјаше в краја на разговора си Донка."
След потушаването на в'станието Донка и м'ж'т ј заедно с брат и ј жена му Сребра се установјават в'в Варна. Годината вече е 1912-а. Избухва Балканската војна. С'прузите Донка и Ставре са доброволци в новосформираното Македоно-одринско оп'лчение.
Донка Ушлинова участва в много сраженија, отличава се при пленјаването на јавер паша. Произведена е ефрејтор и получава два ордена "За храброст".
Минават нјаколко години, царството е изгубило оште две војни, но надеждата за обединение на Б'лгарија е жива.
1915 г., свет'т војува от цјала година, Царство Б'лгарија с'што се вклјучва в световната војна в пореден опит да постигне вечнија си национален идеал - обединение. Донка Ушлинова и Ставре отново са доброволци. Този п'т в 11-а пехотна македонска дивизија - војска, с'ставена изцјало от доброволци от изгубените б'лгарски територии.
И отново наравно с м'жете Донка Комитката участва геројски в боевте при Дојран, Круша планина и т.н. Получава оште единорден "За храброст" - този п'т 2-а степен (трета и четв'рта е получила в предишната војна), а в 1917 г. е произведена в чин подофицер и наградена с п'рвата степен на ордена лично от главнокомандваштија генерал Никола Жеков. Този орден получава и м'ж'т ј. През 1918 г. војната св'ршва, което попречило на Донка да получи офицерско звание.
Донка и Ставре живејат в'в Варна, к'дето имат малка к'шта, построена с парична помошт от д'ржавата - 10 000 лв. Имат син Александ'р, роден през 1924 г. Донка умира на 27 јуни 1937 г.
ПЕјО КОЛЕВ
http://www.24chasa.bg/Article.asp?ArticleId=937517
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
„- Рафаел Моше Камхи,познат под името војводата Скендер Бег (1870-1970 )
Македонски Евреин од Битола, виден деец на ВМРО,учесник на основачкиот конгрес на ТМОРО во 1896 гидина, во Солун и во преговорите за откуп на грабнатата американска мисионерка Мис Стон.
Под името војводата Скендер Бег, учествувал во Илинденското востание.
Близок соработник на Ѓорче Петров, Даме Груев, Гоце Делчев, и Димо Хаџи Димов.
Подржувач на левицата во македонското национално ослободително движење. Сведок на големите патила на Евреите во Солун.Еден од ретките кој го преживеале холокаустотна Евреите во Солун. Хроничар на своето време.
Рафаел Моше Камхи е роден во Битола,на 15 декември 1870 година. Потомок е на познатото еврејско семејство од Сефардскиот род,кое се населило на Балканот по прогоните на Евреите од Шпанија,кон крајот на 15 век. Неговите предци биле едни од најпознатите општественици,трговци,банкари и сопственици на бродови во Османлиската империја.
Татко му, Моше Соломон Камхи,бил банкар,претприемач и снабдувач на турската војска.
Мајка му, Роза Ватино,потекнува од прочуено градско семејство од Јанина.
На деведгодишна возраст останал без татко, а десет години потоа починала мајка му.
Се Школувал во Битола во Еврејското училиште во кое учел француски,турски и грчки јазик.....“
-------------------------------------------------
Извор: Рафаел Моше Камхи-илинденски деец од еврејско потекло
автор: Петар Карајанов - веда 2003
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Рафаел Моше Камхи
Средба со Ѓорче Петров на 21 септември 1903 година во Леринско.
„-Тој ме праша како тече востанието,ќе може ли да издржи населението уште месец-два и како е во Дебарско и Кичевско. Му одговорив
„Немој да прашуваш Ѓорче,многу е лошо,речиси капитулираа сите реони.Повеќето од селата се изгорени,ограбени,населението е гладно,босо,голо,скита по планините,без да можеме да му помогнеме,плаче пишти,не знам каков ќе ни биде крајот.Убија многу жени,деца,сарци. Господ да ни е на помош!“
„Но добро нели Штабот реши да биде тоа востание,што мисли тој Штаб за таа положба?“ - ми одговори и истовремено ме праша Ѓорче. Јас му реков
„Не знам,не сум се сретнал со нив“
И без да сакаме очите почнаа да ни солзат. Го прашав:
„Добро Ѓорче, ти што бараш тука,нели беше против востанието?“ Ѓорче ми одговори:
„Брате,слушнувајќи за големата загуба со убиството на мојот мил другар Гоце, јас не можев да бидам спокоен и се решив да тргнам по него,по истиот пат. Тоа е правата причина,затоа не можев да седам со скрстени раце. Но треба да знаеш,за таа катастрофа,за убиството на Гоце Делчев, тројца се главни виновници: Иван Гавранов затоа што на Солунскиот конгрес донесе одлука под диктат на кнезот Фердинанд и - д-р Татарчев и Христо Матов,кои му се предадоа на кнезот Фердинанд за старо железо и за ловорики, со кои станаа големци - задгранични преставници. Ги покани Фердинанд и тие веднаш подлегнаа на неговите зборови:„Кренете го востанието и јас веднаш ќе и објавам војна на Турција“. Како што останаа само зборовие на Фердинанд кој ги измами,така сакаа и мене да ме убедат. А јас им кажав:
„Напротив,не им верувајте на неговите зборови. Нели имаме заклетва дека ќе работиме самостојно за автономна Македонија...Тие опиени од зборовите на кнезот кој ги пофалил и ги издигнал,не сакаа да послушаат и ни ја донесоа катастрофата.“
--------------
Овој дел е од наведената книга,но цитирано-извадено од книгата :
„Јас, војводата Скендер Бег, спомени, писма и документи“, на Рафаел Моше Камхи
Еве што им уште напишал на подготвувачите на ова книга:
„-Вие ми разбудивте стари спомени,кој јас мислам да ги заборавам.Не знам дали ќе ми простите. Тој несреќен народ,беше целосно под турска тиранија, таа несреќна Македонија и сега е поделена и поробена уште. Ви благодарам за се. Големо почитување и толку не го заслужувам,затоа што и не ги реализиравме сите идеи на покојните другари“
Рафаел Моше Камхи,очигледно боледува од големиот бол на неостварената желба за слободна и обединета Македонија. Починал во длабока старост 1970 г. во Тел Авив, во земјата на татковината на неговите сонародници,како почитувана историска личност, голем и чесен граѓанин, полн со бунтовност, хероизам и хуманост.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Рафаел Моше Камхи
Драматично кажување на Picture 134.jpg Рафаел за ладната разделба меѓу Гоце и Даме
(вака во својте спомени тој ја опишува)
„ Даме Груев се врати од заточеништво од Подрум Кале со воз од Солун,кој пристигна на 26 март 1903 година.Во Солун останал само шест дена...Изутрината отидов во хотелот,... и чекав да ми каже нешто за средбата со Гоце во Солун. Но тој не зборуваше ништо. Го запрашав: „Кажи нешто за Гоцета,што прави тој,барем ме поздрави ли?“
Ми одговори дека имам многу здравје од Гоце, „ Друго ништо ли не зборувавте?“
Најпосле ми одговори:
„ Со Гоце не можеме да се разбереме и многу ладно се разделивме.“
„ Зошто се разделивте ладно со Гоце?“
Тој ми одговори: „ Сигурно добро ти расправал Лозанчев дека Конгресот донесол решение тоа лето да се крене востание, а пак Гоце и Ѓорче не се согласни со таквото решение. И така Гоце дојде во Солун посебно испратен од Ѓорче, за да му се спротистави на решението заземено од Централниот комитет со гласовите на 17 делегати. Тоа не може да биде “
Јас му одговорив: Не 17, туку 170 делегати да бидат, ти требаше да ги подржиш Гоцета и Ѓорчета. Тие ти се верни другари и ти треба да знаеш повеќе од тие 17 делегати “
Тој налутено ми се сврте и ми рече: „ Празни зборови ми зборуваш. Ти не го познаваш добро Гавранов. Тој е најумниот и највлијателниот помеѓу нас. Тој може да дејствува преку кнезот и преку Петров. Морав да бидам признателен кон нив “
Кога се разделив со Дамјан, веднаш му пишав на Ѓорче дека Даме по секоја цена сака да се крене востанието. “
 
Член од
20 април 2013
Мислења
29
Поени од реакции
15
Најдовнеколку стариМакедонски патриотски песни.

Дали некој на форумов има било какви информации за Мицко војвода?

СЕДНАЛ МИ ЏЕМО
(народна)

Седнал ми Џемо слободен, Џемо
Под таја круша горница,
На таја њива орница,
Во лева рока ќилибар,
Во десна рока мартинка!
Мајка му вели, говори:
''Не седи, синко, слободен,
Слободен, Џемо, распашан,
Србите глава дигнале,
Искочил Мицко комита
Со седамдесет дружина''.
Тогај ми Џемо говори,
- Не бој се, мајко, Србина:
Српска ми пушка не дупи,
Српска ми сабја не сече.
Уште ми Џемо не сврши-
Ете го Мицко војвода!
Летна ми Џемо да бега,
Низ таја пуста планина.
Тогај му Мицко повика:
- Почекај, Џемо, не бегај
Да видиш, Џемо јуначе,
Дупи ли пушка србинска,
Сече ли сабја комитска!

ПОРЕЧКО МОМЕ
(народна)

Момиче мајке збореше:
Мајко ле, мори, мајко ле,
Мрва си легнаф сонуваф
И видоф кале Радино;
Под кале поље зелено,
На поље оро големо.
На танац орли играју,
Радино кале певају.
На кале сокол, сив сокол,
Со голем глас ми кликаше,
На Пореч с' крило махаше,
На мене младо збореше:
''Не ли те жалко момиче,
Момиче, зумбул девојче,
Сокол ќе да ти одлетна.''
Ој, леле, леле, мајко ле!
Коде ми сокол збореше,
Радино кале светлеше,
А коде сокол одлетнал
Радино кале помркнал!
На ќерка мајка збореше:
Ќеро ле, чупе, малено,
Тој што је оро големо,
Што ќе га орли теглити,
Оној су срцски комити!
Тој што ти сокол одлетнал,
Ој, леле, туго, туго ле,
Оно је Мицко војвода!
Одлетнал сокол-газија
У кралска земља Србија,
Да српског Крала прашује
За наши јади казује:
''Бре, Крале, татко, татко ле,
Праќај ни твоје соколе.''
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Најдовнеколку стариМакедонски патриотски песни.

Дали некој на форумов има било какви информации за Мицко војвода?

СЕДНАЛ МИ ЏЕМО
(народна)
Мицко си е македонски ајдутин којшто како и многу други Македонци и припадници на другите народи на Балканот се приклучувале кон оваа или онаа војска во борба против Турците-Османлии.

Тоа што подоцна станува ревносен служител на српската пропаганда во Македонија си е негов проблем.

Настанот со Џемаил ага е највеќе од лична одмазда за предходните злодела на истиот, и народната песна не е така како што си ја преправиле великосрпските национал-шовинисти.

Во македонските народни патриотски песни не се пее за Срби и Србија во национална смисла.
Ти си асли Србин или со сила се правиш таков?
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Случката со Џемо е од 1878 г.
Sednal mi Džemo

Sednal mi Džemo, razpašan Džemo
pod taia kruša sitnica.
Majka mu veli, veli em govore:
- Ne sedi, Džemo, razpašan!
Ne sedi, Džemo, razpašan, Džemo,
Ne ti je mirna godina,
Ne ti je mirna godina, Džemo.
Kaurin glava dignal e.
Džemo i veli, veli em govore:
- Ne žali, majko, ne plači.
Kaurska sablia ne seče, majko.
Kaurska puška ne puka.
Oshche mi duma ne rekyl, Džemo,
ete go Micko vojvoda (x2)
So pet stotini družina.
Pyrsna mi Džemo da bega, Džemo,
niz taia reka Bistrica.
Micko mu veli, veli em govore:
- Brej stoj, ne begaj, bre, Džemo.
Da vidiš, Džemo, da čueš,
Džemo, kaurska sablia kak seče, (x2)
kaurska puška kak puka.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Методија Патчев....... Патчева чета
„Кадиноселскиот кмет ја предал Патчевата чета од непознати причини на османлиската власт. Најпрво малото жандармериско одление од 50 души ја опколило старата турска кула во која била сместена Патчевата чета.Нешто подоцна пристигнала турската коњица,апо неа и пешадија од Прилеп,како и засилување од Битола,се приклучил и башибозукот од турските села.Пристигнал и познатиот разбојник Расим со 25 души.
Борбата започнала во недела навечер,а завршила претпладне идниот ден. Во борбата учествувале седумина македонски револуционери,наспроти неколку стотици турски војници,жандармерија и башибозук. Со воената операција раководел прилепскиот кајмакам заедно со командантот на гарнизонот во Прилеп.
Лавовската одбрана на опсаднатите ги осуетила бројните турски напади.При секој напад прецизната четничка стрелба сеела смрт во турските редови.Откако увиделе дека секој нов обид за заробување на четниците им носи само нови жртви,Турците примениле нова тактика и направиле очајнички обиди да ја запалат кулата.
Се почестите Турски атаки во препладневните часови во понедолник на 7 април 1902 година им ја голтнале на опсадените и онака малата количина муниција.Во следните драматични мигови не гледајќи никаков друг чесен излез,Патчев и неговите другари донеле содбинска одлука: Смоубиство. Во тие големи мигови на себеоткровение, Патчев и неговите шестмина соборци ја покажале својата вистинска величина.
Посмртниот ритуал започнал со кршење на пушките.Потоа војводата со револвер ги застрелал својте другари.Тие паѓале двајца по двајца братски прегрнати. Следниот миг човекот што ја совладал смрта и зачекорил во бесмртноста, излегол од кулата со две бомби кои ги фрлил врз аскерот. Меѓутоа,бомбите поради врнлеживото време не експлодирале. Тогаш војводата Патчев се вратил во кулата и со истрел во устата си го одзел животот.Така завршил последниот чин на саможртвената драма на четата.
Штамата што завладеала во кулата ги охрабрила Турците. Првпат без загуби се доближиле до кулата.Најсмелите од нив, со извесно колебање влегле во неа. Глетката што ја виделе ги фрапирала.
Седумина херои лежеле спокојно, во крв облеани.“
-------------------------
Др-Димитар Димески-„Македонското националноослободително движење во Битолскиот вилает (1893-1903)“ стр.424,425.
НИО „студенски збор“ - Скопје
-------------------------
Патчева чета
Методија Патчев,учител од Охрид
Арсение.......,23 годишен, учител.родум од с.Козица,Кичевско
Стефан........, 34 годишен,
Ѓорги............,20 годишен земјоделец,родум од Демирхисарско,
Рафаел........,23 годишен земјоделец,родум од Демирхисарско,
Коте.............,2о годишен, кројач од Битола,
Коста...........,40 годишен,земјоделец од с.Долгаец Прилепско.
----------------------------
Вечна слава за хероите
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Спомени - Анастас ЛозанчевСофија 1930

Како причини за востанието можат да бидат, следните:

Движењето на врховистите во 1902 г.
2) Нашата подготовка беше таква, што не можеше да се одолжи за 10 - 20 години.
3) Многу Македонци, не знам по чија сугестија, на организацијата или пак однадвор, започнаа масовно да се враќаат по своите родни места во текот на зимата, дури и есента.
4). Костурчани и леринчани заплашуваа, дека сами ќе кренат востание. Големиот страв од откривање на оружје (особено по убиството на војводата Марко Лерински).
5) Зголемувањето на четите имаше за последица непрекинати судири со турски единици.
7) Големата напнатост на населението, кое што го принуди да ја занемари својата дневна работа.
8) Осиромашување на населението.
9) Моралниот пад кај некои личности, кој започна да му тежи на населението.
10) Ослабување на дисциплината.
11) Од излагањето на делегатите стана јасно, дека подготовката по окрузи и околии е доволна
.

http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Knigi/spomal06.html

http://www.promacedonia.org/rami/a_lozanchev_spomeni.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom