Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Иако се виде дека Струмичани имаат екипа барем за една до две класи подобра од Пелистер можевме да ги добиеме на домашен терен, но утакмицата ја загуби Кире со старите играчи. Верував во Кире дека има поголем потенциал за тренер но ме разочара, на 10 минути до крајот таман ги стигнавме тој во одбрана го игра Велјановски, а овај како питбул глуп без мозок наседна на Пецакот неколку пати и покрај тоа што двапати го опомена судијата дека прмногу е груб и дека Пецакот намерно оди на него за да добие исклучување, тогаш требаше да реагира Кире да го олади малку, а не овај како пијан за стап Пецакот фатија топката овај акнимусе и падни на земја се виде дека мора да го исклучат. Фарук немам видено по не интелегентен играч само на тепање да оди и кога веке влезе Чантурија од крило и се тргна човекот кој дирекно го чува овај ептен без мозок се фрли во казнетиот простор да го спречи со две раце, резултат пенал за ЗОНИМАК и исклучување. И веке време е да му каже некој на овие играчи дека нема за нив леб во ракометот, Филип Чурлевски, Фарук, Велјановски, Папата. Папата десет топки од раце му избегаа. Секако од СЕХА нема врска и да дадат зелено светло сигурно Струмица ке сака да учествува бидејки ке биде трета, што значи се од почеток со писмото на Талевски беше само едно добро изрежирано сценарио како да се прикрие сопствената немоќ. Треба скроз да се исклучат постарите ракометари и да се игра со деца па потоа што ке биде од нив ке биде, не може допрва од Велјановски, Папата, Фарик , Филип допрва да правиш играчи од голем калибар.
 

Ај да го видиме то чудо, ама не ми се верва.

Нели селска ви беше лигава??Од каде сега толкави апетити?Не ги измислувам работиве и не сум ни против ова само ги цитирам повеќето тука што пишуваа!!
 
Нели селска ви беше лигава??Од каде сега толкави апетити?Не ги измислувам работиве и не сум ни против ова само ги цитирам повеќето тука што пишуваа!!
Toj шо рекол дека е селска, барај го кај него одговорот. Секој си има свое мислење. Јас сакам да влезиме во СЕХА само заради то шо има поголем квалитет од нашата лига, а со самото влегвање во СЕХА шансата за јаки спонзори и јак Пелистер се многу поголеми.
Во Битола нема таков чоек шо неќи да гледа јак Пелистер.

Ова со салата Биљанини извори доколку влезиме не ми се бендисва, ама ако играме пример пола или една сезона таму а за то време да изградат/ реновират сала тука шо ќе ги исполнува условите за СЕХА би прифатил така.
Не е исто да се играт во Охрид и да се играт во Битола, ама ако е само привремено решение не е лошо.
 
уште едно потсетување за вториот натпревар на Рк Пелистер од плеј офот кој противник е екипата Рк Куманово.СРЕДА 24.04.2013 во 18.30 часот ,Спортска сала Младост Битола!
секој натпревар да се очекува најмалку 2000 гледачи заради условите на СЕХА лига! ве очекуваме!o_Oo_O
 
уште едно потсетување за вториот натпревар на Рк Пелистер од плеј офот кој противник е екипата Рк Куманово.СРЕДА 24.04.2013 во 18.30 часот ,Спортска сала Младост Битола!
секој натпревар да се очекува најмалку 2000 гледачи заради условите на СЕХА лига! ве очекуваме!o_Oo_O
Не се нормални , тешко нив... :facepalm:
Кој е админ на та страната на ФБ ? :LOL:
Нека мислат малце пред да напишат статус , нека не тресат зелени цело време .
 
Не се нормални , тешко нив... :facepalm:
Кој е админ на та страната на ФБ ? :LOL:
Нека мислат малце пред да напишат статус , нека не тресат зелени цело време .
Taka e ama samo edno ne mie jasno oti nikoj na fb strana https://www.facebook.com/pages/РК-Пелистер-08/389028657870839?fref=ts ne komentira kako ovde sto plukate na forumot so ime i prezime da se vidi koj se protiv upravata znaci da se razberime i jas nekolku pati kazav deka na ovaa uprava pomina vremeto arno ama samo jas izlegov budala od site samo jas javno mu rekov na toj sto ja vodi stranata(del od upravata) i sega ne mi zbora mi se luti a mozebi i so pravo :confused:

ps.nema vrska pisanoto klub kako klub mora da go podrzuvame ete sega nema karti znaci vlezot e sloboden i ne za pari rabotata ili nekoj da kradi sto znaci treba Sreda da odime na rakomet za klubot oti upravite se minliva kategorija a Pelister e vecen !
 
Ангелевски немилосрден против своите


БИВШИОТ РАКОМЕТАР НА КУМАНОВО СО 10 ГОЛА ГО ПОРАЗИ СВОЈОТ ПОРАНЕШЕН КЛУБ
Пелистер - Куманово 32:27 (13:11)
Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 400
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски (Скопје)
Делегат: Драган Начевски (Скопје)
Црвен картон: Георгиевски (Куманово)
Пелистер:

Тоскоски, Божиновски, Костовски 2, Димитровски 3, Мемиќ, Ангелевски 10, Дрогришки 6, Илиевски, Чурлевски 1, Вешовски 4, Митевски 1, Вељановски 5, Н. Ивановски, Талевски, Нечков, Ф. Кузмановски

Седмерци: 7/7
Исклучувања: 4 минути
Куманово:

Арсовски, Спасиќ, Трајчевски, Блажевски 9, Несторовски 1, Тасевски 3, Екиновиќ 3, Д. Кузмановски, Д. Ивановски, Трајковски 3, Јордановски, Денковски, Димитровски 3, Георгиевски 5

Седмерци: 2/2
Исклучувања: 12 минути
Мечот домашната екипа го почна со комотни 6:2 со добар влез на Ангелевски. Но кумановчани реагираа и со серија 4:0 преку Георгиевски израмнија. 10-12 минути се играше поцврсто во одбраната и во игра гол за гол дојде се до финишот. Тогаш Вељановски и Ангелевски го донесоа минималното водство од 13:11 на одмор. Целото второ полувреме се играше со постојано водство на битолчани, без опасност за пресврт. Посебно тешко им беше на гостите од Куманово по црвениот картон на Георгиевски во 41 минута заради удар на топката по судиска одлука. Од тој момент Ангелевски ја наполни гостинската мрежа, одличен беше и Вељановски, а Божиновски на голот собра двоцифрен број на голови. Очекувана победа од 32:27 на екипата на Кире Поповски пред двата натпревари со Вардар Про во шампионатот и Купот овој викенд во Скопје.
http://zoran-misevski.blogspot.com/

Тое е то...
Многу е битно да земиме победа на гости против тинекс или против куманово и да се надеваме на 4 место и излез во Челинџ куп .
Многу слаба посета денес , незнам шо е работата и безплатен влез и се и пак малце луѓе Дрогришки денес изигра добра утакмица , секоја чест за детето и браво за Кире шо му дава минутажа .
Ќе биди добар играч од него . (y)
 
Значи кукањето и плачењето се исплати, а ?

Пред една година губевте и од домашен и на гостински терен од Куманово сега преокреќај, а ? :)

Изгледа пресуди црвениот картон на Георгиевски.

П.С интересна супер-лига :), Куманово на домашен терен го победи Струмица ( мислам ), потоа Вардар извлече бод од Струмица па за на крај да изгубиме од Пелистер.

Можеби е непредвидлива, ама и не е ни подобрен изгледа квалитетот на домашниот ракомет.
 
П.С интересна супер-лига :), Куманово на домашен терен го победи Струмица ( мислам ), потоа Вардар извлече бод од Струмица па за на крај да изгубиме од Пелистер.

Можеби е непредвидлива, ама и не е ни подобрен изгледа квалитетот на домашниот ракомет.
Со Тинекс тепа Куманово(2 разлика),не со Струмица....;)
А за вчерашниот меч,многу слаба игра на двете страни,посебно на Куманово,додека играше Оса се држеа,после немаа сила и тешко даваа голови на поставена зона,додека контрата одлично ги служеше,Пелистер имаше еден куп промашени напади,изгубени топки....
За црвениот картон на Оса,можеби имаше и право да се лути зошто играчот на Пелистер едноставно го разнесе иако овај беше во полн трк,можеше да го осакати....:eek:
Сепак не смееше да ја шутира со нога топката во публика,па со право доби црвен картон....чисто како солза....
Судиите требаше да го исклучат и играчот на Пелистер(Мемиќ)....тој старт беше за директен црвен картон.....
Иначе според мене Пелистер и Куманово се најслаби екипи во плеј офот....Тинекс има поголеми шанси за тоа 4то место кое носи излез во Европа,иако не е ништо решено,дуелите на Тинекс со овие два тима ќе решаваат.....и утакмицата на Тинекс со Струмица.....
Иначе баш напротив,од лани лигата е подобрена,зошто Струмица напрај една доста солидна екипа....лани немаше трет тим кој можеше да изигра барем некоја неизвесна утакмица со Скопјани....со бодот против Вардар покажаа дека имаат квалитет....
 
http://macedoniahandball.com/default.aspx?mId=36&eventId=2005
Изгледа уште еден услов за да "влезиме"во СЕХА е да ги играме сите утакмицисо Вардар и Металург во Скопје,по можност во ист ден...да не се прат трошоци....:tapp:
Со овие потези сами си даваат црвен картон од управата...џабе се лутат,со право ќе ги критикуват луѓето...
Зошто се заебаваат со луѓето..
Бараат гледачи за некојси услов да не примеле во Сеха(камо тој да беше условот),а после си тераат по старо....:tapp:
Несериозно.....истото шо го праеше Спиро 8 години,чоекот шо го сменија(со право),сега тие го прат....
Се ветува се и сешто,де шампиони ќе бидиме,де Европа,де Сеха....на крај ништо,па после се знај,старата изрека иди на ред никој не нејќи......никој не сноси одговорност....а на крај криви се луѓето шо критикуваат...и шо не идат на ракомет....зошто да идат?има за шо да идат?шо да гледат,салата кочина(со ветувања дека ако не примат во СЕХА ќе биди се ко шо треба,играме утакмици со време шо се мери со семафор за кошарка,6x 10 минути:pos:донација од КФМ)....,екипата се менва на секои 3 месеци,зависи од амбициите кои се менваат 10 пати годишно...и на крај се знај како ја завршваме секоја сезона....
Жалонсо е ова шо се случува со некогашната гордост на Битола....:place:
 
3та екипа во Сеха лигата од Македонија најверојатно ќе биде РК Струмица, незнам кој ви дал ваква информација, дали е само мачкање на очи дека Пелистер ке игра во Сеха, но сопственикот на клубот на РК Струмица јавно изјави дека се поблиску се до влез во оваа лига..
 
Нека изиграт и за другата сезона , посекако таму се во скопје ... да не се прат трошоци до година.:tapp:
Ах Пелистер до кај стигна , да ми велеше некој пред 10 години дека ова ќе ни се случва , дека за пари(ситни пари) во скопје газот ќе си го продаваме ц ц ц ...
То е на некадарни луѓе ко ќе му дајш да водат нешто и ова ќе се дешава .
И тие 500 гледачи до година ќе ги немат, то да му биди јасно .
Како можи бе единствена сала сме уште со клупи наместо столчиња , семафорот пак е приказна за себе .
После овај потег појќе не одам на ракомет дури не се тргни ова управа .
Доста не ебават на здрав мозок .
Нека му продават приказни за СЕХА на тие дечињата по 12 години .
Ај СИКТЕР !!!!:mad::mad::mad:
 
ме интересира колку пари годишно им се потребни за клубот да тргни на некоја патека и по 3-4 години да може да влезе во борба за барем 2рото место? Толку неможат да најдат некој спонзор?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom