Тешка глупост!
Како прво, не може да се организира навивачки клуб кој ќе биде составен од обични луѓе и гледачи и цели семејства, како што најавуваат во програмата.Како ќе учат кореографии и песни членовите "навивачи" за да можат да ја бодрат репрезентацијата? Очекуваат од шмизли и фраери кои одат на утакмица само заради тренд 40/60/90 минути да навиваат и скандираат без престан и воопшто каква атмосфера очекуваат да се направи од страна на оваа група? Па се виде какво беше навивањето на мечот со Шпанија и Металург-Киелце.Освен бело-плавата кореографија со ливчињата на седиште, Излези Момче и извикувања на имиња на играчи немаше ништо друго.Пробуваат репрезентативните мечеви да ги направат забава за целото семејство.Тоа го има само во САД, кога цела фамилија во недела оди да гледа бејзбол или НБА без многу замарање, со цел да се отепа денот и притоа фамилијата да помине неколку часови заедно.
Се знае бе како функционира.Една трибина навивачи, една трибина обични гледачи.Не може од обичен човек кој од време на време ја следи репрезентацијата, цели фамилии, луѓе кои сакаат да бидат видени на утакмица итн. да правиш навивачи.
Наместо да се обезбедуваат барем 1/4 од салата/стадионот за вистинските навивачки групи и нив да им ги распределат и да пробаат да ги сплотат заедно под репрезентативна капа, овие ќе формираат вештачка навивачка група наменета само за репрезентацијата.Сигурен сум дека 99% од оние кои ќе се зачленат нема да бидат членови на навивачки групи и спортски фанатаци, туку партиски војничиња, министерчиња, бизнисменчиња, дудуци што појма немаат од спорт, шмизли што го знаат само Лазаров и Меккејлеб и дечиња од по 15,16 години и сите тие ќе имаат предност при земање на карти и ќе наполнат пола сала/стадион.
Секој поупатен ќе сфати дека ова е наменето за перење пари, јакнење патриотски чувства и за докажување дека ете се вложува во спортот.Јас уште кога го видов иницијаторот и одговорниот за ова сфатив колку е саатот.Прост пример: во соработката со Министерството за Култура ќе распишат тендер за навивачко-патриотски песни, ќе им платат на некои квази-композитори да напишат просто проширени песни кои ќе ги содржат истите елементи како на пример: синови на Александар, напред лавови фалангата е со вас, со срце и душа за Македонија, одиме јако, Македонија до Индија итн. и ќе им исплатат огромни хонорари, се разбира поради напорната работа и големата уметничка вредност на песните.
Ако не ја прогласат "Излези момче" за официјална химна на групава јас еве на!
Бонус,извадок од програмата на МЦКР:
2. Под-проект; „ДЕН НА СПОРТОТ во Република Македонија„;
Еднодневен настан кој го слави масовниот спорт. Денот на спортот ќе се организира во тесна соработка со Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт и сите граѓани на земјата. Во рамките на Денот на спортот ќе се организираат серија на настани а вработените во јавниот и приватниот сектор на своите работни места ќе практикуваат неколку часа различни видови на спорт. По повод овој ден ќе се организираат и серија на културни настани, поврзувајќи го спортот со културата во насока на славање на животот.
Socialism, much?