Не, Христијанството не е верување во три Бога: Бог во Стариот завет во Исаија 43:10 кажува дека нема друг Бог освен Него. Исус исто така кажа дека има само еден Бог, апостолите исто така на неколку места јасно кажуваат дека има само еден Бог. Христијаните веруваат во целата Библија, а доколку ја читаш, ќе видиш дека место за твојот заклучок нема.Hristijanstvoto e veruvanje vo tri boga znaci ne e cist monoteizam sinot sedi desno od Otecot znaci trojca se.
--- надополнето: 25 април 2013 во 11:37 ---
Повторно не.baska isus rekol ne sum ja Bog .
Исус никаде не кажува "Јас не сум Бог".
--- надополнето: 25 април 2013 во 12:40 ---
Тројството не е Три Бога, туку Еден Бог=три личности.mislam toa apla mozes so samata Biblija da go pobies trojstvoto.
Многу често можеме да пронајдеме врска со Исус од Новиот завет и Јахве од Стариот завет: На пример:
Исаија 44:6 ...."Јас Сум првиот и последниот"...(зборува Јахве)
Откровение 22:12 "Ете, доаѓам скоро....јас сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и завршетокот"...(зборува Исус)
Во Стариот завет креаторот на небото и земјата е Јахве, во Новиот завет креаторот на небото и земјата е Исус:
Исаија 44:24 "Вака зборува Господ, твојот Искупител и твојот Творец во утробата: „Јас Сум Господ Кој Сум создал сè, Кој ги оптегна Сам небесата, и ја зацврстив земјата без ничија помош."
Евреите 1:8-10: "А за Синот вели....и 'Ти Господи, во почетокот ги положи темелите на земјата, и небесата се дело на Твоите раце"
На Исус можеме да му се молиме, и Исус ни дава одговор (што во Стариот завет, исклучиво се однесуваше на Јахве):
Јован 14:13-14 "И што и да побарате во Мое име, ќе направам, за да се прослави Таткото во Синот. И ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го сторам."
Исус е присутен насекаде и во секое време (Особина на Бог):
Матеј 28:20 "И еве, Јас Сум со вас во сите дни до крајот на светот"
На Исус треба да му се поклонуваме ние и ангелите на небото (во Стариот и Новиот завет се вели дека само на Бог треба да се поклонуваме):
Матеј 14:33 "А оние што беа во коработ, дојдоа и Му се поклонија, велејќи: Навистина, Ти си Божјиот Син"
Матеј 28:9 "А Исус ги пресретна и ги поздрави 'бидете поздравени!' А тие се приближија до Него, Го фатија за нозете и Му се поклонија."
Матеј 28:17 "и штом го видоа Му се поклонија..."
Евреите 1:6 "...и да му се поклонат сите Божји ангели"
Исус е еднаков со Бог:
Филипјаните 2:6-7 "Кој, иако беше во ликот Божји, не го сметаше како нешто приграбено -тоа што е еднаков со Бог, туку се лиши Самиот себеси, земајќи лик на слуга, станувајќи сличен на луѓето."
Како што го почитуваме Таткото, така треба да го почитуваме и Исус:
Јован 5:23 "за да Го почитуваат сите Синот, така како што го почитуваат Таткото"
И многу други текстови каде се кажува дека Исус е Спасителот, во Стариот завет само Јахве е спасителот (Исаија 43:11 -Само Јахве е спасителот)................
--- надополнето: 25 април 2013 во 12:56 ---
Не се работи за догма поставена од црквата (било која и да е). Да ја негираш Божественоста Христова е да идеш против се она што е напишано во Библијата (и во Стариот и во Новиот завет).Hristijanstvoto e veruvanje vo tri boga znaci ne e cist monoteizam sinot sedi desno od Otecot znaci trojca se, a baska isus rekol ne sum ja Bog mislam toa apla mozes so samata Biblija da go pobies trojstvoto, ali aj za ovoj komoditet oni ja gubat sansata da se spasat vo vecen zivot, mislam taka sledi logicki ako ideme po logikata deka najgolem grev e negiranje na dogmite.
Спасението во Христа иде заедно со признанието на оваа негова божественост:
Римјаните 10:9 "Зашто, ако со твојата уста исповедаш, дека Исус е Господ и ако во твоето срце поверуваш, дека Бог Го воскреснал од мртвите, ќе бидеш спасен."
Важноста и големината на жртвата Христова, произлегува од фактот: Кој е тој што умре на крстот!
Токму затоа и апостолите упатуваат на оваа важност, кажувајќи за антихристот:
1 Јован 4:2-3 "По ова познавајте го Духот на Бога: секој дух кој исповедува дека Исус Христос дојде во тело, од Бога е;
3 а секој дух кој не исповедува дека Исус Христос дојде во телото, не е од Бога; тоа е духот на антихристот, за кого сте чуле дека иде, и сега е веќе во светот."
Апостолот Јован, објаснува кој е тој што дошол во тело:
Јован 1:1,14 "Во почеток беше Словото, и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог.....И Словото стана тело и се настани меѓу нас...."