Патриотизам - вродено чувство, наметната пропаганда или...?

A

AnFem

Гостин
Ако сакаш некого го прифаѓаш со сите мани и доблести исто би важело и во овој случај... како и да е нигде не кажав дека не ги сакам другите народи само кажав дека својот го сакам повеќе од другите колку и да не го бива во нечии други очи, на крај краева ова е мое мислење не терам никој да се согласи со него... сум се родил во овој тим и ќе играм за него зашто сметам дека тоа е морално најисправно. Јасно ми е дека сите сме луѓе и не треба да има поделби ама ете ги постојат, не можам магично да ги отстранам, а би го направил тоа кога би можел.... можам да се сменам себеси и да бидам толерантен кон сите ама не можам истото да го направам за другите.
Не, не, не ги вади работите од контекст и не ми кажувај дали мразиш или сакаш некој, не го спомнав тоа никаде!
Ти кажа
тврдам дека човекот има вроден патриотизам
и затоа ти реплицирав и ти укажав дека јас не го поседувам истиот. Сега очекувам да ми докажеш зошто тоа е така.
Не знам за тебе, но кога јас имам некаков став, тој е оформен поради многу факти и можам да го поткрепам со аргументи. Повели изнеси ги твоите, или откажи се од инатење на темава.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Не, не, не ги вади работите од контекст и не ми кажувај дали мразиш или сакаш некој, не го спомнав тоа никаде!
Ти кажа
и затоа ти реплицирав и ти укажав дека јас не го поседувам истиот. Сега очекувам да ми докажеш зошто тоа е така.
Не знам за тебе, но кога јас имам некаков став, тој е оформен поради многу факти и можам да го поткрепам со аргументи. Повели изнеси ги твоите, или откажи се од инатење на темава.
Пфф инатење... ај твоја победа еве не се инатам повеќе. :)
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Секој човек е патриот ... тоа е нешто вродено ... првенствено секој еден човек е патриот за своето семејство(најблиските) не верувам дека постои човек кој не би скокнал да го брани своето семејство доколку е тоа потребно, секако дека е вродено чувство, исто и одбрана на својата територија т.е. првенствено одбрана на својот сопствен имот, а потоа и одбрана на местото на живеење(маалото), општината, градот и.т.н. и.т.н.
Но патриотизам и национализам се различни работи, секој еден човек е патриот, но не и националист, на пр. моја земја е Македонија но тоа незначи дека сметам дека само Македонци смеат да живеат во нејзе, не, подеднакво ги почитувам сите и мојот народ но и другите етнички заедници, но исто така и тие подеднакво треба да ме почитуваат мене како и мојот народ, не сум: националист, национал-шовинист, расист, верски фанатик кој ги дели луѓето по религии(не сум религиозен) но сепак се сметам за патриот поради она што го имам наведено во првиот дел од овој мој пост !
 
A

AnFem

Гостин
Пфф инатење... ај твоја победа еве не се инатам повеќе. :)
Нема моја или твоја победа. Кажи ми, ако патриотизмот е вродено чувство,зошто јас не се сеќавам дека некогаш сум го имала?
--- надополнето: 22 април 2013 во 22:47 ---
Секој човек е патриот ... тоа е нешто вродено ... првенствено секој еден човек е патриот за своето семејство(најблиските) не верувам дека постои човек кој не би скокнал да го брани своето семејство доколку е тоа потребно, секако дека е вродено чувство, исто и одбрана на својата територија т.е. првенствено одбрана на својот сопствен имот, а потоа и одбрана на местото на живеење(маалото), општината, градот и.т.н. и.т.н.
Каква врска има фамилијата со народот?
Имотот е „твој“ затоа што си вложил во него. Да ги оставиме на страна парите, зборувам за вложување во смисла на градење, креирање итн. Но каква врска има и ова со државата?
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Нема моја или твоја победа. Кажи ми, ако патриотизмот е вродено чувство,зошто јас не се сеќавам дека некогаш сум го имала?
Да не си седмаче родена? :cautious: Научно е докажано дека патриотизмот се вродува некаде 33тата недела од бременоста.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Додаток е на егото, го браниме тоа што го сметаме за наше. На нешто вродено додаваме, врзуваме нешто стекнато и пуффф... патриотизам тако звани национализам.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Ако патриотизмот е вроден, како ги објаснуваш анархистите, индијанците во амазон, номадите во југоисточна азија и слични групи на луѓе кој не се идентификуваат со ниедна држава или територија?
Дали мислиш дека ако одредена личност ја изолираш уште од раѓање, таа ќе има чуство на патриотизам? И ако има кон што ќе биде насочено тоа?
И која е границата што ги раздвојува патриотизмот и национализмот? По што се разликуваат?
И тие што ги спомнуваш Индијанците во Амазонија и тие се патриоти кон своето племе секако, е сега национализам и такви ствари да бараш кај нив мало морген ниту имаат своја нација изградено а уште помалку па држава ... а исто и тие Азиските номади што си ги спомнал и тие се патриоти кон своето племе, е сега немаат ниту нација, ниту пак држава ... б.т.в. модерните нации се создадени пред не така далечно време, некаде 18-19 век, а некои нации и прв пат се признаени или создадени дури во текот на 20 век така да тоа се испомешани работи ... пр. можеби мојот пра-пра-пра дедо и не бил Македонец но јас сум Македонец, можеби и твојот пра-пра-пра дедо бил нешто друго но ти денеска си Македонец, роден си и живееш во МКД, говориш на МК јазик, живееш, се дружиш, работиш со Македонци и.т.н. тоа е твојот идентитет без разлика дали некој твој предок можеби бил но можеби и не бил тоа што си ти денес, ова се однесува за сите !
Нациите на Балканот конкретно, па и пошироко се изградени врз база на религијата претежно(порано религиите биле алфа и омега), како и врз база на јазикот секако, но и јазиците со тек на време биле моделирани, стандардизирани, литераризирани исто и азбуките/писмата ... каша попара ти се овие работи !
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Нема моја или твоја победа. Кажи ми, ако патриотизмот е вродено чувство,зошто јас не се сеќавам дека некогаш сум го имала?
Имам чувство дека сакаш да се расправаш затоа и избегнувам да дебатирам со тебе, не мора се толку лично да сфаќаш или дека некој мора да победи едноставно се е релативно и е до перспектива.... некои од тие перспективи ти ги кажа и PIRATIC членот. Тука сме да разменуваме мислења и ако е возможно да научиме нешто од тие што се разликуваат од нашите.
Освен тоа веќе пишав назад на темава, потребата на човек да се групира е вродена, да припаѓа кон поголемо нешто. Еве ајде ти нека си исклучок од правилото. :)
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Додаток е на егото, го браниме тоа што го сметаме за наше. На нешто вродено додаваме, врзуваме нешто стекнато и пуффф... патриотизам тако звани национализам.
Не бе национализам е кога секое утро стоиш пред огледало си ги мериш бицепсите и си викаш леле колку сум горд на својата раса, религија, нација и држава ... да ми се живи дедо Штефи и Гру.. :pos:
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Не бе национализам е кога секое утро стоиш пред огледало си ги мериш бицепсите и си викаш леле колку сум горд на својата раса, религија, нација и држава ... да ми се живи дедо Штефи и Гру.. :pos:
Добро си објаснив ја ако ти се смееш :) , еве да речеме луѓе кои тврдат дека не се патриоти и немаат такви чувста, тоа е затоа што државата не ја сметаат како своја, како дел од себе, кај нив не се јавува потребата да ја бранат. Тоа ти е исто како на српски патриот да му речеш да оди да ја брани Шпанија, што му е гајле него за Шпанците? Што би ти било гајле на тебе за мојата болка во грбот? Твојот грб да те болеше или грбот на мајкати тогаш ќе ти сметаше? Пак се враќаме до егото и што во моментот е вклучено во него.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Каква врска има фамилијата со народот?
Имотот е „твој“ затоа што си вложил во него. Да ги оставиме на страна парите, зборувам за вложување во смисла на градење, креирање итн. Но каква врска има и ова со државата?
Патриотизам пред се кон своите и своето ... семејството и имотот значи ... е сега државата како држава е сосем друга работа ...
 
A

AnFem

Гостин
Имам чувство дека сакаш да се расправаш затоа и избегнувам да дебатирам со тебе, не мора се толку лично да сфаќаш или дека некој мора да победи едноставно се е релативно и е до перспектива.... некои од тие перспективи ти ги кажа и PIRATIC членот. Тука сме да разменуваме мислења и ако е возможно да научиме нешто од тие што се разликуваат од нашите.
Освен тоа веќе пишав назад на темава, потребата на човек да се групира е вродена, да припаѓа кон поголемо нешто. Еве ајде ти нека си исклучок од правилото. :)
Немам никаква намера за расправија, ниту те навредувам, ниту омаловажувам, туку разговарам.
Кај мене е вродена потребата да припаѓам на природата, не на одредена нација, не на некаква групација на луѓе. И пази, не сум само јас, има голем број на луѓе што го чувствуваат истото. Потребата за припадност на некаква група се појавила со создавањето на поделби и омраза.
Поназад некој напиша фини примери во стилот „Ако човек израсне во дивина, зошто не го поседува вроденото чувство на патриотизам?“
--- надополнето: 22 април 2013 во 23:21 ---
Патриотизам пред се кон своите и своето ... семејството и имотот значи ... е сега државата како држава е сосем друга работа ...
Не мешај поими, ако патриотизам е љубов кон татковината, тука нема место за „семејството и имотот“. Значи зборуваме за патриотизам. Ти тврдиш дека љубовта кон татковината е вродено чувство, така?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
И тие што ги спомнуваш Индијанците во Амазонија и тие се патриоти кон своето племе секако, е сега национализам и такви ствари да бараш кај нив мало морген ниту имаат своја нација изградено а уште помалку па држава ... а исто и тие Азиските номади што си ги спомнал и тие се патриоти кон своето племе, е сега немаат ниту нација, ниту пак држава ... б.т.в. модерните нации се создадени пред не така далечно време, некаде 18-19 век, а некои нации и прв пат се признаени или создадени дури во текот на 20 век така да тоа се испомешани работи ... пр. можеби мојот пра-пра-пра дедо и не бил Македонец но јас сум Македонец, можеби и твојот пра-пра-пра дедо бил нешто друго но ти денеска си Македонец, роден си и живееш во МКД, говориш на МК јазик, живееш, се дружиш, работиш со Македонци и.т.н. тоа е твојот идентитет без разлика дали некој твој предок можеби бил но можеби и не бил тоа што си ти денес, ова се однесува за сите !
Нациите на Балканот конкретно, па и пошироко се изградени врз база на религијата претежно(порано религиите биле алфа и омега), како и врз база на јазикот секако, но и јазиците со тек на време биле моделирани, стандардизирани, литераризирани исто и азбуките/писмата ... каша попара ти се овие работи !
Поентата на мојот пост беше дека патриотизмот не е вродено чуство, туку наметнато, во спротивно би го имале сите луѓе.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Не мешај поими, ако патриотизам е љубов кон татковината, тука нема место за „семејството и имотот“. Значи зборуваме за патриотизам. Ти тврдиш дека љубовта кон татковината е вродено чувство, така?
Секој човек првенствено е патриот кон своите и своето е сега дали истиот е и патриот за својата држава и народ тоа е веќе малку поинакво прашање ... зависи како е интегриран во тоа општество, во тој народ, зависи од односот на државата кон него ... фала богу неможе да се очекува од некој кој е маргинализиран до недоглед да чувствува некаква голема љубов и патриотизам кон својот народ и држава ... исто и дете на пр. кое е отфрлено од своите родители нормално дека нема да ги сака и нема да чувствува љубов кон нив ... па и едно куче ако го сакаш и храниш ќе иде по тебе и ќе те сака и заштитува, во спротивно само ќе те залае и толку ... многу фактори играат тука улога, околу тој патриотизам кон својот народ и држава, па да речеме и дека не е баш вроден, повеќе би рекол дека е вродена љубовта и потребата од заштита на оние најблиските околу тебе, додека пак државата и народот се сосема други работи !
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
па да речеме и дека не е баш вроден, повеќе би рекол дека е вродена љубовта и потребата од заштита на оние најблиските околу тебе, додека пак државата и народот се сосема други работи !
Вродена е љубовта и потребата од заштита на себеси и своите чувства кон другите (дали тоа биле родители, деца, блиски или далечни роднини, држава, куче, маче, iphone 5 итн.)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom