Чудни македонски зборови

Член од
16 април 2013
Мислења
19
Поени од реакции
53
с'ба,
шлав,
бутимо,
дибек,
зевгар,
дудук,
дузгун,
дурак,
сакуле,
коше,
каче,
мастар,
вилар,
андак,
кутлица,
Ајде, уште толкувања...
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Прв пат слушам за називов. Во кој дијалекти (на бугарскиот) се употребува.

Постои глагол топори - во смисла се качува, се пробива; но и се докажува, се дуе, изведува и сл.

Патем, на македонски брадва е двострана секира.
зборот не е дијалектен се користи низ цела бугарија, потеклото и е ирански а од скитски јазик е навлјазва во речиси сите словенски јазици. Денес во бугарија ретко се користи, но во литературата од 19-20 век присутна во речиси сите дела.
Пропуштив да напоменам дека топор е секира која сече и од двете страни.
вс'шност тоа е топор но бидејќи не се користат веќе воени секири и на обичните пак ги нарекуваат топор


точно двострана секира е топор а брадва и секира е обичната
 
Член од
16 април 2013
Мислења
19
Поени од реакции
53
Еј, замисли со ТОПОР да цепеш дрва за подвалок (на ситно). :LOL: :LOL: :LOL:
--- надополнето: 18 април 2013 во 01:35 ---
Во источна македонија во дијалектите се употребува глаголот ТОПОРИ - се прави важен.

Шо се топориш, бе!!! :)
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
турски: pantolon, македонски: панталон, бугарски: панталон
турски: kayış, македонски: каиш, бугарски, каиш

Персискиот јазик има големо влијание над турските јазици. А овие зборови доаѓаат во македонскиот јазик од турскиот односно се турцизми.
За каиш, во македонскиот јазик се употребува и "ремен" и "колан".
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
турски: pantolon, македонски: панталон, бугарски: панталон
Персискиот јазик има големо влијание над турските јазици. А овие зборови доаѓаат во македонскиот јазик од турскиот односно се турцизми.
sto stana so shalvarite?
Pantalone nickname for a Venetian
http://www.delpiano.com/carnival/html/pantalone.html
--- надополнето: 20 април 2013 во 07:36 ---
За каиш, во македонскиот јазик се употребува и "ремен" и "колан".
kaccam=1. belt; 2. determination
kaccam=zakacam
kaccu 01 1. belt,
kakSa m. (kaS)
pobaraj na google
அரைக்கச்சு=belt
http://translate.google.com/#en/ta/belt
kais ne e turcizam/bugarizam,...
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
--- надополнето: 19 февруари 2013 во 21:20 ---

Пелте? се сомневам дека нема некој што не знае. Пудинг, пифтија, пача.
Кадро=фотографија
Пелте ние викаме за еден вид пудинг од шира.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Дали некој можи да ми кажи што се тоа „очипии“?
Го сретнав овде :)
Оние што ќе ти ги испијат очите. Во преносна смисла: злобници, алчници... Веројатно кованица од самиот автор на текстот.
 
Член од
26 април 2013
Мислења
1
Поени од реакции
0
сакав да ве замолам ако може да ми кажете дали знаете некој стар збор кој е синоним за уживање, лежерно и слично....фала однапред(y)
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
сакав да ве замолам ако може да ми кажете дали знаете некој стар збор кој е синоним за уживање, лежерно и слично....фала однапред(y)
Лаксан (или лаксам) = полека, лежерно.
Гениш = спор човек, влечко (веројатно турцизам). Се употребува најчесто дуплиран : “гениш-гениш“ (тој човек си е гениш-гениш)...
 
Член од
2 декември 2010
Мислења
170
Поени од реакции
78
AMOVI (AMOJ) =zelezen predmet koj se stava vo ustata na konjot za da se kontrolira dvizenjeto negovo
DIZGINI =kozni remeni so koi se upravuva konjot
ROZNISTE =konjska zaprega koja sluzi za nosenje seno
ROGOLJ = nekoj predmet koj e iskrsen koj e von funkcija
VIRAN = bez voda [PUSTO I VIRAN] ISUSENO
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Кондиљ - некакво средство за пишување, веројатно перо. Го сретнав во една народна песна.

Бог да бие таја руса Донка
...
Донкиното носе, кондиљ за пишење
...

Не успеав да најдам многу зборови за споредба. На латински кондил е кокалчето на крајот на коската. Инаку на англиски, перо за пишување е quill. Првичното значење му е животински израсток како пердув или боцка. Потекло - непознато. Можно е да има некоја врска.

Не знам колку убаво носе би се споредило со перо, но металното перо со перодршка може навистина да изгледа убаво.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom